16. 8. 2014.
Крим поразен, одлично деби на Бајрамовска
СО ОСУМ ГОЛА БАЈРАМОВСКА СЕ ПРЕТСТАВИ КАКО ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СЛОВЕНЕЧКИ КРИМ
Најдобрата
битолска ракометарка имаше убаво деби за својот нов клуб од Словенија. Новите
клубови на Мирјета Бајрамовска и на Елена Ѓорѓиевска одиграа контролна
пресметка на турнир во Букурешт, која ги покажа првите знаци за тоа со каква
сила ќе располагаат Крим и Баја Маре.
15. 8. 2014.
Битолски талент потпиша за „Академија Пандев„
НАДАРЕНИОТ ТРАПАНОВСКИ ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА ТАЛЕНТ ПОТПИША ЗА АКАДЕМИЈАТА НА ГОРАН ПАНДЕВ
Уште едно
талентирано битолско момче се наметнува на национално ниво. Имено талентираниот
пионерски репрезентативец Кристијан
Трапановски од фудбалската школа „Талент„ на Златко Цветановски направи
трансфер во „Академија Пандев„ каде е забележан со своите игри, талент и
залагање. Трапановски ќе се пресели во Струмица и ќе биде дел од со години
градената академија на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, која за неполна година ќе добие и нов
свој комплекс. Со ова се потврдува добрата работа на школата „Талент„ и
талентираноста на момците од битолскиот регион.
14. 8. 2014.
Постигната согласност за партнерство Мицевски - општина Битола за спас на РК Пелистер?
НАЈАВА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА РК ПЕЛИСТЕР
Дали на повидок
се добри вести за иднината на РК Пелистер. Приврзаниците на еден ид
најтрофејните македонски клубови веројатно конечно ќе можат да здивнат,
бидејќи Силјан Мицевски, сегашниот спонзор на клубот најде партнер во
градот Битола, кој ќе помогне на директен начин или преку некои компании.
Буџетот останува според планираното, околу 250.000 евра, од што Мицевски би
требало да обезбеди нешто повеќе од 100.000 евра, а другото да го обезбеди
градот. Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски и Силјан Мицевски, денеска
имаа состанок на кој била
договорена меѓусебната соработка, а во понеделник ќе се знаат деталите, откако
двајцата ќе имаат нов состанок, околу финансиите. Од понеделник или најдоцна
среда треба да почнат и подготовките на екипата, иако прашање е колку од
играчите што беа планирани да останат, навистина ќе се согласат да го носат зелениот дрес или пак
принудно ќе бидат вклучени помлади играчи, засилени со некои интернационалци.
Некои играчи си заминаа, најавени се и засилувања, но со сигурност околу
изгледот на клубот ќе се знае следната недела.
Прилепски судии за мечот Пелистер - Металург
ФФМ ГИ ДЕЛЕГИРАШЕ ДЕЛИТЕЛИТЕ НА ПРАВДАТА ЗА ТРЕТОТО КОЛО
Искусниот
прилепски судија Горан Спиркоски е делегиран за главен судија на неделниот меч
на Пелистер против Металург во рамките на третото коло на Првата фудбалска
лига. Спиркоски за прв пат ќе му суди оваа сезона на зелените, а вообичаено ќе
му помагаат Зоран Костоски и Марјан Смилкоски. Четврт судија ќе биде Ирена Велеваќкоска,
сите од Прилеп. Контролор на ФФМ е Аднан Идризи од Тетово. Мечот како и
останатите неделни ќе се игра во 17.30 часот, а од останатите делегирања
Ставрев ќе го води мечот Силекс - Ренова, а во Штип на мечот Брегалница -
Вардар на центарот ќе застане Марјан Ецкоски од Охрид.
Ново пролонгирање на стартот на подготовките на РК Пелистер
ПЕЛИСТЕР Е ЕДИНСТВЕНИОТ СУПЕРЛИГАШКИ КЛУБ КОЈ СЕУШТЕ НЕ ГИ ЗАПОЧНАЛ ПОДГОТОВКИТЕ
Иако
првично го закажаа стартот на
подготовките во пресрет на новата сезона за среда, до таа прозивка не дојде. Првата прозивка на стратегот на РК Пелистер Игор Николовски, е одложена за
неопределен период, со оглед на ситуацијата
во која што се најде клубот, по оставката на УО, на чело со претседателот. Главниот финансиер на клубот Силјан
Мицевски, деновиве е во интензивни преговори со потенцијални нови спонзори на
клубот, со кои што треба да ја оформи новата управа, а воедно да го
пререгистрира клубот во АД. Најоптимистичките прогнози од клубот говорат дека,
подготовките за новата сезона би започнале од идниот понеделник. Пред стартот на подготовките клубот, кој
по неколкугодишна пауза го очекува и настап на меѓународна сцена, се очекува да
ги исплати и побарувањата на дел од играчите на кои им се должи.
