Powered By Blogger

13. 9. 2014.

Младост го изненади Нови Пазар и Канатларовски

ВТОР ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ПОРАЗ НА НОВИ ПАЗАР ВО СРПСКАТА ЛИГА 
Неочекуван домашен пораз за фудбалерите на Нови Пазар, каде тренер е Драган Канатларовски во рамките на петтото коло од српската Јелен Супер лига. На домашен терен сино-белите загубија од Младост со 1:2 со примени голови во раната фаза на натпреварот.

Мајнц славеше во Берлин и без Новески

ПО ДВЕ КОЛА СО ДВЕ НЕРЕШЕНИ СРЕДБИ, ЕКИПАТА НА ПОВРЕДЕНИОТ НОВЕСКИ СЕ ВРАЌА СО ПОЛН ПЛЕН ОД БЕРЛИН
По репрезентативната пауза фудбалерите на Мајнц 05 му се вратија на победите и покрај неиграњето на капитенот Николче Новески, кој е повреден. На теренот на новиот бундеслигаш Херта, црвените од Мајнц славеа со 1:3.

12. 9. 2014.

Тетекс „наплаќа„ за незаслуженото реми во Кратово

ПАК СО АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОБЛЕМИ, НО СО МНОГУ ЕНТУЗИЈАЗАМ ПЕЛИСТЕРЦИ БРКААТ НОВА ПОБЕДА ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Битолчани се надеваа дека кога ќе се врати шампионатот на Првата лига по двонеделаната пауза, статусот на клубот ќе биде решен и пелистерци ќе може да се концентрираат само на фудбал. Но одолговлекувањата продолжија до таму што фудбалерите побараа времена управа додека продажбата се заврши.

Нов пораз на Конкордија без Драгарски, Мирко Ивановски утре против „својата„ Астра

ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА НА КОНКОРДИЈА, ИВАНОВСКИ СО СЕ ПОГОЛЕМА МИНУТАЖА ВО КЛУЖ
Во првиот натпревар од 7 коло на романскиот фудбалски шампионат, новата екипа на Христијан Драгарски, Конкордија претрпе тежок пораз на гостувањето кај Брашов со 4:1. Уште од стартот домашната екипа се наметна и преку Константинеску во 17 и Григорие во 35 минута од пенал, брзо поведе со 2:0. Константинеску во 49 минута зголеми на 3:0, а Леко во 53 минута и по четврт пат го принуди гостинскиот голман Рамничеану на капитулација.

11. 9. 2014.

Штипски судии против Тетекс в недела

ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИТЕ ЗА СЕДМОТО КОЛО ОД ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА
За прв пат оваа сезона штипска судиска тројка ќе суди натпревар на Пелистер. Стојанов е делегиран за неделниот натпревар со Тетекс, во кој момците на Марјан Секуловски ќе се обидат да им се вратат на победите по ремито со Силекс.

Фудбалерите на Пелистер бараат привремена управа до продажбата

НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ИМ ЗДОДЕАА ВЕЌЕ ПРЕДОЛГИТЕ ВЕТУВАЊА И ИСЧЕКУВАЊА
Минува нова недела, а нема потврда, ниту вонредна седница на советот на општина Битола да се гласа за продажба на ФК Пелистер по пријавените понуди. Пред десетина дена беше одложена расправата по оваа точка, заради пристигнување на нова понуда, која според кулоарите е на ЗИК Пелагонија и Пелистерка.

10. 9. 2014.

Чавор наместо за Пелистер потпиша за унгарскиот Чургу


ПЛАНИРАНОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ПЕЛИСТЕР ГИ „ФАТИ ПАТОТ„ ЗА РОМАНИЈА
Битолски Пелистер кој остана без голем број на свои ракометари полека почна да останува и без најавените засилувања. Неизвесната иднина на клубот го натера младиот Стефан Чавор, кој повеќе не можеше да чека, да си побара нов клуб, па потпиша за унгарскиот Чургу, клуб за кој што потпиша на три сезони.

7. 9. 2014.

К. Ристевски: „Ова се мечеви кои се чекаат цела една кариера„

БИТОЛЧАНЕЦОТ МОТИВИРАН ПРЕД МОЖНИОТ ПОЧЕТОК ОД ПРВАТА МИНУТА ПРОТИВ ШПАНИЈА УТРЕВЕЧЕР
Одбранбениот фудбалер на софиска Славија, Кире Ристевски иако за националниот тим има неколку мечеви за сениорската репрезентација и многу повеќе во младинските, никогаш не играл против толку моќен противник како утрешниот. Ристевски е единствениот фудбалер кој ги одигра сите средби за Славија и во пролетниот дел од минатата и во есенскиот дел од оваа сезона.

