Powered By Blogger

30. 11. 2013.

Втор пат совладано Единство, време е за градско дерби

И ВО ПРВЕНСТВОТО И ВО КУПОТ „КОНЗУЛКИТЕ„ ПОДОБРИ ОД ЕДИНСТВО
За само четири дена екипата на ЖФК Конзули по втор пат ја совлада екипата на ЖФК Единство Скопје и тоа идентично со по пет гола во противничката мрежа. На тешкиот и снежен терен во Новаци, конзулките го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа есен и со 5:0 заслужено славеа пласман во полуфиналето на Купот на Македонија, каде ги очекува двобој со екипата Победа од Прилеп. 

Девојчињата од Младост стартуваа со три победи

СПОРЕД ПЛАНОТ, ОДЛИЧЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА НА СУПЕР ТАЛЕНТИРАНИТЕ ДЕВОЈКИ ОД КК МЛАДОСТ
Нов блесок на најдобро организираната кошаркарска школа во Битола. Кошаркарките на КК Младост-девојчиња родени 1998/99 г., годинашнава сезона ја започнаа со три убедливи победи. Во системот на натпреварување на МКФ во младинските лиги, во првите три натпревари, убедливо со 15-20 поени разлика ги совладаа екипите на Пробаскет од Пробиштип, Кавадарци и Кросиг од Скопје.

29. 11. 2013.

Стенио Жуниор прв пат виде снег и настина

БРАЗИЛСКИОТ НАПАЃАЧ ВО МОМЕНТИТЕ НА НАЈДОБРА ФОРМА, „ПОРАЗЕН„ ОД СНЕГОТ И НАСТИНКАТА
Откако во фебруари оваа година од бразилсккиот град распнат на океанот, Форталеза дојде во Европа, Стенио Маркос де Фонсека Салазар, за прв пат се соочи и со ниски температури, студ и снег. Во бугарскиот Литекс одигра 6 средби во три месеци и со „меката„ зима во првите месеци оваа година добро мина.

Потврда или прекинување на серијата на зелените во Тетово?


ПО ЧЕТИРИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОБЕДИ, ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ ШКЕНДИЈА БРКА РЕКОРД И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВРВОТ
Во период на еуфорија за добрите резултати и лидерското место на табелата, Пелистер се насочува кон последната недела од есенската полусезона, во која има три силни теста на зрелоста на младата екипа на Драган Бочевски.

28. 11. 2013.

Пелистер се надмина себеси оваа есен

ТИМОТ ВО МОДА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ГИ НАДМИНА И НАЈГОЛЕМИТЕ ОПТИМИСТИ ОВАА ПОЛУСЕЗОНА
На само две кола до крајот на фудбалската есен и точно на половина од целата сезона, Пелистер може дефинитивно да се окарактеризира како најпријатното изненадување во сезоната. Не само заради скокот од екипа која преку бараж обезбеди опстанок, до ко-лидер на табелата, туку и заради начинот на кој стигна до врвот.

27. 11. 2013.

Воденичаров поумешен од снегот и од Гостивар

ГОЛОТ НА РЕЗЕРВИСТОТ ВОДЕНИЧАРОВ, ГО ЗАДРЖА ПЕЛИСТЕР НА ВРВОТ НА ПРВЕНСТВЕНАТА ТАБЕЛА
Прва фудбалска лига - 17 коло
Пелистер - Гостивар 1:0 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 400
Главен судија: Симеон Стефков
Асистенти: Тони Стојановски и Џенан Хајдари (сите од Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелец: Воденичаров во 77 минута за Пелистер
Жолти картони: Брдаровски, Алтипармаковски (Пелистер), Хоџиќ, Ибраими, Лога (Гостивар)
Црвени картони: нема

26. 11. 2013.

Стефков за прв пат сезонава ќе му суди на Пелистер

МЛАД СКОПСКИ СУДИЈА, ДЕЛЕГИРАН ЗА МЕЧОТ ОД ВОНРЕДНОТО КОЛО ПОМЕЃУ ПЕЛИСТЕР И ГОСТИВАР
Младиот скопски судија Симеон Стефков за прв пат во овој шампионат е делегиран да ја дели правдата на меч на Пелистер. Зелените на мечот со Гостиват под Тумбе кафе, ќе се борат за првенствени бодови во вонредното коло со арбитража на делители на правдата од главниот град.

