Powered By Blogger

31. 12. 2014.

Битола се прости од Петар Велики и од Боро, го „прегрна„ враќањето на Ѓоко и ја слави „вечната„ Оливера и феноменот Кико

СПОРТОТ ВО БИТОЛА ЗА 2014 ГОДИНА
Година на големи човечки загуби во личности и врвни спортисти како Петар Милошевски и Боро Чурлевски

Ѓоко Хаџиевски по 24 години се врати во Битола како тренер на Пелистер

Оливера Наковска Бикова стана светска првенка и обезбеди параолимписка норма

Битолскиот куглар Александар Соколовски освои медал на светско првенство и се избори за место во тимот на светот

Компанијата „Цермат„ стана доминантен сопственик на ФК Пелистер

РК Пелистер по една година се врати во европските купови, но и натаму мака мачи за егзистенција

Пливачот Иван Симоновски собори рекорди стари по две децении

Кикбоксерите беа на европското првенство во Билбао, академијата ЗА-НЕД-ДО ги собра медалите од мундијалот во Умаг 

Христијан  Илиоски, втор на источно-европскиот шампионат во мото-крос

Какви последици остави заминувањето на привремената управа на РК Пелистер?

НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ГОДИНАТА, РК ПЕЛИСТЕР ЈА ОБЈАСНИ СИТУАЦИЈАТА И ПРИЧИНИТЕ ЗА ГОЛЕМАТА И ДОЛГА КРИЗА
Со цел да ја појасни ситуацијата во која се наоѓаше и се наоѓа во овој момент РК Пелистер, клубот на последниот ден од2014 година објави соопштение во кое ја отслика ситуацијата во која се наоѓа трофејниот битолски клуб.

Три клуба заинтересирани за Марковски

БИВШИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР БРЗО ЌЕ ГО ПРОНАЈДЕ СВОЈОТ НОВ КЛУБ
Напаѓачот кој го напушти Пелистер пред неколку недели Благојче Марковски најверојатно брзо ќе го официјализира името на новиот клуб. Откако на истек на договорот не ја продолжи соработката со неговиот матичен клуб, Марковски има понуди од три екипи од Првата лига: Брегалница, Турново и Металург.

30. 12. 2014.

ФОТО: Битолските ракометни легенди на едно место

НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ ГИ ОБЕДИНИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЛЕГЕНДИТЕ НА РК ПЕЛИСТЕР
Календарот на натпревари, професионалните и приватните обврски ретко нудат можност некогаш големите ракометни пријатели и колеги да се соберат и да поразговараат, овој пат и со повод за новогодишните празници.

Пелистерци за празниците со празни џебови и без никаква волја за спорт

ДРАМАТИЧЕН КРАЈ НА 2014 ГОДИНА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Во пресрет на новогодишните празници, ракометарите на Пелистер останаа со празни џебови, со уште поголема неизвесност и нивното трпение ја „прели чашата„. Во пресрет на евентуална средба денес со градските власти, тие излегоа со соопштение во кое уште еднаш ја отсликаа ситуацијата во која се наоѓаат:

29. 12. 2014.

Ивановиќ и Младост Царев двор се разделија

МИЛАН ИВАНОВИЌ ВО НАРЕДНАТА 2015 ГОДИНА ЌЕ ИГРА ЗА НОВ КЛУБ
Десниот бек на второлигашот Младост Царев двор, Милан Ивановиќ по една успешна сезона во клубот се раздели со ресенскиот тим. 

27. 12. 2014.

Целата битолска спортска фела го оплакува Чурлевски

ОДРЖАНА КОМЕМОРАЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАР
Малата сала на Центарот за култура денес беше претесна да ги прими сите битолчани, спортски луѓе, ракометни работници и пријатели на легендарниот Боро Чурлевски на комеморацијата во негова чест.

Хуманите пелистерци ги израдуваa учениците

ЧЕСТИТКИ ЗА ХУМАНАТА СТРАНА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР
ФК Пелистер ја покажа својата хумана страна, откако за новогодишните празници го посети ОУ „Ѓорѓи Сугарев„ во Битола и фудбалерите, стручниот штаб и управниот одбор, ги израдуваа најмладите. Со новогодишни пакетчиња и спортска опрема со заштитниот знак на клубот, тие ги израдуваа учениците, кои подготвија приредба за фудбалерите. Во клима на обострано задоволство наредна средба си закажаа на градскиот стадион под „Тумбе кафе„ 
Димче Шеровски
(претседател на ФК Пелистер)
Сакам во името на нашиот клуб и професионалците и големата армија навивачи да им ги честитам новогодишните празници на овие млади момчиња и девојчиња и се надевам дека барем малку ги израдувавме. Благодарност до директорката на училиштето, која ни овозможи да бидеме гости во ова училиште. Ова нема да биде наша единствена хуманитарна акција. Ние и во иднина ќе организираме и хуманитарни натпревари и ќе помагаме каде тоа ќе биде потребно.

