НА ЛЕСЕН НАЧИН,
РАКОМЕТАРИТЕ НА КИРЕ ПОПОВСКИ СЛАВЕА ПРОТИВ НОВАЈЛИЈАТА ОХРИД ВО ВТОРОТО КОЛО
ОД ВИП СУПЕРЛИГАТА
Пелистер - Охрид
28:18 (16:9)
По првиот пораз од Тинекс Пролет во главниот град, ракометарите на Пелистер брзо се совзедоа и го совладаа новиот член на елитата Охрид со убедливи 10 разлика. Екипата која ја предводи бившиот ракометар на Пелистер, Андоновски во Битола се претстави со млада екипа и во ниту едн момент не беше рамноправен противник.
Зелените на Кире Поповски започнаа многу агресивно во одбраната и со помош на серија на лесни голови од контра се одлепија. По предноста од 6:2 и 10:4, скршен беше отпорот на Охрид. Дарко Георгиевски со 7 гола беше најефикасен стрелец во победничката екипа. Во наредното трето коло, Пелистер гостува во Штип против тимот на Текстилец и е голем фаворит за освојување на сите бода.
Нема коментара:
Постави коментар