КК „МЛАДОСТ“ НА
ТУРНИР ВО БАРСЕЛОНА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА
На турнирот учество ќе земат екипи од: Шпанија, Франција, Швајцарија, Русија, Турција, Израел, Шведска и Македонија. Натпреварите ќе се играат во спортскиот комплекс „Мар Бела“ во Барселона на четири терени. Првите два дена се натпревари по групи, а на 30 јуни се игра за пласман. Пред поаѓањето тренерот Горјан Стојановски е оптимист: „Годинава ќе учествуваме на навистина силен меѓународен турнир кој што е во програмата на FIBA. Противниците се непознати за нас, но јас како тренер сакам моите играчи да го дадат максимумот на секој натпревар, а останатото ќе зависи од противникот. Се надевам на добар пласман барем во една категорија„
Нема коментара:
Постави коментар