Мечот со Гостивар како меч-топка за пелистерци


САМО СО ПРИСТАП И ДИСЦИПЛИНА КАКО ВО ТУРНОВО И АВТОКОМАНДА, ПЕЛИСТЕР МОЖЕ ДА СЕ РАДУВА И ПРОТИВ ГОСТИВАР
Вонредното 17 коло е идеална шанса битолски Пелистер да го продолжи континуитетот на победи, откако три кола слави и се искачи на делба на првото место на табелата. Но во текот на сезоната и во минатите се покажа дека зелените имаат сериозни проблеми кога играат со екипи од таканаречениот долен дом, па бордот на директори и пред се стручниот штаб максимално сериозно му приоѓаат на мечот со Гостивар.

25. 11. 2013.

Нов еуфоричен бран во „зелената„ Битола

ПОБЕДАТА НАД МЕТАЛУРГ ОТВОРА НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ПЛАНОВИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОВАА СЕЗОНА
Како се доближува крајот на полусезоната, Пелистер влегува во се подобра форма и веќе го направи тоа што на никого не му успеа оваа есен. Ги совлада Хоризонт Турново и Металург и тоа во гости и пак се приклучи во водечката група, откако пред четири недели падна на делба на седмото и осмото место.

24. 11. 2013.

На Металург му се случи Стенио Жуниор

ПО ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ПЕЛИСТЕР СЛАВИ ВО АВТОКОМАНДА И ПО ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕСЕЦИ СЕ ВРАЌА НА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА 
Прва фудбалска лига - 16 - коло
Металург - Пелистер 2:4 (1:2)

Стадион во Автокоманда - Скопје. Гледачи: 100
Главен судија: Марјан Ецкоски
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Ацо Мацески (Струга)
Делегат: Илија Митров (Штип)
Стрелци: Пеев во 26 и Крстев во 48 минута за Металург, Стенио Жуниор во 7,26 минута од пенал, 65 и 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Додевски, Пеев (Металург), Миленковски, Китановски, Ковачев (Пелистер)
Црвени картони: нема

Блесок на Илиевски на новата патека во Лагово

БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН БЛЕСКАШЕ НА ПРВАТА МОТОКРОС ТРКА НА ПАТЕКАТА КРАЈ ПРИЛЕП
На промоцијата на новата патека за мотокрос натпревари во Прилеп, кај Лагово, учествуваа и битолските мотокросисти, кои во полна сила се појавија на поканата на нивните нови колеги. Христијан Илиевски од Мотоклубот Пелистер беше најдобар во класата на МХ1, а додека од ЛТД во МХ2 Никола Гулевски беше четврт, а Мими Бајовски во истата класа беше петтопласиран. Во МХ3 настапија од ЛТД Мирче Ќорнаков кој го освои второто место и Борче Костов кој го освои третото место, а без пласман останаа браќата Денко и Андријан Минчевски

Охриѓани до реми во драматичен финиш

ИАКО НА КРАЈОТ МОЖЕШЕ ДА ИЗЛЕЗЕ СЕКОЈ МОЖЕН РЕЗУЛТАТ, ОХРИД И ПЕЛИСТЕР РЕМИЗИРАА ВО САЛАТА „БИЉАНИНИ ИЗВОРИ„ 
Охрид - Пелистер 22:22 (11:10)

Охрид:
Пецаков (2 одбрани), Китевски, Костески (11 одбрани), Анѓелкоски, Томоски, Андоновски 1, Б. Белевски 1, Мирков, Николовски, Трифуноски 4, Тасески, Поп-Стефанија 3, Соколов 3, Крстески, В. Белевски 3, Димитриоски 7

Пелистер:
Нкуингуа (12 одбрани), Талевски, Игнов, Дрогришки 5, Блажевски 4, Димитриовски 3, Босеовски 1, Рајатовски, Вешовски 5, Димитриески 2, Стефаноски, Нечков, Митревски, Чурлески 2, Божиновски, Печенковски

22. 11. 2013.

