Powered By Blogger

27. 10. 2013.

Финишот ги спаси пелистерци од пораз против Еуромилк

ВТОРО ПОСЛЕДОВАТЕЛНО РЕМИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА ПЕЛИСТЕРЦИ И ПАД НА ТАБЕЛАТА
Прва фудбалска лига - 11 коло
Еуромилк - Пелистер 2:2 (1:0)

Стадион „Борис Трајковски„ -  Скопје. Гледачи: 500
Главен судија: Стојанче Стојанов
Асистенти: Никола Караколев и Сашо Иванов (сите од Штип)
Делегат: Тони Донев (Валандово)
Стрелец: Стојановски во 5 и Јашаровски во 69 минута за Еуромилк, а Анастасов во 74 и Милевски во 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Вељановски, Пандовски, Маџароски, Давчевски (Еуромилк), Елмазовски, Китановски, Стенио Жуниор, Христов (Пелистер)
Црвен картон: нема

Еуромилк:
Маџароски, Вељановски, Стојковски, Костенцовски, Стојановски, Пандовски, Давчевски, Ѓорѓиевски, Брњарчевски, Лескароски, Јашароски (од 80м. Грујовски)

Пелистер:
Пашовски, Елмазовски, Брдаровски, Драгарски, Китановски, Христов, Мојсов (од 66м. Анастасов), Миленковски (од 75м. Милевски), Стенио Жуниор, Алтипармаковски, Воденичаров (од 46м. Љамчевски)

Играч на натпреварот: 
Александар Анастасов (Пелистер)
Почетокот на втората третина од сезоната, пелистерци ја започнаа на теренот „Борис Трајковски„ во Маџри против новиот прволигаш Еуромилк, кој се претстави ослабен без повредените Тодоровски и Мицков. Тренерот на битолчани Бочевски за разлика од мечот со Македонија Ѓ.П. не можеше да смета на Ковачев, а го остави на клупа Анастасов за да го внесе Миленковски. Од првиот прекин во 5 минута Еуромилк поведе. Пандовски изведе слободен удар како скратен корнер, Аце Стојановски натрча на прва статива пред дефанзивците на Пелистер, постави нога и го матира Горан Пашовски. Применот гол остави трага кај гостите, кои имаа долг посед на топка, но без зрели шанси за гол. Во 11 минута Елмазовски со удар од далечина се закани, но биеше преку домашниот гол. Точно на половина од првото полувреме, Ален Јашаровски изби сам пред Пашовски, откако комплетната одбрана на Пелистер лошо ја „прочита„ акцијата, но Пашовски му влезе му шутот и го спаси својот тим. Само минута подоцна битолчани можеа да казнат. Филип Миленковски центрираше од левата страна до главата на Димитар Воденичаров, кој биеше за малку крај левиот дирек на Маџароски. По точно половина час, пак Стојановски имаше убава можност и шутираше од работа на казнениот простор, но неговиот удар заврши над пречката. Во недостиг на идеи, момците на Бочевски се обидуваа со шутеви од дистанца. Елмазовски од слободен удар во 39 и Ѓорѓи Мојсов од преку 30 метри во 42 минута се заканија, но двата шута не ја погодија рамката од домашниот гол. Првиот дел заврши со убавата парада на Пашовски, по пласираниот удар на Јашаровски и голманот на гостите го спречи зголемувањето на водството на Еуромилк. Прескромно прво полувреме на пелистерци во Маџари против мотивираната екипа на Еуромилк. На почетокот на второто полувреме во игра влезе Петар Љамчевски, па нешто подоцна и Александар Анастасов и Пелистер играше видливо подобро. Во 50 минута по двојното пригрување на Љамчевски и Алтипармаковски, младиот напаѓач убаво биеше, но млако и по земја за да го изненади Маџароски. Во 56 минута Љамчевски пласираше од работ на казнениот простор, но голманот на Еуромилк со врвот на прстите ја исфрли топката во корнер. Се чинеше дека одлуката за победникот дојде во 69 минута. Скопјани фатија една контра, по која одбраната на зелените беше разредена и Александар Стојановски центрираше од десната страна, на спротивната подзаборавен беше Ален Јашаровски, кој фати волеј и по втор пат го принуди Пашовски на капитулација. Пелистер се фрли на нападот и по најубавата акција во мечот само 7 минути по вториот примен гол, Анастасов го затвори двојното проигрување со Љамлевски и ефектно ја пласира топката во горниот лев агол на Маџароски. Битолчани играа екстра офанзивно и со влегувањето на Дарко Милевски имаа свои опции и по нафрлените топки. Така во 86 минута Љамчевски центрираше од левата страна, Милевски и голманот на Еуромилк Маџароски заеднички скокнаа по таа топка, гостинскиот фудбалер само малку ја зафати и таа одседна во мрежата на плавите. Фудбалерите и стручниот штаб на Еуромилк жестоко протестираа, барајќи прекршок врз домашниот голман, но Стојанов не ја прекина играта. Во последната 90 минута по акцијата на Анастасов, топката го погоди Стојковски во раката пред очите на главниот судија и неговиот асистент, но штипските судии немаа храброст да покажат на белата точка. Така по четири минути надополнување, Еуромилк и Пелистер ремизираа во меч во кој можеше и двете екипи да победат, но и да загубат. Второ последователно реми на битолчани во главниот град и благ пад на првенствената табела.

Нема коментара:

Постави коментар