Powered By Blogger

4. 8. 2014.

Наум Љамчевски, нов координатор на школата на ФК Пелистер

КОМПЛЕТИРАНИ ПРОМЕНИТЕ И ВО ФУДБАЛСКАТА ШКОЛА НА ПЕЛИСТЕР
Откако пред повеќе од 10 дена дојде до измени во управувачкиот пакет на клубот, а веднаш потоа и во стручниот штаб каде на местото на Драган Бочевски дојде Марјан Секуловски, од денес ФК Пелистер ги официјализира промените и во фудбалската школа.
Нов координатор е Наум Љамчевски, а во школата покрај Љамчевски тренери ќе бидат уште Спасе Ристевски, Ѓоко Илиоски, Сашо Илиевски и Драган Димитровски. Денес од 17 часот на теренот со вештачка трева „Павел Шатев„ веднаш до градскиот стадиоон под „Тумбе кафе„ ќе се одржи првиот состанок на новата структура во школата и младите фудбалери.  

Нема коментара:

Постави коментар