Денес на официјална
прес-конференција битолскиот прволигаш Пелистер ги претстави новите дресови за
сезоната 2013/14. Спортскиот директор Миле Димов и новиот тренер на екипата
Драган Бочевски говореа пред седмата сила, а сите новајлии позираа со новиот
зелен дрес.
Од оваа година логото на позниот македонски бренд „Пелистерка„ ќе стои на предната страна на дресовите, како и на сите останати делови од опремата на пелистерци. Првиот комплет на дресови останува зелено-бел, а вториот бело-зелен. По потпишувањето на договорот со германската компанија „Јако„ Пелистер една сезона ќе ја носи опремата на овој производител. За прв пат во новите дресови, Пелистер ќе дебитира в недела под Тумбе кафе од 18:00 часот. Вратите на стадионот во Битола ќе бидат отворени од 16:30 часот, а покрај сезонските комплети, билети ќе може да се купат пред почетокот на натпреварот пред стадионот или на пунктови на Широк сокак.

Нема коментара:
Постави коментар