30. 4. 2014.
29. 4. 2014.
Пелистер пречесто затајува на клучните натпревари
ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ „ПЕЧАТ ЗА ЕВРОПА„ А ПЕЛИСТЕР ПАК СЕ „ЛИЗНА„
ВО НАЈПОТРЕБНОТО
Саботниот меч со Работнички беше меч-топка за четврто
излегување на фудбалерите на Пелистер на меѓународна сцена. Победа значеше
голем исчекор, скоро 90% завршена работа, па дури и некој поглед кон титулата.
Но по поразот кој следеше во врнежливото битолско попладне, сега пред зелените
е потешкиот пат да се стигне меѓу четирите екипи кои ќе играат во европските
купови, а титулата е невозможна мисија.
28. 4. 2014.
Наредниот викенд ќе биде одбојкарски во Битола
ТРИ ОДБОЈКАРСКИ МЕЧЕВИ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ВО СКЛОП НА ВТОРИОТ ТУРНИР НА ОК ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
Првиот викенд во
мај во Битола ќе мине во знакот на одбојката. Втора година по ред во
организација на ОК Пелистер Волеј ќе се одржи одбојкарски турнир, во кој меѓу
12 и 17 часот во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито„ ќе се одиграат
три одбојкарски натпревари.
27. 4. 2014.
Констанца на Final four на ЕХФ Купот во Берлин
ПРВАКОТ НА РОМАНИЈА ОБЕЗБЕДИ МЕСТО ВО ГОЛЕМАТА ЧЕТВОРКА НА ЕХФ КУПОТ
Ракометарите на
Констанца на македонскиот тренер Звонко Шундовски и интернационалецот Бранислав
Ангеловски го остварија најголемиот успех во клубската историја, откако се
пласираа во полуфиналето на ЕХФ Купот на Final four турнирот во Берлин на 17 и 18 мај.
Работнички ги спушти пелистерци на земја
ГОСТИТЕ ОД СКОПЈЕ ПОКАЖАА КАРАКТЕР И
СНАОДЛИВОСТ ПО ТЕШКИОТ ТЕРЕН И ЗАСЛУЖЕНО ГО ДОБИЈА ДЕРБИТО ВО БИТОЛА
Пелистер - Работнички 1:2 (0:1)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола.
Гледачи: 500
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса Емрулаи и Насиф Љатифи (сите од
Тетово)
Делегат: Блерим Бесими (Тетово)
Стрелец: Главевски во 89 минута за Пелистер, а
Тодоровски во 3 и Маневски во 54 минута за Работнички
Жолти картони: Елмазовски (Пелистер), Силјановски,
Трајчевски (Работнички)
Црвени картони: Трајчевски во 85 минута за
Работнички
26. 4. 2014.
Пелистер го „прескокна„ Прилеп и се избори за меч со Металург
ПЕЛИСТЕР ОБЕЗБЕДИ ЧЕТВРТФИНАЛЕН МЕЧ НАЈВЕРОЈАТНО ПРОТИВ МЕТАЛУРГ ВО НАЦИОНАЛНИОТ КУП
Пелистер - Прилеп
33:23 (18:10)
Игор Николовски
со победа дебитираше на клупата на Пелистер, откако битолчани обезбедија меч со
Металург за пласман на ракометниот Final four на Купот на Македонија во Охрид на 17 и 18 мај.
Екипата на Пелистер беше пресилен залак за лидерот во Првата лига, Прилеп и го
совлада со 10 голови разлика.
„Пелистерка„ со екстра премија за пелистерци
10.000 МОТИВИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ДА СЛАВАТ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА
На последниот
тренинг пред натпреварот со
Работнички, еден од клубските
спонзори на ФК Пелистер оваа сезона „Пелистерка„ ги посети фудбалерите на и им вети 10.000 евра доколку на следните
два натпревари од можните 6 освојат најмалку 4 бода.
Пелистер ги „наплаќа сметките„ против „романтичарите„
ЕКИПАТА НА БОЧЕВСКИ ЖЕЛНА ЗА РЕВАНШ ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ОД СКОПЈЕ
Ремито против
Вардар ги охрабри пелистерци во пресрет на последните четири натпревари, а прв
од нив е денешниот против Работнички. Трет меч во Битола оваа сезона меѓу двата
ривали, а традицијата вели дека битолчани се фаворити по двете победи од по 1:0
во првенството и Купот.
25. 4. 2014.