Ѓоко Хаџиевски
(тренер на ФК Пелистер)

Покрај тоа што значи фудбалскиот проект многу значајна е и оваа социјална димензија. Затоа денес сум среќен што видовме многу насмеани лица, задоволни ученици и верувам дека пак ќе ги посетиме. Ние се наоѓаме на почетокот на нашиот проект и во сите фази ќе растеме и се надевам ќе бидеме пример за останатите. 

26. 12. 2014.

Спировски потпиша, наскоро и Пачовски вардарец

ВАРДАР ГИ ПОТВРДИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ И ГИ ОФИЦИЈАЛИЗИРА ТРАНСФЕРИТЕ НА ТРИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ
Вардар денес ги промовираше новите засилувања Дејан Блажевски и Стефан Спировски, а наскоро тоа ќе го направи и со Томе Пачовски. Трите нови засилувања Пачовски, Блажевски и Спировски имаат богато интернационално искуство и сигурно ќе бидат од голема помош за вардарци да ја остварат целта.

Комеморацијата за Боро Чурлевски, в сабота од 11 часот

РК ПЕЛИСТЕР УТРЕ ЌЕ МУ ОДДАДЕ ПОСЛЕДНА ПОЧИТ НА СВОЈОТ ЛЕГЕНДАРЕН АС
Матичниот клуб на прерано починатата македонска ракометна легенда Борис Чурлевски, РК Пелистер в сабота од 11 часот во малата сала на „Центарот за култура„ ќе одржи комеморација во која ќе го одбележи ликот и делото на големиот спортист.

Наум Љамчевски, нов координатор на школата на ФК Пелистер


БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ГИ ОДРЕДИ ТРЕНЕРИТЕ ВО СВОЈАТА ШКОЛА
Битолскиот прволигаш вчера официјализираше дека Наум Љамчевски ќе ја превземе улогата на координатор на фудбалската академија на ФК Пелистер и веднаш ќе започне со работа на ново назначената функција.

25. 12. 2014.

Интер Баку со понуда за Алтипармаковски

БИТОЛЧАНЕЦОТ ПРЕД НОВ ТРАНСФЕР НАДВОР ОД НАШАТА ЗЕМЈА
Како пишуваат медиумите во Азербејџан еден од најдобрите стрелци во македонскиот шампионат оваа есен, Марјан Алтипармаковски се наоѓа во преговори со Интер Баку од Азербејџан.

24. 12. 2014.

Хаџиевски даде „амин„ за Анталија, Пелистер во Турција од 2 фебруари

ОД 3 ФЕБРУАРИ, ПЕЛИСТЕРЦИ ЌЕ СЕ ПОДОГОТВУВАА ВО АНТАЛИЈА. ПОТВРДАТА СТИГНА ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ХАЏИЕВСКИ ВО ТУРЦИЈА
Откако минатиот месец спортскиот директор на Пелистер, србинот Милош Манјловиќ беше во Анталија да го „испита теренот„ деновиве и новиот шеф на стручниот штаб Ѓоко Хаџиевски и сопственикот на компанијата „Цермат„ Зоран Ристевски дадоа зелено светло за првите зимски подготовки на битолскиот прволигаш во Турција.

23. 12. 2014.

Хуманитарна акција е последнатa јавна активност на пелистерци оваа година

ПЕЛИСТЕР В ПЕТОК ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРА НОВАТА СТРУКТУРА НА ШКОЛАТА И ГИ ДАРУВА НАЈМЛАДИТЕ
Една од своите последни јавни активности оваа година, ФК Пелистер најави за крајот на оваа недела. В петок од 11 часот во ОУ „Ѓорѓи Сугарев„ во Битола битолскиот клуб ќе ја покаже својата хуманитарна страна преку новогодишна акција, во која ќе бидат вклучени учениците на ова училиште.

Двајца битолчани наградени на гала свеченоста на ФФМ

НАЈДОБРИТЕ ОД МАК-ФУДБАЛОТ НА СВЕЧЕНОСТ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД
ФФМ на церемонија во Скопје ги прогласи најдобрите во мак-фудбалот за 2014 година. Ибраими и Маневски беа главни лауреати, а покрај напаѓачот признание од битолскиот фудбалски свет доби и тренер Марјан Секуловски за најдобар тренер во странство.

Вардар се полни со битолчани

ВАРДАР ПОТПИШУВА СО УШТЕ ЕДЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МАКЕДОНИЈА
Традиционално скопски Вардар секогаш се потпирал на фудбалерите од школата на Пелистер во трофејните денови во минатото. Имињата на Савевски, Канатларовски, Трајановски, Милошевски, Георгиевски, Грозданов, Пачовски се само дел од мнигуте биточлани в црвени-црниот дрес. Во есенскиот дел од шампионатот Благојче Љамчевски беше еден од најзебележителните се до пред повредата.

