Powered By Blogger

9. 11. 2014.

Кугларите на Хераклеа „скокнаа„ до третото место на табелата

ВТОРА ПОБЕДА НА БИТОЛСКИТЕ КУГЛАРИ ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ 
Викендов се одиграа три натпревари од 4 коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година. На натпревар којшто се одигра во Битола, домашниот тим на Хераклеа со резултат 7:1 ја совлада екипата на Империал тобако. Во кугланата „Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото меѓу  екипите на ГТЦ и Вардар 2014.

Зошто и како Ставрев е одличен во Европа, а смешен во Македонија?

БРЗО ПО ПОРАЗОТ ОД СИЛЕКС И СУДЕЊЕТО НА СТАВРЕВ И ПОМОШНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ФК ПЕЛИСТЕР
Соопштение на бордот на директори на ФК Пелистер

Почитувани

ФК Пелистер веќе во континуитет е жртва на чудниот и до крај сомнителен критерум на делителите на правдата на нашите натпревари во есенскиот дел од шампионатот. Дури и кога се делегирани нашите најдобри судии, постои голем сомнеж околу нивниот квалитет, нивната форма или одлуките кои никој не може да ги објасни или анализира.

Во Битола свирежи за пелистерци и за Ставрев

ПЕЛИСТЕР ВО „ЦРНА ДУПКА„ НА РЕЗУЛТАТИ, А НЕ МУ ОДИ ВО ПРИЛОГ НИТУ КРИТЕРИУМОТ НА ДЕНЕС КАТАСТРОФАЛНИОТ АЛЕКСАНДАР СТАВРЕВ
Ниту по седум недели без постигнат гол, Пелистер не успеа да ја прекине црната серија по домашниот пораз од Силекс со 0:1. Зелените го претрпеа четвртиот домашен пораз и сега мора да погледнат и зад себе, бидејќи ситуацијата на табелата не само што не е розова, туку може да биде и алармантна. Под Тумбе кафе само 300 гледачи, голем дел од нив си заминаа, кога Мариќ го постигна водечкиот гол за Силекс.

Ставрев и Мариќ ја продлабочија кризата на Пелистер

ПО ДОМАШНИОТ ПОРАЗ ОД СИЛЕКС, НА ПЕЛИСТЕР МУ ПРЕОСТАНУВА НОВА ГРЧЕВИТА БОРБА ЗА ОПСТАНОК
Прва фудбалска лига - 15 коло

Пелистер - Силекс 0:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Благоја Петров (Велес)
Стрелци: Мариќ во 85 минута за Силекс
Жолти картони: Крстески, Мирчевски, Ристевски (Пелистер), Дурански (Силекс)
Црвени картони: нема

Со многу доза на среќа, пелистерки славеа против Ѓорче Петров

ВО ДРАМАТА ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ ПЕЛИСТЕРКИ ПО ВТОР ПАТ ГО СОВЛАДАА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ЖРК Пелистер - ЖРК Ѓорче Петров 27:26 (16:13)

Трета победа за ракометарките на ЖРК Пелистер на Борче Марковски во СКОПСКО Суперлигата. Многу потешко од предвиденото, пелистерки едвај го совладаа тимот од Скопје, кого во главниот град го совладаа со 11 разлика. Нервоза ги зафати битолчани и покрај тоа што водеа во текот на сите 60 минути.

8. 11. 2014.

Констанца се враќа со голема победа од дербито во Бакау

ШУНДОВСКИ И АНГЕЛОВСКИ ГО ДОБИЈА ДЕРБИТО ОД 9 КОЛО НА РОМАНСКАТА ЛИГА
Актуелниот првак на Романија, Констанца каде тренер е Звонко Шундивски, а настапува и Бранислав Ангеловски брзо одговори на критиките по домашниот пораз од Тимисоара пред две недели. Во дерби мечот од 9 коло на романската лига, Констанца славеше од тешкото гостување кај Бакау со 22:24 (10:12).

Реми на Мајнц и Мехелен без Новески и Пачовски

НЕРЕШЕНИ ИСХОДИ ЗА ЕКИПИТЕ НА НОВЕСКИ И ПАЧОВСКИ ВО ГЕРМАНИЈА И БЕЛГИЈА
По трет пат во сезоната на Џупилер ПРО лигата на Белгија, екипата на Мехелен, каде настапува Томе Пачовски пропушта победа во последните минути од мечот. Во рамките на 15 коло, Мехелен поведе против Серкл Бриж со голот на Хани во 60 минута, а гостите израмнија преку Кабананга во 83 минута.

Пелистер се разбуди на гостувањето кај Работнички


ВТОРА ГОСТИНСКА ПОБЕДА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВИП СУПЕР-ЛИГАТА
Работнички - Пелистер 25:27

Ракометарите на Пелистер ја забележаа третата победа во сезоната, втора на гостински терен, откако во Скопје го совлада новиот суперлигаш Работнички со 25:29. На дебито на црногорскиот интернационалец Богдан Николиќ, избраниците на Богдан Николиќ одиграа многу зрел натпревар и со предност во поголемиот дел од мечот го совладаа скопскиот тим. 8

Клуж слави во Ботосани, Ивановски не настапи заради картони

КЛУЖ СЕ ОПОРАВИ ПО ПОРАЗОТ ОД БРАШОВ И ОСВОИ ТРИ БОДА НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ БОТОСАНИ И БЕЗ МИРКО ИВАНОВСКИ 
Заради четири жолти картони, македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски не настапи на мечот од 14 коло на романската прва лига против Ботосани на гости.