Ецкоски ја доби довербата на ФФМ за неделното дерби


ИСКУСЕН СУДИЈА ОД ОХРИД Е ДЕЛЕГИРАН ЗАНАЈВОЗБУДЛИВИОТ НАТПРЕВАР ОД 16 КОЛО
Охридскиот судија Марјан Ецкоски ќе ја дели правдата на дербито од 16 коло на Првата фудбалска лига помеѓу Металург и Пелистер. Делегиран е судија со кого Пелистер нема пораз оваа сезона и да се надеваме дека таков ќе биде билансот и по неделниот меч во Автокоманда.

Битолските зелени ветуваат борба и позитива во Автокоманда

ДЕРБИ ВО АВТОКОМАНДА ВО КОЕ СЕ ОСВЕН ПОРАЗ ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ БИДЕ ЗЛАТО ВРЕДЕН РЕЗУЛТАТ
Паузата од две недели добро им дојде на пелистерци да ги „наполнат акумулаторите„ за последните пет официјални натпревари во 2013 година, од кои директно ќе зависи дали ќе имаат солидна или многу успешна полусезона. Избраниците на Драган Бочевски одиграа контролен натпревар со Новаци како подготовка за гостувањето кај Металург и тест за повредените Ковачев и Ристевски.

21. 11. 2013.

Калањ од Пелистер замина во Лирија

СРЕД СЕЗОНА, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ОД СВОИТЕ НАЈДОБРИ КОШАРКАРИ
Поразот од Работнички, меч во кој центрите на Лирија беа целосно надиграни од страна на Душан Кнежевиќ, беше причина раководството на овој клуб да ангажира нов висок кошаркар како засилување за преостанатиот дел од сезоната. Така, екипата на Марјан Илиевски ги засили своите редови со Александар Калањ, српскиот интернационалец што во досегашниот тек од сезоната го носеше дресот на Пелистер.

Прва радост за пелистерци во осмиот меч

ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ОСМОТО КОЛО, ПЕЛИСТЕР КОНЕЧНО СЕ ИЗРАДУВА НА ПРВАТА ПОБЕДА ОД МАЈ ОВАА ГОДИНА
Maкедонија младинци - Пелистер 62:71 (14:23, 17:16, 19:14, 12:18)

Во интересен натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси да стигнат до победата, Пелистер Спорт беше поуспешен од селекцијата на млади кошаркари, победувајќи со 71:62. Со овој натпревар се отвори осмото прволигашко коло, а останатите натпревари се играат во петок и сабота.

20. 11. 2013.

Дали Европа и натаму е водечкиот фудбалски континент?

ПОЛЕКА СЕ НАЗИРА ХОРИЗОНТОТ КОН БРАЗИЛ, НО КОЈ КОНТИНЕНТ Е ФАВОРИТ ЗА ЗЛАТНАТА БОГИНКА НА 204 ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА МУНДИЈАЛОТ?
Вечната битка меѓу Европа и Јужна Америка е лајтмотив на фудбалските љубители скоро цел еден век. Голема изедначеност ќе пронајдат статистичарите скоро во сите клучни споредби меѓу двата најфудбалски континенти. 10-9 за Европа во освоени светски првенства и 27-26 за Јужна Америка во светски клубски титули, јасно ја покажуваат израмнетоста во најважните соочувања на континентот на талентот и забавата и на овој нашиот многу помодерен, избалансиран, тактички позрел.

19. 11. 2013.

Мултитекс презими како второпласиран во Втората лига

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ, МАШКИОТ ПИНГ-ПОНГАРСКИ КЛУБ ДОЖИВУВА РЕНЕСАНСА ВО НАШИОТ ГРАД
Битолскиот пинг-понгарски клуб „Мултитекс„ ја заврши есенската полусезона во Втората пинг-понгарска лига на високото второ место од шест екипи. Така по возобнувањето најави подобри денови за овој спорт кој има голема традиција во нашиот град. Тимот на Мултитекс во првите 5 кола забележа 4 победи и 1 пораз и зад скопски Вардар Сити парк го освои второто место, пред пролетните пет кола. Одличен резултат забележа и младиот Христијан Јовановски, кој го освои 4 место од 59 пинг-понгари на државното првенство за средни училишта. Одличен нов почеток и голем организационен прогрес на овој клуб, кој се наоѓа на добар пат за враќање во најсилното друштво. 