Митко Стојковски: „Во соблекувалната тагувавме за ремито со Данска, знаевме дека имаме одлична генерација„

ЈУБИЛЕЈ ОД 20 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ МЕЧ И ПРВИОТ ГОЛ НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Откако минатата година одбележавме две децении од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација и победата во Крањ над Словенија од 4:1, деновиве се навршуваат 20 години од нашиот прв официјален меч. Од гостувањето на изненадувачкиот европски првак од Шведска 1992 година, Данска на Ричард Мелер Нилсен, од советите на Дончо, првиот гол кој ќе остане запишан во историјата дело на Митко Стојковски, црвениот картон на Дарко Панчев, ремито против фаворитот.

6. 9. 2014.

Кирче Ристевски потпиша за Ригас Фераиос во грчката трета лига

МЛАДИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ РИСТЕВСКИ ПОТПИША ЗА ГРЧКИ ТРЕТОЛИГАШ
Младиот  лев бек 21 годишниот Кирче Ристевски, кој пред извесно време беше повикан на проба во српскиот суперлигаш Нови Пазар, кај добро познатиот македонски тренер Драган Канатларовски, кариерата ќе ја продолжи во грчата трета лига во екипата на Ригас Фераиос. Иако се очекуваше да стави потпис со грчиот второлигаш Закинтос, Ристевски не успеа да ги договори потребните услови со клубот кој го води Даниел Торибио Акињо.

Пачовски: „Да ги подржиме младите репрезентативци„

БИТОЛЧАНЕЦОТ НА ГОЛОТ НА НАЦИОНАЛНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, КАКО НАЈИСКУСЕН ИМ ДАВА ПОДРШКА НА НАШАТА ПОДМЛАДЕНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски се подготвува за својот 38 натпреварот во дресот со државниот грб и е еден од ретките кои настапија и на последното соочување меѓу овие две репрезентации во август 2010 година, кога како актуелен светски првак „црвената фурија„ на Дел Боске гостуваше во Скопје.

5. 9. 2014.

Aнгеловски: „Никогаш не размислував да ја напуштам Констанца“

РЕШЕНА КРИЗАТА ВО КОНСТАНЦА И ДВАЈЦАТА МАКЕДОНЦИ ОСТАНУВААТ ВО КЛУБОТ
Констанца доби финансиска инјекција и се крена некако на нозе по кризата која ја зафати, а со неа останаа и нашите Бранко Ангеловски и Звонко Шундовски. Ги преживеаја премрежјата и решија да ги продолжат кариерите во романскиот шампион, иако беа поврзувани со трансфери во други екипи.

Мирко Ивановски го „начна„ Шахтар за првенец во дресот на Клуж

БИТОЛЧАНЕЦОТ СТРЕЛЕЦ НА ПРВИОТ ГОЛ ВО РЕМИТО НА НЕГОВИОТ КЛУЖ СО ПРВАКОТ НА УКРАИНА, ШАХТАР
Македонскиот напаѓач, битолчанецот Мирко Ивановски го постигна својот дебитантски погодок за романскиот клуб Клуж откако погоди во ремито против Шахтар од Доњецк (3:3).

Пелистер ги наплаќа сметките од минатата година во Купот

ОСМИНАФИНАЛНАТА ЖДРЕПКА ДОНЕСЕ ДВА ГОЛЕМИ ДУЕЛИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Пелистер го доби скопски Работнички кој го брани трофејот како противник во осминафиналето на Купот на Македонија, како исход на денешната ждрепка во Скопје. Овие две екипи играа и минатата сезона и тоа во четвртфиналето и Работнички со вкупни 2:1 го елиминира битолскиот клуб.

4. 9. 2014.

Голем турнир за млади категории овој викенд во битолско

ШКОЛАТА ЗА ФУДБАЛ ЛГ БИТОЛА И ОВАА ГОДИНА ОРГАНИЗИРА ПРЕСТИЖЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ЗА НАДЕЖИ
Третиот по ред традиционален меѓународен фудбалски турнир за деца родени  2001, 2002, 2003, 2004 и 2005 година ќе се одржи на терените во Новаци и Логоварди на 06 и 07 септември 2014 година под покровителство на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски а по повод Денот на независноста на нашата држава. На турнирот ќе учествуваат екипи од Македонија, Хрватска, Грција и Србија.

3. 9. 2014.

Мустафов дебитански повикан во младата репрезентација

ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР
Селекторот на младата селекција, Вујадин Станојковиќ, денес одреди уште двајца фудбалери кои ќе се приклучат на првичниот список на репрезентативци и ќе конкурираат за настап на квалификацискиот меч против Израел, што на 9 септември ќе се одигра во Ларнака.