Брдаровски оваа зима го напушта Пелистер

БИВШИОТ МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПО ВТОР ПАР ЌЕ ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР ОВАА ЗИМА 
По една и пол сезона во дресот на неговиот матичен Пелистер, десниот страничен фудбалер на битолскиот прволигаш, Владица Брдаровски повторно заминува. Со оглед на тоа што не најде заеднички јазик со управата на клубот за продолжување на соработката, Брдаровски може да размислува за својата иднина, иако има договор со пелистерци до крајот на овој шампионат.

Голем триумф на Берое без Спировски во домот на Левски

БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ НАСТАПИ, НО БЕРОЕ ДОЈДЕ ДО ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ТЕРЕНОТ НА ЛЕВСКИ
Со голот на Елијас во 69 минута, фудбалерите на Берое забележаа голема гостинска победа кај Левски во Софија со 1:0 во дербито од 13 коло на Првата бугарска лига. Стефан Спировски не настапи, но екипата на Петер Хубчев освои големи три бода против една од најценетите бугарски екипи на сите времиња.

И без Китановски, голема гостинска победа за Вождовац

СО ГОЛЕМИ ТРИ БОДА ОД КРУШЕВАЦ, ВОЖДОВАЦ И БЕЗ МАКЕДОНЕЦОТ ИЗЛЕЗЕ ОД ОПАСНАТА ЗОНА 
Томе Китановски не настапи заради акумулација на жолти картони, а неговиот Вождовац забележа важна победа на гостувањето кај Напредак во Крушевац со 0:2. Со головите на Џугуриќ во 22 и Скерјанц во 26 минута, екипата од белградското предградие дојде до третата победа во сезоната на Јелен Суперлигата во 12 одиграни кола.

Младост пропушти победа против Еуромилк

И ПОКРАЈ ДОБРИОТ НАСТАП ПО ТЕШКИОТ ТЕРЕН, МЛАДОСТ РЕМИЗИРАШЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ПРОТИВ БИВШИОТ ПРВОЛИГАШ
Фудбалерите на Младост Царев двор пропуштија победа на мечот со Еуромилк на домашен терен, откако само 8 минути ги делеше момците на Стерјов од победа против Еуромилк. Со голот на Антонио Каланоски во 55 минута зелено-белите од Ресен поведоа, но Вилдам Керим израмни во 82 минута.

Ристевски не настапи, ни Савиќ не ја спаси Славија од пораз

ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ НЕ НАСТАПИ, А ЕДЕН БЕШЕ СТРЕЛЕЦ ЗА СЛАВИЈА ВО СОФИСКОТО ДЕРБИ СО ЛОКОМОТИВ 
Битолчанецот Кире Ристевски за прв пат оваа сезона не настапи на меч на Славија заради прекуброен избор на странски фудбалери, а неговиот клуб не успеа да спаси бод во градското дерби со Локомотив. Македонскиот интернационалец Душан Савиќ не успеа да го спаси од пораз својот тим во дуелот против Локомотив Софија.

7. 11. 2014.

Потребна е реакција на пелистерци уште в недела против Силекс

ПОСЛЕДНИОТ ДОМАШЕН МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР ОВАА ЕСЕН Е МОЖНОСТ ДА СЕ ПРЕКИНЕ СЕРИЈАТА НА НЕУСПЕСИ НА ЗЕЛЕНИТЕ
Добрите игра на последните меѓусебни натпревари со Силекс се единствената позитивна вест за пелистерци оваа недела. Барем фудбалерите на Секуловски имаа можност во мир да го подготват овој меч,по серијата на 5-6 меча во интервал од 15 дена. Брдаровски е  надвор од стројот, нема да кандидираат за место во тимот ни Миленковски, Марковски, Степановски и Главевски.

Против Силекс мотивиран дуплиран за победа и излез од кризата

КЛУЧЕН НАТПРЕВАР ЗА ЕСЕНСКИОТ КРАЈ НА ПОЛУСЕЗОНА СТОИ ПРЕД БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
По неколку недели на силен ритам, кој остави последици во битолскиот прволигаш, конечно Марјан Секуловски имаше цела една недела да го подготви наредниот меч, а тој како и останатите два кои му следуваат е од витална важност за битолчани. Извесно е дека на крајот на есента Пелистер нема да ги има истите бодови како минатата сезона, кога скоро и да беше есенски првак.

Стигна сертификатот за Николиќ, в сабота дебитира за Пелистер

КОНЕЧНО ПРВО СТРАНСКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР
Иако пред седум недели пристигна во Битола и тренира со екипата, црногорскиот бек Богдан Николиќ дури од вчера официјално е нов член на Пелистер, откако битолскиот суперлигаш го плати сертификатот и Николиќ има право за настап веќе од в сабота и мечот со Работнички.