Роберт Стамболџиев ќе игра за Македонија?
ПОЗАБОРАВЕНИОТ АВСТРАЛИЕЦ НА ПАТ ДА ЗАИГРА ЗА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
23 годишниот
австралиец со македонско потекло Роберт Стамболџиев би можел да заигра за
македонската фудбалска репрезентација. Момчето кое е родено во Мелбурн, но
потеклото на неговите родители е до битолско, иако има 7 настапи и 2 гола за
австралиската млада репрезентација, може да заигра за нашиот најсилен состав
според новите правила на ФИФА. Стамболџиев е веќе афирмиран фудбалер за врска,
кој најчесто во својата кариера играше во левата страна, кој од 2009 година
настапува во Грција и Кипар. Кариерата ја започна во Престон Лајонс, а од 2009
година е во Европа кога се пресели во Панатинаикос и беше во ростерот кој стана
првак на Грција во сезоната 2010/11. По две сезони минати во атинските „зелени„
мина во Кавала, па Продефтики, Трасиволос, за во 2012 година да заврши на Кипар
во дресот на Олимпијакос Никозија. На Кипар играше уште за АЕК Куклиа, а пред
неколку дена потпиша за Ники Волос. За заборавениот македонец веќе започна
процедурата за македонски пасош, а нескриен е и интересот на првите луѓе на
нашата репрезентација за негово повикување на некој нареден тест
натпревар.
12. 8. 2014.
ХЈС на турнирот „Скопје 2014„
РАКОМЕТНИОТ КЛУБ НА МАРКОВСКИ И ЗАРКОВ УЧЕСНИК НА ТУРНИРОТ „СКОПЈЕ 2014„
Ракометниот клуб
ХЈС на Александар Зарков и Иван Марковски од утре ќе учествува на меѓународниот
турнир „Скопје 2014„ со генерацијата момчиња родени 1998 и помлади. Ждрепката
ги класифицира во втората група заедно со Металург 2, Метрополис, Метеор
(Србија) и Текстилец. Најдобрите две екипи од секоја група патуваат во нокаут
фазата и ќе се борат за трофејот. Турнирот трае до наредниот вторник во Скопје.
10. 8. 2014.
Победа од клупата за Пелистер во Турново
ПРВА ПОБЕДА ВО НОВИОТ ШАМПИОНАТ ЗА ПЕЛИСТЕР ПО ФИНИШ ПОБЕДАТА НА „КУКУШ„ ВО ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 2 коло
Хоризонт Турново - Пелистер 0:1 (0:0)
Хоризонт Турново - Пелистер 0:1 (0:0)
Стадион „Кукуш„ - Турново. Гледачи: 1000
Главен судија: Фатон Мустафи (Тетово)
Асистенти: Дејан Костадинов и Марјан
Стојанчевски (Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелци: Љамчевски во 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Ташев (Хоризонт Турново),
Анастасов (Пелистер)
Црвени картони: нема
Китановски дебитираше, Партизан во последните 15 минути до победа
БИВШИОТ БЕК НА ПЕЛИСТЕР ОДИГРА 84 МИНУТИ ЗА СВОЈОТ НОВ КЛУБ
Бившиот фудбалер
на Пелистер и младински репрезентативец Томе Китановски дебитираше за српскиот
прволигаш Вождовац, играјќи скоро цел натпревар против Партизан. Китановски како
десен бек одлично одигра до 84 минута кога беше заменет со Секулиќ. Неговиот
тим не само што долго време играше рамноправно со фаворитот, туку во 74 минута
и поведе. Трипковиќ со удар од дистанца го изненади Лукач и на домашната екипа
му донесе водство. Но пет минути подоцна Стошиќ беше невнимателен и го измами
својот голман Супиќ и Партизан израмни на 1:1. Стрелецот на голот на домаќините
Трипковиќ беше исклучен во судиското надополнување, а со човек повеќе гостите
преку Волков на додавање на Вукчевиќ дојдоа до гол за водство. Подоцна Фофана
во 96 минута погоди и за 1:3 и тешко издвојувана победа на црно-белите.