Денови на пинг-понгот во Битола

ПОЧНУВА ВТОРАТА СЕЗОНА НА МУЛТИТЕКС ВО ОБИД ДА СЕ ОСТВАРИ ПРОМОЦИЈА ВО ПОВИСОК РАНГ
На 21 септември во Битола ќе се одржи турнир во пинг- понг во организација на ППК Мултитекс ТБТ, под покровителство на Болницата “Плодност“. За победниците на турнирот се обезбедени вредни парични награди. ППК Мултитекс во јуни организираше турнир на кој главна звезда беше балканскиот првак до 21 година и репрезентативец на Црна Гора, Ирфан Чекиќ кој убедливо го освои турнирот-велат организаторите.

2. 9. 2014.

Панчевски државен шампион, Влатко Богдановски трет

МИНАТОГОДИШНИОТ ПОБЕДНИК, БИТОЛЧАНЕЦОТ БОГДАНОВСКИ ОВАА ГОДИНА ТРЕТ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ
Скопскиот интернационален мајстор и репрезентативец Филип Панчевски (рејтинг 2.464, 2 рангиран) е новиот првак на Македонија во шах, трет пат во неговата кариера, по 2010 и 2012 година. Тој триумфира на Отвореното првенство на Македонија, кое денеска заврши во Струга во конкуренција на 44 шахисти (4 ВМ, 4 ИМ, 4 ФМ, 1 ЖФМ) од три држави (Македонија, Србија и Бугарија), освојувајќи седум поени од девет можни (пет победи и четири ремија), со играчки перформанс од 2.536 поени и освојувајќи нови девет рејтинг-поени.

ЗИК Пелагонија и Пелистерка деновиве го купуваат Пелистер

ОВАА НЕДЕЛА СЕ ОЧЕКУВА РАСПЛЕТ ОКОЛУ ПРОДАЖБАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Иако претходните продажни сесии потврдија дека никогаш не е готово додека не се потпише договорот и истиот биде ратификуван од советот на општина Битола, полека се назира крајот на сагата околу ФК Пелистер.

Кикбоксерите на „Самурај„ ги собраа медалите и ја наполнија репрезентација

КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА И ОВАА НА ДРЖАВНИОТ КИК-БОКС ШАМПИОНАТ ДОМИНИРАА БИТОЛСКИТЕ „САМУРАИ„
Во саботата во спортската сала „Гемиџии“ во Велес во организација на Кикбоксинг Федерацијата на Македонија се оддржа изборното државно првенство во кикбокс, на кое учество зедоа најдобрите кикбоксери од Кикбокс клубот „Самурај“ од Битола, при што сите покажаа гладијаторски борби и сите станаа државни прваци и сите освоија златни медали, обезбедувајќи си место во репрезентацијата која ќе патува на Европско првенство во Шпанија.

1. 9. 2014.

И повреден Илиоски донесе второ место од Самоков

НОВ ПИЕДЕСТАЛ И БОДОВИ ВО ИСТОЧНО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ЗА ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ
Минатиот викенд на патеката Самоков во Бугарија се возеше трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, од која нашиот Христијан Илиоски - Кико се врати со пехарот за освоеното второ место.

Ивановски доби половина час, Клуж реди само победи

БИТОЛЧАНЕЦ ГО НАОЃА СВОЕТО МЕСТО ВО НОВИОТ КЛУБ ВО РОМАНИЈА И ПОЛЕКА ЈА ЗГОЛЕМУВА МИНУТАЖАТА
Македонскиот интернационалец во Романија, Мирко Ивановски настапи од 59 минута во втората последователна победа на Клуж со него во тимот.

Пелистерки стартуваат во Ѓорче

ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА ЖЕНСКА СУПЕР ЛИГА
Новата сезона во женската ракометна Супер лига во Македонија ќе почне на 27 и на 28 септември.

Скршеница на клучната коска на три места за Марковски

ГОЛЕМ ПЕХ, СЕРИОЗНА ПОВРЕДА И ЗАВРШЕНА СЕЗОНА ЗА НАПАЃАЧОТ НА ПЕЛИСТЕР
Стрелецот на единствениот гол за Пелистер во Кратово, Благојче Марковски се здоби со тешка повреда, ја скрши клучната коска на три места и веднаш уште синоќа беше префрлен во Скопје, каде што ќе му се изврши оперативен зафат.

Секуловски: „Силекс заборави на фер-плејот„

ДВАЈЦАТА БИТОЛЧАНИ СО ИЗМЕШАНИ ЧУВСТВА ПО КРАТОВСКОТО ПОЛЕМИЧНО РЕМИ
Горчина по загубените два бода и посебно заради начинот на кој Силекс кој заобиколи фер-плејот на мечот со Пелистер е и натаму главна тема ден по мечот.