Powered By Blogger

6. 12. 2014.

Хаџиевски: „Убеден сум дека публиката ќе се врати под „Тумбе кафе„

НОВИОТ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР, АКЦЕНТ ФРЛА ВРЗ КЛУБСКАТА АКАДЕМИЈА, ВРАЌАЊЕТО НА ПУБЛИКАТА И ПРОЕКТОТ НА ДОЛГ ПЕРИОД
Во опширното интервју за весникот „Македонски спорт„ новиот тренер на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски ги пренесе сите свои очекувања од новиот проект и облодени како пристигна пак во Битола по 24 години.

Комплетиран стручниот штаб на ФК Пелистер

ПОЗНАТИ СОРАБОТНИЦИТЕ НА ХАЏИЕВСКИ ВО СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ПЕЛИСТЕР 
По официјализацијата на договорот со шефот на стручниот штаб на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски познат е неговиот тим на соработници, кои веќе започнаа со работа.

5. 12. 2014.

Четири теста за пелистерци пред зимскиот одмор

СЕРИЈА НА ТЕСТ МЕЧЕВИ ЗА БИТОЛЧАНИ ПРЕД ЗИМСКАТА ПАУЗА
Фудбалерите на Пелистер ќе тренираат до 15 декември, а потоа ќе заминат на заслужен одмор и ќе му ја препуштат работата на управата, која најавува многу промени во играчкиот кадар пред пролетниот дел.

Мирчевски и Мустафов повикани во младата селекција, ќе играат дури и против Пелистер

ТРОЈЦА БИТОЛЧАНИ, А ДВАЈЦА ОД ПЕЛИСТЕР ПОВИКАНИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД 21 ГОДИНА, КОЈА ЌЕ ОДИГРА ТЕСТ МЕЧ И ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР

Стручниот штаб на репрезентација на Македонија до 21 година ќе организира селективен тренинг-камп од 7 до 11 декември во Дојран. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски, за селективниот тренинг камп повика 22 фудбалери, меѓу нив тројца битолчани (Пивковски, Мустафов и Мирчевски). Во рамки на селективниот тренинг камп ќе бидат одиграни и два контролни натпревари, на 9 декември со Хоризонт Турново и два дена подоцна со Пелистер.

Пашовски добро мина, повредата ќе го оддалечи само три недели

ПОВРЕДАТА НА КАПИТЕНОТ ПАШОВСКИ ЗА СРЕЌА НЕ Е ТАКА СЕРИОЗНА КАКО ШТО НАЈНАПРЕД ИЗГЛЕДАШЕ
Капитенот и голманот на Пелистер, Горан Пашовски го напушти натпреварот со Шкендија во Тетово во неделата во 11 минута заради незгоден одскок по калливиот терен, заради кој ги истегна лигаментите од скочниот зглоб.

4. 12. 2014.

Талески: „Од денес спортот во Битола врти нова страница, Пелистер доведе големо име„

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗАДОВОЛЕН ОД АНГАЖМАНОТ НА ГОЛЕМИОТ ТРЕНЕРСКИ АС, ЃОКО ХАЏИЕВСКИ
Општина Битола и приватната компанија „Цермат“-Битола, како акционери во ФК „Пелистер“ денес заеднички соопштија дека во наредниот период нов тренер на ФК Пелистер ќе биде познатиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски:

Ристевски: „Многу тренери беа заинтересирани за местото на Хаџиевски„

МНОГУБРОЈНИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО ВО ПЕЛИСТЕР БИЛЕ ВИСТИНИТЕ. ХАЏИЕВСКИ ПОБЕДИЛ ВО ГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА
Сопственикот на компанијата „Цермат„ која е доминантен сопственик и во ФК Пелистер, Зоран Ристевски, обелодени како течеа преговорите со Хаџиевски и кога падна одлуката:

ФОТО: Хаџиевски се запозна со пелистерци на првиот тренинг

ВЕДНАШ ПО ПРЕТСТАВУВАЊЕТО, ШОКО ХАЏИЕВСКИ СЕ ЗАПОЗНА СО ВОИТЕ НОВИ ФУДБАЛЕРИ
Веднаш по првата прес-конференција и претставувањето Ѓоко Хаџиевски се упати на градскиот стадион под Тумбе кафе се запозна со постоечкиот играчки кадар на битолчани.

Миновски: „Куферите на Ѓоко се одпаковани, тој се врати дома„

ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ХАЏИЕВСКИ, ГО ПРЕЧЕКА СО ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ ТРОФЕЈНИОТ ТРЕНЕР
Кога во 1988 година Хаџиевски беше назначен за тренер на Пелистер, претседател на привремената управа беше новинарскиот доајен Димче Миновски.

