ДЕНОВИВЕ ЌЕ БИДЕ
ПОТПИШАН СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР НА ПОЗНАТАТА БИТОЛСКА КОМПАНИЈА И ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ
Уште по првите две-три недели
видливи се новите „ветришта„ во битолски Пелистер. И не само во играчкиот
кадар, туку и во организационата поставеност и во делот на маркетингот. Долго
годишната желба елитна битолска компанија да биде дел од спонзорскиот тим на
клубот е остварена со потпишувањето на договорот за соработка меѓу познатиот
македонски бренд „Пелистерка„ и познатиот фудбалски клуб.
Деновиве треба договорот да биде промовиран и потпишан, но се е договорено и двете страни ги потврдија деталите од договорот. На комплетната нова опрема на пелистерци ќе стои логото на Пелистер, а и во двете гарнитури на дресови за натпреварите од првенството и Купот, фудбалерите на предната страна на дресот ќе го носат логото на „Пелистерка„ Исто така производите на оваа компанија ќе му бидат достапни на професионалците во клубот. Ова е само почеток од големата идеа за инвестиции во клубот на голем дел од моќните битолските компании, кои ќе го препознаат фудбалскиот клуб како вистинска опција за маркетинг и инвестиција. Пелистер е на добар пат и работите под Тумбе кафе „мирисаат„ на нешто многу сериозно.

Нема коментара:
Постави коментар