Тројца битолчани номинирани за спортисти на 2014 година според МОК

ОБЈАВЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА СПОРТИСТИ ЗА ГОДИНАТА СПОРЕД МОК
Агенцијата за млади и Спорт и Сојузот на спортски федерации денеска ги објавија номинациите за најдобрите спортисти во Македонија за изминатата годинa, a меѓу номинираните се тројца битолчани: Александар Соколовски, Мирјета Бајрмамовска и Оливера Наковска - Бикова.

Четворица битолчани повикани во младинската ракометна репрезентација


МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТНИ НАДЕЖИ ПОЧНУВААТ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА МУНДИЈАЛОТ ВО БРАЗИЛ
Македонската младинска ракометна репрезентација в четврток ќе го има првиот собир во пресрет на подготовките за претстојниот квалификациски турнир за СП 2015 во Бразил. Пред квалификациите во Полска, новиот селектор Влатко Неделковски го соопшти поширокиот список на кој се наоѓаат и тројца ракометари на Пелистер, а четворица битолчани заедно со голманот на Вардар јуниор, Филип Ивановски.

21. 12. 2014.

Битолски куглар ќе настапи за тимот на светот

ГОЛЕМА ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ ЗА КУГЛАРОТ НА „МАКПЕТРОЛ„ И МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, БИТОЛЧАНЕЦОТ АЛЕКСАНДАР СОКОЛОВСКИ
Шампионот на Македонија во куглање, битолчанецот Александар Соколовски доби повик за настап за тимот на светот на ревијален натпревар кој ќе се одигра на 27 декември во Бачка Топола.,Таму ќе настапат домаќинот, кугларската репрезентација на Србија против репрезентација на светот.

20. 12. 2014.

Пелистерци го „овенаа„ Пролет во вториот дел

ВТОРА ПОБЕДА ПО РЕД ЗА КРАЈ НА КАЛЕНДАРСКАТА ГОДИНА СО МАЛКУ ПОВЕЌЕ НАДЕЖ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Пелистер - Пролет 29:19 (12:12)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје) 

Бујчевски го раскина договорот со Ренова

БИТОЛЧАНЕЦОТ ЌЕ ГО МЕНУВА КЛУБОТ, А МНОГУ ВЕРОЈАТНО ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ПЕЛИСТЕР
Младиот битолски напаѓач кој во есенскиот дел од шампионатот настапуваше за Ренова, Антонио Бујчевски не е повеќе член на тетовскиот прволигаш. Бујчевски спогодбено го раскина договорот со „гипсарите„

18. 12. 2014.

Благојче Љамчевски како нов, повредата е веќе минато

БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО ТАБОРОТ НА ВАРДАР ПАК НА ТЕРЕНИТЕ ПО ПОВРЕДАТА ВО ТЕТОВО
По сериозната повреда на грбот единствениот битолчанец кој е есенски првак со Вардар, Благојче Љамчевски пак е на теренот. И покрај тоа што подготовките на Вардар започнуваат на 8 јануари 2015 година, Љамчевски со инвидуални тренинзи го доближува своето враќање на терените:„

Битолските гимнастичари ги собраа наградите во Виница

СПУШТЕНАТА ЗАВЕСАТА НА ГИМНАСТИЧКАТА 2014 ГОДИНА СО МНОГУ ПРИЗНАНИЈА ЗА БИТОЛСКИТЕ НАДЕЖИ
Во Виница во хотел “Слив” вчера се одржа манифестацијата „Избор на најуспешни гимнастичари и спортски работници за 2014 година„, Натпреварувачите од КГС “Партизан” Битола ги освоија поголемиот дел од признанијата:

17. 12. 2014.

Битолчанецот Соколовски, државен првак во куглање

ПО УСПЕХОТ НА МЕЃУНАРОДЕН ПЛАН, АЛЕКСАНДАР СОКОЛОВСКИ СТАНА ДРЖАВЕН ПРВАК ВО КУГЛАЊЕ
Битолчанецот Александар Соколовски (КК Макпетрол) во машка и Мери Јанева (КК Македонија) во женска конкуренција се новите сениорски прваци на Македонија во куглање. Тоа е епилогот на првенството што во два натпреварувачки дена се одржа во скопските кугларници „Борис Трајковски“ и „Мусандра“.

Гачевски ја напушти Брегалница, интересен за многу прволигаши

ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО БРЕГАЛНИЦА, БИТОЛЧАНЕЦОТ РОДЕН ВО СЛОВЕНИЈА БАРА НОВ КЛУБ
Бившиот младински репрезентативец на Македонија, битолчанецот Филип Гачевски по одличната полусезона, во која беше единствена светла точка во штипска Брегалница, одлучи да ја напушти деветто пласираната Брегалница и да побара покомпетитивен клуб.