Хаџиевски донесе кислород под „Тумбе кафе„: „Никогаш не сум бил помотивиран од сега„

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС И АПЛАУЗИ ЗА ПРОМОЦИЈАТА НА ХАЏИЕВСКИ ВО ПЕЛИСТЕР, ПОВТОРНО ПО 24 ГОДИНИ
Претставувањето на новиот тренер на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски привлече голем интерес кај битолската и македонската јавност. На официјалната прес-конференција враќањето на познатиот стратег по 23 години во Битола беше примено со голем ентузијазам и одобрување. Многу насмевки, озарени лица и нескриени желби за успешна иднина се забележуваат деновиве во Битола.

3. 12. 2014.

Алушовски: „Не знам каков е Вардар со Самсоненко, но никогаш нема да биде како нашиот Пелистер„

ЧОВЕКОТ СО 245 НАСТАПИ ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЈА ОТВОРИ ДУШАТА ЗА „24 РАКОМЕТ„ 
Во долго интервју за 24 ракомет, нашиот репрезентативец со најмногу настапи и бившиот директор на репрезентацијата, Стевче Алушовски со носталгија говореше за неговиот матичен клуб и го спореди и со последните македонски шампиони Металург и Вардар кои го превзедоа приматот од битолчани пред осум години: „Јас сум дете на Пелистер, незнам како функционира Вардар со Самсоненко сега, но мислам дека овие клубови и Металург и Вардар со Михајло Михалјовски беа далеку зад она што значеше Пелистер во тоа време, како еден клуб треба да изгледа организациски, како еден клуб треба да живее со играчите и со тренерот, Пелистер функционираше како едно семејство.

Пелистер за утре закажа прес, ќе го промовира Хаџиевски

БИТОЛЧАНИ ДЕНЕС ЌЕ ГО ДОЗНААТ ИМЕТО НА НОВИОТ ТРЕНЕР НА ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ
Иако до пред неколку дена изгледаше незамисливо денес е реалност. Пелистер утре од 11 часот ќе одржи официјална промоција на новиот шеф на стручниот штаб, Ѓоко Хаџиевски. Клубот ниту потврди, ниту демантираше во текот на вчерашниот ден околу можноста бившиот селектор да се врати на клупата на која се афирмираше како тренер.

Бивш пелистерец потпиша за Грин Гули во Австралија

НИКОЛА МАРКОВСКИ ПРОНАЈДЕ НОВ КЛУБ ПО ЗАМИНУВАЊЕТО ВО АВСТРАЛИЈА
Поранешниот фудбалер на Пелистер и 11 Октомври, брзоногиот напаѓач Никола Марковски потпиша едногодишен договор со австралискиот премиерлигаш Грин Гули од Мелбург и во наредниот шампионат на лигата во Викторија, Австралија ќе настапува за зелено-белите.

2. 12. 2014.

Шпекулација или вистина: Хаџиевски е новиот тренер на Пелистер

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ НАГАЃАЊАТА ОКОЛУ НОВИОТ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР
Според спортскиот портал СПОРТМЕДИА најтрофејниот македонски клубски и репрезентативен тренер Ѓоко Хаџиевски во наредните неколку дена ќе биде промовиран како нов тренер на ФК Пелистер.

Пелистер лесно против Преспа во заостанатиот меч

НОВА ДОМАШНА ПОБЕДА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР И КОНСОЛИДИРАЊЕ ВО ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО
Пелистер - Преспа 29:20 (15:6)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1000
Судии: Дејан и Димитар Ѓеорѓиевски (Скопје)

ВИДЕО: Ивановски го комплетираше чудесниот пресврт на Клуж

ИВАНОВСКИ ОБЕЗБЕДИ ПОЛУФИНАЛЕ НА КУПОТ НА РОМАНИЈА СО СВОЈОТ ГОЛ ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПРЕСВРТОТ
Во мечот од четвртфиналето на Купот на Романија, Клуж на Мирко Ивановски на гости го совлада тимот на Миовени со 3:4, откако домаќините водеа со 3:0. По лошиот терен, покриен со снег, Ивановски мечот го почна од клупата, но неговиот гол во судиското надополнување најави дека Клуж има големи амбиции и во националниот Куп.

1. 12. 2014.

Два познати тренери за млади категории деновиве доаѓаат во Битола

ПО ЛОШАТА ЕСЕН, ПЕЛИСТЕР ЈА ПОЧНА РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СВОЈАТА ШКОЛА
Деновиве во Битола на покана на ФК Пелистер ќе пристигнат два фудбалски стручњаци, кои ќе извршат предавања и ќе работат 7-8 дена со членовите на школата на клубот и со тренерите кои се пријавија на конкурсот за работа во школата на ФК Пелистер.