6. 11. 2014.

ЕХФ ги делегираше судиите за Челинџ двомечот Дукла - Пелистер

ПОЗНАТИ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЛИЦА ЗА МЕЧЕВИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СО ДУКЛА ПРАГА ВО ЧЕЛИНЏ КУПОТ

Се ближи европското деби на ракометарите на Пелистер во Челинџ Купот. Пред двата меча со чешката екипа Дукла, која ќе влезе како фаворит во двомечот, ЕХФ ги објави официјалните лица за двата меча. Првиот меч во Прага на 23 ноември во необичен термин од 11:00 часот, ќе го водат украинските судии Тараш Куз и Виктор Зоба.

Второ коло по ред Ставрев им суди на пелистерци

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ СУДИЈА ПАК ЌЕ ИМ СУДИ НА ЗЕЛЕНИТЕ
По делењето на правдата на мечот во саботата во Скопје против Работнички, фудбалерите на Пелистер пак ќе играат натпревар кој ќе биде суден од најдобриот македонски судија, Александар Ставрев. Скопјанецот е делегиран за важниот меч со Силекс в недела од 13 часот.

5. 11. 2014.

Мирчевски одличен, надежите подобри од Азербејџан

БИТОЛЧАНЕЦОТ БЛЕСКАШЕ, НАДЕЖИТЕ ГО СОВЛАДАА АЗЕРБЕЈЏАН
Селекцијата на Македонија до 18 години одигра контролен натпревар против репрезентацијата на Азербејџан. На теренот во комплексот „ Куќа на фудбалот" нашата млада репрезентација славеше победа со 2:0. Одличен почеток на нашите фудбалери кои со голот на Петар Петковски уште во првата минута од овој дуел поведоа со 1:0.

Прва победа на Б тимот на Пелистер

СО ГОЛОТ НА ОПОРАВЕНИОТ ИВЕ ТРИФУНОВСКИ, Б ТИМОТ НА ПЕЛИСТЕР ГО ДОБИ МЕТАЛУРГ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Пелистер - Mеталург 1:0 (1:0)

Градски стадион под „Тумбе кафе„. Гледачи: 200

Пелистер:
Ристевски, Бошевски, Ристевски, Магловски, Котески, Велевски, Атанасовски, Таири, Кузманов, Трифуновски, Недановски
Уште играа:
Апостоловски, Тасевски, Шумковски, Горгиевски, Стојановски, Поповски, Темелковски 

4. 11. 2014.

Битолчанецот Трапановски донесе триумф на мак-надежите во Подгорица

ПОБЕДА НА СЕЛЕКЦИЈАТА ПОД 16 ГОДИНИ НА ПРВИОТ ОД ДВАТА ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ ВО ЦРНА ГОРА
Македонската репрезентација до 16 години ја победи Црна Гора со 1:0 на гостински терен во Подгорица на првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции. Христијан Трапановски во 55. минута го постигна голот за победа на нашата репрезентација. Составот предводен од Вујадин Станојковиќ одигра квалитетно, посебно во второто полувреме кога создадовме неколку добри шанси за погодок.

Голем бод за Конкордија, Драгарски без настап

БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ НАСТАПИ, НО КОНКОРДИЈА НОСИ ГОЛЕМ БОД НА ГОСТУВАЊЕ КАЈ ПАНДУРИ
Христијан Драгарски не настапи во мечот на неговата Конкордија на гостувањето кај Пандури во рамките на 13 коло на романскиот фудбалски шампионат.

Приказна за човекот кој има само една маана - тежок е за давање пари!

СТОРИЈА ЗА ЧОВЕКОТ КОЈ ГИ МИНА СИТЕ СТАДИУМИ ВО РК ПЕЛИСТЕР: ОД ДНОТО ДО ВРВОТ И НАЗАД - ГОЦЕ ГРОЗДАНОВСКИ - МОЦАРТО 

Ако некој добро го познава Пелистер и битолскиот ракомет низ годините тоа сигурно е Гоце Гроздановски - Моцарто. Човек кој по 59 години во спортот на крајот на претходната сезона замина во заслужена пензија, иако и натаму е на располагање за помладите на кои им требаат неговите совети. Гроздановски кој денес има 75 години и натаму ги следи сите ракометни новини, сите натпревари на Пелистер и се сеќава на многу детали од минатото. Човекот минал и играчки и организиони денови и години со најдобрите македонски ракометари, бил дел од победнички тимови, но и во последните 8-9 години во период на општа криза на надалеку познатата школа на Пелистер и ракометна Битола.

За Миленковски заврши фудбалската есен

ВТОР ФУДБАЛЕР ОД ПОСЛЕДНАТА ЛИНИЈА ГИ ПРОПУШТА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕЧА ОВАА ЕСЕН НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Поливалентниот фудбалер на Пелистер, Филип Миленковски скапо ја плати обновената повреда на мускулот од левата нога. Имено левиот бек на пелистерци се повреди неколку пати оваа есен, но на мечот со Турново повторно почувствува болка и во финишот на мечот беше заменет.