Тренерска рокада во Пелистер


НЕОЧЕКУВАНА ТРЕНЕРСКА ЗАМЕНА ВО БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СУПЕРЛИГАШ
По доаѓањето на новиот управен одбор, кој деновиве треба и официјално на прес-конференција да го претстави планот за работа, донесена е првата одговорна функција во новиот Пелистер. Следеше тренерска рокада, која носи мали, но така големи промени во стручниот штаб.

18. 11. 2013.

Ристевски на терен по 172 дена од повредата

ВРАЌАЊЕТО НА КАПИТЕНОТ, НАЈПОЗИТИВНАТА ВЕСТ ОД ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ СО НОВАЦИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Од 29 мај и тешката повреда на ахиловата тетива во Тетово, капитенот на Пелистер Диме Ристевски мина тешка голгота низ операцијата во Скопје, периодот на рекуперација и враќањето на фудбалските терени.

17. 11. 2013.

Јанковска влезе во финалниот дел на светското првенство

МЕЃУ СЕДУМТЕ МАКЕДОНСКИ ФИНАЛИСТИ ВО АНТАЛИЈА, И БИТОЛЧАНКАТА ЈАНКОВСКА ВЛЕЗЕ ВО ЕЛИТАТА
 На вториот дел од Светското првенство кое се одржува во Анталија, Турција, на 30 ноември, од вкупно пријавени 131 кик-боксери , после третата селекција ќе учествуваат само седум. Еден од седумте натпреварувачи кои ќе ја претставуваат Македонија е и репрезентативецот и тренер на КБК Заншин од Битола, Стевка Јанковска

Победата за гостите, по подобриот втор дел

ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ЛИГА, ДОМАШНИОТ КОНЗУЛИ НЕМАШЕ ШАНСИ ЗА ПОДВИГ
ЖФК Конзули - Младост Оризари 1:3 (1:1)

Во тврд и неизвесен натпревар до самиот крај екипата на Младост Оризари издвојува победа. Први во водство дојдоа „конзулките со голот на Мартина Боглева. Гостите брзо израмнија од слободен удар, па така остана до крајот на првото полувреме.

Реванш против Тинекс Пролет за поразот во септември во Скопје

ВО ВТОРИОТ ДЕЛ, ПЕЛИСТЕР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА ЖИЛАВИОТ ТИМ НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Пелистер - Тинекс Пролет 28:25 (12:12)

Ракометарите на Пелистер се вратија во победнички ритам и со две победи на домашен паркет ја поправија состојбата на табелата на само три меча до крајот на есенскиот дел од ВИП Суперлигата.

16. 11. 2013.

Овој пат минимален, но пак пораз за КК Пелистер

ИАКО ТРИ ЧЕТВРТИНИ БЕА РАМНОПРАВНИ, ЗЕЛЕНИТЕ ГО „ПОЛОЖИЈА ОРУЖЈЕТО„ ВО КАВАДАРЦИ
Фени Индустри - Пелистер 94:88 (21:14, 19:18, 26:27, 28:29)

Како и на претходните неколку мечеви, лошиот влез во натпреварот пак кошаркарите на Пелистер ги чинеше пораз. Во Кавадарци Фени индустри на домашен терен славеше над Пелистер со 94:88.

12. 11. 2013.

„Конзулките„ поразени и оштетени во Велес


НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ ВО КОЈ „ПРСТИ ВМЕШАА„ И СУДИИТЕ НА ФУДБАЛЕРКИТЕ НА КОНЗУЛИ ВО ВЕЛЕС
Женската екипа на Конзули претрпе минимален пораз на гостувањето во Велес од Борец со 2:1. Но тренерот на битолчанки имаше големи примедби на делењето на правдата „Иако екипата на ЖФК Конзули доминираше во текот на целиот натпревар главниот судија го режираше овој натпревар и не ни дозволи ЖФК Конзули да ги освои бодовите по два недосудени пенали и еден поништен гол.