Трета последователна победа за пелистерци

КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВЛЕГОА ВО ПОЗИТИВНА СЕРИЈА ВО ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА
Кошаркарите на Пелистер забележаа нова, трета по ред победа во Втората македонска кошаркарска лига. На домашен терен, во спортската сала „Младост“, битолчани беа подобри од гостите, екипата на Црн Дрим од Струга, совладувајќи ја со 88:75.

ФК Пелистер го прекинува молкот и ги открива своите планови

КОНЕЧНО ВО ПЕЛИСТЕР ЗАВРШУВА МОЛКОТ И СЕ НАЈАВУВА НОВИОТ ПРОЕКТ
Веќе 40-50 во ФК Пелистер молк и најава за она што ќе се случува оваа зима. Лошите резултати како да ги примораа првите луѓе на клубот уште повеќе да ги „засукаат ракавите„ и да направат коренити промени. Но во клубот веќе извесен период никој не дава изјави, па полека се гледа крајот на таа пракса.

30. 11. 2014.

„Петарда„ и презимување на осмото место

НАЈУБЕДЛИВ ПОРАЗ ОВАА ЕСЕН И 18 БОДА НА КОНТОТО ПО 17 ЕСЕНСКИ НАТПРЕВАРИ ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР 
Прва фудбалска лига - 17 - коло
Шкендија - Пелистер 5:0 (2:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 1000
Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Жарко Тодороски (Охрид) и Кирил Неигриески (Струга)
Делегат: Гоце Шопоски (Радожда)
Стрелци: Вручина во 24, Зеба во 45, Кировски во 50 и Имери во 70 и 90 минута за Шкендија
Жолти картони: Вручина (Шкендија), Пашовски, Мирчевски (Пелистер)
Црвени картони: нема

29. 11. 2014.

Шундовски и Ангеловски, втора година по ред во групите на ЕХФ Купот

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ЕХФ КУПОТ ЌЕ БИДАТ КОНСТАНЦА И АНГЕЛОВСКИ И ШУНДОВСКИ
Втора година по ред македонскиот тренер Звонко Шундовски и неговата Констанца ќе играат во групната фаза на ЕХФ Купот. Констанца со Ангеловски на теренот и Шундовски на клупата во последното трето квалификациско коло со две победи успеа да го совлада и елиминира норвешкиот претставник Елверум.

Младиот Пелистер со недоволна победа се прости од Европа

ЧЕСНА ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ОДЛИЧЕН МЕЧ ЗА МЛАДИОТ ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Пелистер - Дукла Прага 24:18 (12:7)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 4000
Судии: Роберто Шевоја и Таи Алперан (Италија)
Делегат: Тихомир Касуниќ (Хрватска)

28. 11. 2014.

Пелистер игра за честа и за својата иднина против чешка Дукла

БИТОЛЧАНИ БРКААТ ПОДВИГ, НО И КУПУВАЊЕ НА ШАНСА ЗА ПОДОБРО УТРЕ НА КЛУБОТ
Ракометарите на Пелистер патуваа 52 часа до Прага и назад за да го одиграат првиот меч од третото коло на Челинџ Купот против Дукла, а нивниот ривал доаѓа со чартер лет и со 10 гола предност од првите 60 минути. Однапред е осуден на неуспех нашиот претставник, иако битолчани денес ќе играат повеќе за гордоста и клубските бои одколку за сензација.

Пелистер решен да го поправи впечатокот против Дукла

НЕ ГААТ ИЛУЗИИ, НО ПЕЛИСТЕРЦИ ВЕРУВААТ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ВПЕЧАТОКОТ ПРОТИВ ДУКЛА
На само два дена до возвратниот натпревар од третото коло на Челинџ Купот помеѓу битолски Пелистер и чешката екипа Дукла од Прага, во Битола се подготвува нешто поголема ракометна еуфорија од вообичаеното сивило кога се играат домашните натпревари оваа сезона.

Tасевски, Беквалац, Кузмановски - кандидати за клупата на Пелистер?

ПЕЛИСТЕР НА ПРАГОТ ДА ДОБИЕ СТРАНСКИ ТРЕНЕР ЗА ПРВ ПАТ ПО 20 ГОДИНИ
По спогодбеното раскинување на договорот со Марјан Секуловски, на клупата на Пелистер само уште в недела ќе седи неговиот помошник Димитар Капинковски, а потоа клубот во период од 7-8 дена ќе го промовира новиот тренер.