ФОТО: „Чкембарите„ бараат слобода на навивачите
„ЧКЕМБАРИТЕ„ НА ПАТ ЗА ТУРНОВО СО ЈАСНА ПОРАКА ЗА НАВИВАЧКИТЕ СЛУЧУВАЊЕ
Навивачите на
Пелистер со еден автобус одпатуваа за Турново, каде ќе го бодрат својот тим на
гостувањето кај Хоризонт Турново. „Чкембарите„ со специјални маички и
транспарентни бараат слобода на навивачите, што е јасен нивни став по
случувањата на „вечното дерби„ По две години „Чкембарите„ пак доаѓаат во
Турново, каде последен пат во март 2013 година го бодреа својот Пелистер на
мечот кој заврши 2:2.
9. 8. 2014.
„Чкембарите„ тргнуваат на првото гостување во сезоната
НА ТЕРЕНОТ НА ХОРИЗОНТ ТУРНОВО, ПЕЛИСТЕР ЌЕ БИДЕ СО ПОМОШ ОД „ЧКЕМБАРИТЕ„ НА ТРИБИНИТЕ
Седум дена по „вечното
дерби„ и инцидентите во финишот на средбата, навивачите на Пелистер го
подготвуваат првото гостување. Утре од 13 часот армијата битолски навивачи ќе
тргне за Турново, каде ќе биде 12 играч на избраниците на Марјан Секуловски.
„Чкембарите„ предминатата година последен пат гостуваа во Турново на мечот кој
заврши 2:2, а минатата сезона два пати не допатуваа. Тогаш во првиот меч
Пелистер славеше со 2:0, а во вториот загуби со 1:0. Како ли ќе биде утре
попладне на „Кукуш„
Елмазовски го спаси Младост Царев двор од пораз
ИСТОРИСКИ ПРВ БОД ЗА ЕКИПАТА НА МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Овој викенд стартуваа натпреварите и во Втората фудбалска лига со 12 гола на пет одиграни средби. Екипите на Шкупи и Врапчиште победија на денешното отварање на новата сезона во македонската Втора лига, каде гостите на петте меча не успеаа ниту да се израдуваат. Засилениот Шкупи, поранешна Слога Југомагнат, трикратниот македонски првак триумфираше со 3-1 против Дрита, додека Врапчиште со ист резултат славеше над кичевски Напредок, ланскиот прволигаш. Новиот второлигаш Младост Царев Двор, кој има амбициозен проект за да стигне и до елитата на првиот свој меч во второлигашкото друштво ремизираше со бицшиот шампион Македонија Ѓорче Петров. Битолчанецот Илир Елмазовски со гол од пенал во 65 минута израмни за Младост, откако Томески во 16 минута ги доведе „лавовите„ во водство.
Еуромилк – Кожув 1:1
Шкупи – Дрита 3:1
Врапчиште – Напредок 3:1
Младост Царев Двор – Македонија ЃП 1:1
Скопје – Гостивар 0:0
Овој викенд стартуваа натпреварите и во Втората фудбалска лига со 12 гола на пет одиграни средби. Екипите на Шкупи и Врапчиште победија на денешното отварање на новата сезона во македонската Втора лига, каде гостите на петте меча не успеаа ниту да се израдуваат. Засилениот Шкупи, поранешна Слога Југомагнат, трикратниот македонски првак триумфираше со 3-1 против Дрита, додека Врапчиште со ист резултат славеше над кичевски Напредок, ланскиот прволигаш. Новиот второлигаш Младост Царев Двор, кој има амбициозен проект за да стигне и до елитата на првиот свој меч во второлигашкото друштво ремизираше со бицшиот шампион Македонија Ѓорче Петров. Битолчанецот Илир Елмазовски со гол од пенал во 65 минута израмни за Младост, откако Томески во 16 минута ги доведе „лавовите„ во водство.
