ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИТЕ
ПО МЕЧЕВИТЕ ПЕЛИСТЕР - ТИНЕКС ПРОЛЕТ И ВАРДАР ПРО - МЕТАЛУРГ ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
На редовната
седница на комисијата за спроведување на натпревари
при РФМ донесе одлуки за инцидентите од првенствените натпревари од 10. коло од Супер лигата Вардар - Металург и Пелистер - Тинекс Пролет.
Комисијата му изрече мошне висока казна на битолскиот ракометар Фарук Мамик, суспензија од две години поради предизвикување на инцидент по кој беше прекинат натпреварот Пелистер - Тинекс Промет. Екипата на Пелистер е казнета со 1.000 евра поради лоша организција на посочениот натпревар Пелистер -Тинекс Пролет кој решавање за пласман на четвртото место на табелата кое обезбедуваше и пласман во Челинџ купот. Исто така натпреварот е регистриран со службен резултат од 10:0 во корист на Тинекс Пролет, и таа екипата ќе ја претставува Македонија во ова натпреварување. Комисијата за спроведување на натпревари го казни и тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, по добиениот црвен картон со едногодишна суспензија, а причина за ваквата мерка е дополнителната пријава што ја поднела судиската двојка Ѓоко Колевски - Сашо Кркачев. Ракометарите Филип Миркуловски од Металург и Илија Абутовиќ од Вардар, добија суспензија од по еден меч за црвениот картон. Екипата на Вардар е казнета со 10.000 денари за лошата организација на средбата.

Нема коментара:
Постави коментар