ПРЕКИН НА ЦРНАТА СЕРИЈА И БИТНИ БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ МЛАДИОТ ТИМ НА МЕТАЛУРГ
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје.
Делегат: Драган Начевски од Скопје.
Металург 2:
Блажевски (11 одбрани), Петковски, Петрески, Доневски, Реџиќ
2, Шулевски, Стојковски, Бошковски, Димитриоски 8, Стојменов 5, Шилегов 4,
Лембанов, Митревски, Лазаревски 1, Беќаровски, Гошевски
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 6 минути.
Пелистер:
Даниловски, Дрогришки 2, Маџовски 5, Тодоровски, Гинов 1,
Топиќ 2, Илиевски 1, Маркудов, Крстевски, Рајатовски, Чачиќ 11, Ивановски,
Николиќ 2, Вељановски 1, Димитровски , Арсиќ.
Седмерци: 4/5
Исклучувања: 4 минути
Ракометарите на Пелистер ја завршја негативната серија и го
совлада Металург 2 во „Автокоманда“
20:26 (11:13). Во првото полувреме и двете екипи имаа свои минути. Прв
поведе Пелистер со 0:2, возврати Металург со серија од 4:0, а потоа повторно
предност имаше гостинскиот тим. На одмор екипите заминаа при резултат 11:13 за
Пелистер. Металург 2 притисна на почетокот на вториот дел, прв постигна гол и
тој резултат се задржа во следните неколку минути. Во 35 минута од непосредна
близина со топка во глава беше погоден ракометарот на Пелистер, Петар Топиќ,
кој доживеа вистински нокаут и беше пренесен на преглед во болница. Прекинот
траеше добри десетина минути и тоа лошо се одрази врз играта на двете екипи.
Металург помалку се загуби, а искусниот противник ја искористи својата шанса и
брзо создаде разлика која веќе не можеше младиот домашен тим да ја стигне.
Нема коментара:
Постави коментар