26. 9. 2015.
25. 9. 2015.
Четворица битолчани во списокот на Друловиќ
ПРЕД МЕЧЕВИТЕ СО УКРАИНА И БЕЛОРУСИЈА, СЕЛЕКТОРОТ ДРУЛОВИЌ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ, повика 22 играчи за двете последни квалификациски средби кои Македонија ќе ги одигра против Украина и Белорусија. Македонската репрезентација, која во Ц групата, се наоѓа на последното место со три бода, на 9 октомври ќе ја пречека Украина, а три дена потоа ќе гостува Белорусија. На списокот кој Друловиќ го објави во петокот има само едно ново име, тоа е голманот на шведски Норчепинг Давид Митов Нилсон. Исто така по подолго време во националниот тим се враќаат Иван Тричковски од Легија Варшава и фубалерот на Шкендија, Арменд Алими.

Конкретни предлози од „Чкембарите“ за излез од битолската спортска криза
ОДРЖАНА ТРИБИНА НА КОЈА СЕ ДИСКУТИРАШЕ ОКОЛУ ИДНИНАТА НА БИТОЛСКИОТ СПОРТ
23. 9. 2015.
„Чкембарите“ им парираа на ветераните на Пелистер
РЕВИЈА ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ - НАВИВАЧКА ГРУПА ЧКЕМБАРИ
Како прва
манифестација по повод 30 годишнината од постоењето на навивачката група
„Чкембари“ членови на навивачите одиграа футсал меч со ветераните на Пелистер.
Мечот го следеа 1000 гледачи, а на крајот заврши мирољубиво 2:2 (1:1).
21. 9. 2015.
„Чкембарите„ слават 30 години постоење
НА ОФИЦИЈАЛНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТСТАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЈУБИЛЕЈОТ НА „ЧКЕМБАРИТЕ„
На денешната
прес-конференцијата најстарата навивачка група во Македонија, битолските
„Чкембари„ ја објавија програмата во неделата во која одбележуваат 30 години од
своето постоење. Во периодот на општа криза на битолскиот спорт, најсветла
точка останува приврзаноста на армијата навивачи на клубовите кои го носат
името Пелистер.
19. 9. 2015.
Старт со пораз и лоши вибрации на Пелистер во пелагониското дерби
КАКО И НА ТУРНИРОТ ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИ, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ВО ПРИЛЕП
Прилеп - Пелистер 26.21 (9:9)
Во пелагониското дерби од новата Супер лига, Пелистер и покрај повисоките амбиции и буџет,
загуби во Прилеп со 26:21 (9:9) Почетокот на натпреварот им припадна на
ракометарите од Битола, кои по првите 6-7 минути имаа +3. Сепак домаќините во
централниот дел од првото полувреме го изедначија резултатот на 6:6, а и прв пат
поведоа во 28 минута (9:8).
Нов гол на Главевски, ново реми на Пелистер
ПРОДОЛЖУВА НЕПОРАЗЕНОСТА НА БИТОЛЧАНИ, НО И ТЕШКОТИИТЕ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПОБЕДА ВО ВТОРАТА ЛИГА
Втора фудбалска лига - 5- коло
Еуромилк -
Пелистер 1:1 (1:1)
Стадион во Горно
Лисиче - Скопје. Гледачи: 300
Главен судија:
Стојанче Стојанов (Штип)
Асистенти: Саше
Иванов (Штип) и Дарко Тодоров (Свети НИколе)
Делегат: Ацо
Алексоски (Долнени)
Стрелци:
Јашаровски од пенал во 44 минута за Еуромилк, а Главевски во 22 минута за
Пелистер
Жолти картони:
Алији, Давчевски (Еуромилк), Недановски (Пелистер)
Црвени картони: нема
17. 9. 2015.
Чачиќ задоволи, Левов ќе потпише идната недела
ВЕТЕРАНОТ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ НОВИОТ ПЕЛИСТЕР, ЛЕВОВ ЌЕ БИДЕ ПОСЛЕДНИОТ НОВАЈЛИЈА
Искусниот 39 годишен ракометар од Б и Х, Младен Чачиќ
потпиша договор на една сезона со битолски Пелистер, откако задоволи на
дводневната проба. Тој доаѓа од словачки Спорта Хлоховец, каде минатата сезона
одиграл неколку месеци пред да замине од клубот.
16. 9. 2015.
Канатларовски на клупата на мостарски Вележ
НЕ МУ ТРЕБАШЕ ДОЛГО НА БИТОЛСКИОТ ТРЕНЕР ДА ПРОНАЈДЕ НОВ АНГАЖМАН
Битолчанецот Драган Канатларовски е нов тренер на босанскиот прволигаш Вележ од Мостар. Македонскиот тренер последниот ангажман го имаше во српскиот состав на Нови Пазар. Претходно работеше и во Спартак Суботица, Локомотив Пловдив, Вардар, Победа, Беласица, а во два наврати беше селектор на најдобарата македонската фудбалска репрезентација.

