Powered By Blogger

9. 1. 2015.

Главевски потпиша за Силекс

ПО ПЕЛИСТЕР, ШКЕНДИЈА И НАПРЕДОК, БЛАГОЈЧЕ ГЛАВЕВСКИ ЌЕ НАСТАПУВА И ЗА КРАТОВСКИ СИЛЕКС
Откако Пелистер го ослободи од обврските, корпулентиот напаѓач Благојче Главевски брзо пронајде нова средина. Тој ги договори сите детали со изненадувањето на пролетта, кратовски Силекс и веќе од понеделник ќе се приклучи на стартот на подготовките во Пробиштип.
Главевски кој покрај за Пелистер настапуваше и за Шкендија и за Напредок, комплетно се опорави од повредата, но во есенскиот дел беше во сенка на Бошко Ступиќ во неговиот матичен клуб. Тренерот на Силекс, Зоран Штерјовски одлично го познава, а и Гордан Здравков половина сезона работеше со него во периодот кога седеше на клупата на битолчани.

Нема коментара:

Постави коментар