Powered By Blogger

16. 6. 2014.

ФОТО: Маневски претставен на Тајланд

НАЈКОРИСНИОТ ФУДБАЛЕР ВО ДОМАШНАТА ЛИГА СО ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН АНГАЖМАН
Доскорешниот фудбалер на актуелниот освојувач на двојната круна Работнички, Борче Маневски ги мина лекарските прегледи во Тајланд со што и официјално е нов играч на Чаинат.
Маневски поради трансферот во Тајланд го откажа настапот за прволигашката селекција, која ја очекува два пријателски меча со Кина. Тој ќе стане третиот Македонец во првенството во оваа азиска земја. Таму веќе играат Марио Ѓуроvски во Муангтонг јунајтед и Дако Тасевски во Бангкок глас. Маневски е поранешен фудбалер на Пелистер, Победа, Милано и Вардар во Македонија, а играше и за Горник Лешна и Банат. Во трансферот на Маневски на Тајланд посредуваше поранешниот фудбалер на Вардар, Александар Бајевски.

Нема коментара:

Постави коментар