Powered By Blogger

2. 7. 2015.

Два битолски „бисера„ поканети во академијата на Милан

НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТИ
Aгенцијата СПОРТ ТАЛЕНТ доби ексклузивна покана за присуство на двата најдобри млади таленти од генерацијата 2003 година за учество на техничка селекција и тренинзи со тренери од фудбалската академија на  Милан во Италија.
Поканата дојде директно од еден од скаутите на клубот и ФИФА агентот Алесандро Паван, кој и беше гостин на кампот претходната година. Имено, Никола Димитровски и Кристијан Тасески, веќе добро познати имиња во нивната генерација на овие простори, ќе бидат нашите горди претставници на оваа селекција од 18 до 26 јули во базата на Милан, која во овој период за овие генерации ќе биде во близина на Верона. Двајцата фудбалери се дел од фудбалската школа Талент. 

Нема коментара:

Постави коментар