Еуромилк – Кожув 1:1
Шкупи – Дрита 3:1
Врапчиште – Напредок 3:1
Младост Царев Двор – Македонија ЃП 1:1
Скопје – Гостивар 0:0
Мехелен поразен во мечот на српските стрелци
ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ ПОВЕДОА И ИМАА КОНТРОЛА, НО КОРТРИЈК ВО ВТОРИОТ ДЕЛ НАПРАВИ ПРЕСВРТ И ГО ОДНЕСЕ ЦЕЛ ПЛЕН
Во вториот меч од
третото коло на белгиската Жупилер лига, Мехелен на Томе Пачовски иако долго
време водеше на крајот загуби од Кортријк со 2:1. Битолчанецот 90 минути беше
на голот на црвено-жолтите, кои со голот на Косановиќ од пенал во 27 минута
поведе со 1:0 и со тој резултат отидоа на одмор. Павловиќ на додавање на
хрватот Сантини израмни во 68 минута за Кортријк. Во последната фаза од мечот
двете екипи тргнаа на победа и клучен момент беше исклучувањето на Де Петер во 73
минута. Три минути подоцна Кортријк поведе со голот на Марушиќ и тоа водство го
сочува до самиот крај. Во наредното четврто коло, Мехелен на 16 август му
гостува на Остенде. Утревечер од 20 часот Зулте Варегем на Александар
Трајковски го дочекува Бриж во еден од поинтересните мечеви на викендот во
белгиската лига.
Првенец на Алтипармаковски, но јунакот се вика Бујчевски
БИТОЛЧАНИ ПРОТАГОНИСТИ ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ВТОРОТО КОЛО ВО ФУДБАЛСКИОТ ШАМПИОНАТ
Работнички остана со празни раце и по второто коло во Првата лига, откако попладнево во самиот финиш на гостувањето во Тетово доживеа нов пораз, сега со 2:1 од Ренова во меч со голови на двајца битолчани. Антонио Бујчевски со гол во 89 минута од мечот бепе човекот на одлука. Битолчанецот натрча и ја смести топката во мрежата од осум метри, откако Хухии претходно од 18 метри го погоди дирекот. Претходно Марјан Алтипармаковски го спаси Работнички од нов пораз со гол од пенал, три минути откако Ренова поведе преку Изаир Емини исто така од пенал. Прво Бојки стартуваше врз Бујчевски за најстрога казна, а три минути подоцна Нухии возврати со старт врз Силјановски за израмнување.
Работнички остана со празни раце и по второто коло во Првата лига, откако попладнево во самиот финиш на гостувањето во Тетово доживеа нов пораз, сега со 2:1 од Ренова во меч со голови на двајца битолчани. Антонио Бујчевски со гол во 89 минута од мечот бепе човекот на одлука. Битолчанецот натрча и ја смести топката во мрежата од осум метри, откако Хухии претходно од 18 метри го погоди дирекот. Претходно Марјан Алтипармаковски го спаси Работнички од нов пораз со гол од пенал, три минути откако Ренова поведе преку Изаир Емини исто така од пенал. Прво Бојки стартуваше врз Бујчевски за најстрога казна, а три минути подоцна Нухии возврати со старт врз Силјановски за израмнување.
8. 8. 2014.
Само Турново во мислите на пелистерци
КОНЦЕНТРАЦИЈА И
МОЛК МЕЃУ ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР, КАКО ЗНАК ДЕКА ВАРДАР Е ЗАБОРАВЕН И МИСЛИТЕ
СЕ НАСОЧЕНИ КОН ПРВОТО ГОСТУВАЊЕ
Иако не е лесно
да не се размислува и да не се коментираат случувањата на „вечното дерби„
фудбалерите на Пелистер имаат само една мисија до крајот на неделата, таа
мисија се вика Хоризонт Турново.
7. 8. 2014.
Централниот регистар го „извиси„ Пелистер, сега клубот трепери за преживување
КАТАСТРОФАЛЕН РАСПЛЕТ И СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ПЛАНОВИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО НОВАТА СЕЗОНА
Еден од двата најтрофејни македонски ракометни клуба, битолски Пелистер ги минува најтешките денови за егзистенција, посебно по денешното известување за јавноста кое потврдува дека клубот ќе мора во експерсен рок да се трансформира во АД доколку сака да се натпреварува во Супер лигата.
Еден од двата најтрофејни македонски ракометни клуба, битолски Пелистер ги минува најтешките денови за егзистенција, посебно по денешното известување за јавноста кое потврдува дека клубот ќе мора во експерсен рок да се трансформира во АД доколку сака да се натпреварува во Супер лигата.
Пријавите се на:
Постови (Atom)























