Powered By Blogger

30. 6. 2015.

КК Младост одпатува на турнир во Задар

НОВ МЕЃУНАРОДЕН ПРЕДИЗВИК НА КОШАРКАРКИТЕ НА МЛАДОСТ
Кошаркарскиот клуб „Младост“ од 3 до 5 Јули со четири свои екипи ќе учествува на 11 меѓународен турнир „Воштарница Куп 2015“ во градот Задар, Хрватска. Клубот ќе настапи во категориите: момчиња родени 2000/01, момчиња родени 2003/04, девојки родени 1999/2000 и девојки родени 2001/02.
Ова ќе биде четврто учество на битолските надежи на овој реномиран турнир во Хрватска кој шт организатор е КК „Воштарница“, клуб кој редовно учествува на Велигденскиот турнир во Битола. Натпреварите ќе се играат во новата сала „Крешимир Ќосиќ“ во Задар на 3 и 5 јули, а 4 јули е предвиден за пловење по Јадранското Море. Во секоја натпреварувачка категорија ќе има по четири екипи, а ќе се игра по бод-систем (секој со секого). „Повторно ќе учествуваме на овој реномиран турнир кај нашите пријатели во Задар. Конкуренцијата е на завидно ниво, знаејќи дека хрватската кошарка е на доста квалитетно ниво. Имавме мини-подготовки во Битола, одигравме пријателски натпревари со екипата на Птолемаида во Грција и подготвени патуваме на турнирот. Очекувам да се вратиме барем со два пехари„ ни изјави пред поаѓањето тренерот Горјан Стојановски. Експедицијата за Задар поаѓа na 1 Јули, а турата ќе трае 11 дена.

Нема коментара:

Постави коментар