Powered By Blogger

14. 8. 2014.

Ново пролонгирање на стартот на подготовките на РК Пелистер

ПЕЛИСТЕР Е ЕДИНСТВЕНИОТ СУПЕРЛИГАШКИ КЛУБ КОЈ СЕУШТЕ НЕ ГИ ЗАПОЧНАЛ ПОДГОТОВКИТЕ
Иако првично го закажаа стартот на подготовките во пресрет на новата сезона за среда, до таа прозивка не дојде. Првата прозивка на стратегот на РК Пелистер Игор Николовски, е одложена за неопределен период, со оглед на ситуацијата во која што се најде клубот, по оставката на УО, на чело со претседателот. Главниот финансиер на клубот Силјан Мицевски, деновиве е во интензивни преговори со потенцијални нови спонзори на клубот, со кои што треба да ја оформи новата управа, а воедно да го пререгистрира клубот во АД. Најоптимистичките прогнози од клубот говорат дека, подготовките за новата сезона би започнале од идниот понеделник. Пред стартот на подготовките клубот, кој по неколкугодишна пауза го очекува и настап на меѓународна сцена, се очекува да ги исплати и побарувањата на дел од играчите на кои им се должи.

Нема коментара:

Постави коментар