15. 9. 2015.
Ветеранот Чачиќ е завршно решение за проблемите на Пелистер
НОВ ПРЕСВРТ ОКОЛУ ПОСЛЕДНОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР ОВА ЛЕТО
39 годишниот интернационалец од Б и Х, Младен Чачиќ најверојатно ќе биде последното летно засилување на битолскиот Пелистер. Откако Марио Граб не задоволи, а се изјаловија преговорите и со Милан Левов, од денес во Битола е босанскиот интернационалец, Чачиќ.

12. 9. 2015.
Главевски конечно ги израдува битолчани
ПРВА РАДОСТ ВО НОВАТА СЕЗОНА ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Пелистер -
Љубанци 3:1 (1:1)
Градски стадион
„Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 1000
Главен судија:
Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Ѓорѓи
Карајанов (Гевгелија) и Кире Ангеловски (Струмица)
Делегат: Штерјо
Ѓорѓиев (Свети Николе)
Стрелец: Ацески
во 8 и Главевски во 54 и 56 минута за Пелистер, а Ти. Фидановски во 40 минута
за Љубанци
Жолти картони: Петковски,
Лавуровски (Пелистер), Серафимовски (Љубанци)
Црвени картони:
нема
Левов пред потпис со Пелистер
ПЕЛИСТЕР ПО БОСАНЕЦОТ ГРАБ, ПРОНАЈДЕ ДЕСЕН БЕК ВО БИВШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ
Битолски Пелистер го отпушти босанескиот интернациуоналец,
Марио Граб, а сега на проба во клубот е Милан Левов. Отсуството на леворак
ракометар треба да го надополни поранешниот македонски репрезентативец, Милан
Левов, кој неколку дена тренира со тимот на Пелистер.
11. 9. 2015.
Пелистер му се заблагодари на Марио Граб
ГРАБ НЕ ЗАДОВОЛИ И ПЕЛИСТЕР ЌЕ БАРА НОВ ДЕСЕН БЕК НА 8 ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ШАМПИОНАТОТ
Босанскиот
интернационалец Марио Граб не е повеќе член на Пелистер. Тој мина еден месец на
проба во битолскиот клуб, за кој одигра дел од турнирот во Прилеп и пријателски
натпревари низ Србија, но веројатно не задоволи.
9. 9. 2015.
Две победи и два порази за пелистерци на српската турнеа
ПО ЕДНА НЕДЕЛА МИНАТА ВО СРБИЈА, ПЕЛИСТЕРЦИ ГИ СУМИРААТ ВПЕЧАТОЦИТЕ ПО ВРАЌАЊЕТО ВО БИТОЛА
Битолски Пелистер со половичен резултат од две победи и два
пораза се врати од турнејата низ Србија. Битолскиот суперлигаш се радуваше во
контролите со Аранѓеловац (25:24) и Велика Плана (24:23), додека забележа
негативен резултат во пријателските средби со Крагуевац (26:24) и со Пожега
(30:19).
Мата ја квалификува Шпанија и ја закова Македонија на дното од групата
СО ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ ВО ПОЧЕТНИОТ СОСТАВ, МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛНО ЗАГУБИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВО СКОПЈЕ
Квалификации за ЕП - 2016 година
Македонија -Шпанија 0:1 (0:1)
Македонија загуби од Шпанија со 0:1 (0:1) во натпреварот од Ц групата од квалификациите за пласман на Европското првенство. Селекторот на нашата репрезентација извади изненадувачки тим во кој од првата минута почнаа четворица битолчани: Пачовски, Брдаровски, Ристевски и Ивановски.

ФФМ му се заблагодари на Николче Новески
БИТОЛЧАНЕЦОТ ПОЗДРАВЕН ОД 25.000 ЛУЃЕ НА НАШИОТ НАЈГОЛЕМ СТАДИОН
Пред почетокот на натпревар Македонија - Шпанија официјално
признание од ФФМ доби едно од најголемите имиња нашиот фудбал, битолчанецот
Николче Новески. Новески заврши со репрезентацијата со 64 натпревари и голема
посветеост и професионалност.
31. 8. 2015.
Главевски ја спречи прилепската радост во пелагониското дерби
НЕРЕШЕНИОТ РЕЗУЛТАТ СТАНА ЗАШТИТЕН ЗНАК НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ
Втора фудбалска лига - 2 коло
Победа - Пелистер
1:1 (1:0)
Градски стадион
„Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 6000
Главен судија:
Марјан Гоцевски (Струмица)
Асистенти: Горан
Димитров (Кавадарци) и Илија Гонев (Неготино)
Делегат: Крсте
Даниловски (Скопје)
Стрелец: Шаркоски
во 37 минута за Победа, а Главевски во 90 минута за Пелистер
Жолти картони:
Мегленски, Карчески, И, Мирчески (Победа), а Тодоровски, Миленковски, Стојковски,
Љамчевски (Пелистер)
Црвени картони:
Карчески (Победа) во 85 минута и Стојковски (Пелистер) во 85 минути
Пријавите се на:
Постови (Atom)