Загрижува коленото на Воденичаров
БИТОЛЧАНИ ДИСКРЕТНИ ОПТИМИСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЛЕДНИТЕ
ЧЕТИРИ КОЛА ОД ШАМПИОНАТОТ
Тешките натпревари во краток временски интервал и напорот по
дождливото време во средата, оставија последици врз фудбалерите на Пелистер. Голем
дел од нив се жалат на умор, а најсериозно делува коленото на Димитар
Воденичаров.
24. 4. 2014.
„Празно множество„ на Филип втори
РЕМИ БЕЗ МНОГУ ЕМОЦИИ ВО ПОСЛЕДНОТО ТРЕТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА
Прва фудбалска лига - 29 коло
Вардар - Пелистер
0:0
Национална арена
„Филип Втори“ - Скопје. Гледачи: 1000
Главен судија:
Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески
и Лазе Чакарески (Струга)
Делегат: Ацо
Алексоски (Прилеп)
Стрелци: нема
Жолти картони: Иванов,
Рељиќ, Ѓорѓиев (Вардар), Христов, Ковачев, Пашовски, Трајковски (Пелистер)
Црвени картони: нема
23. 4. 2014.
Адутот на Пелистер е императивот и притисокот врз Вардар
ПЕТ ФИНАЛИЊА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР ГО ПРЕФРЛА ПРИТИСОКОТ КАЈ ЛУТИОТ РИВАЛ
Денес по утринскиот
тренинг, фудбалерите на Пелистер и стручниот штаб заминуваат во Скопје каде во
карантин ќе го подготвуваат најважното „вечно дерби„ веројатно во историјата.
Двете екипи играле многу значајни натпревари, играле и едно финале на Купот, но
никогаш заеднички не се бореле за титулата, овој пат во друштво на уште три
екипи, па исходот од утрешниот меч може да биде одлучувачки.
Никогаш поважно “вечно дерби„ во историјата
КОГА ВО ИГРА
ОСТАНАА САМО 15 БОДА, ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР СО СВОИ СМЕТКИ ГЛЕДААТ НА ПОСЛЕДНИОТ
МЕЃУСЕБЕН МЕЧ ОВАА СЕЗОНА
50 дена по
последното „вечно дерби„ Вардар и Пелистер пак се соочуваат еден против друг во
многу важен за меч за двете екипи и за расплетот во горниот дел на табелата.
Битолчани по вчерашниот тренинг одпатуваа во главниот град во карантин, каде во
мир ќе го подготвуваат едно од петте финалиња до крајот на шампионатот.
21. 4. 2014.
Важна плеј-оф победа на Универзитатеа Крајова
КИТАНОВСКИ НЕ НАСТАПИ, НО УНИВЕРЗИТАТЕА КРАЈОВА НЕ ГИ ДАВА БОДОВИТЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
Патот кон Првата
романска лига, Универзитатеа Крајова на Томе Китановски го почна со првата плеј-оф
победа на домашен терен. Совладана е екипата Олт Слатина со 4:1. Китановски не
настапи и целиот меч го одгледа од клупата, а за екипата на Габриел Балинт
головите ги постигнаа Плесан во 12 и 48, Изворану во 60 и Чурелеа во 85 минута.
20. 4. 2014.
Новески и Мајнц немаа сили за подвиг во Дортмунд
ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ПРЕСИЛЕН ЗА ЕКИПАТА НА НОВЕСКИ
Во
најспектакуларниот натпревар од 31 коло на Бундеслигата, европскиот вицешампион
Борусија Дортмунд го совлада Мајнц 05 на Николче Новески со 4:2 на „Сигнал
Идуна пар„ во Дортмунд. Новески ги одигра сите 90 минути, во меч кој беше дуел
на Јирген Клоп против неговата бивша екипа.
Драгарски погоди за прекин на поразите
ПО ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ, ГОЛЕМА ПОБЕДА НА БИТОЛЧАНИ ПРОТИВ ЕУРОМИЛК
Прва фудбалска лига - 28 коло
Пелистер - Еуромилк 1:0 (1:0)
Градски стадион
под Тумбе кафе. Гледачи: 1200
Главен судија:
Далибор Ѓорѓевски
Асистенти: Гоце
Николов и Орце Стефановски (сите од Куманово)
Стрелец:
Драгарски во 23 минута
Жолти картони:
Брдаровски, Миленковски, Петковски (Пелистер), Стојковски, Мицков (Еуромилк)
Црвен картон:
Стојковски (Еуромилк) во 50 минута
17. 4. 2014.
На Пелистер не му помогнаа ниту 42 поени на Радисављевиќ
ПОРАЗ ВО ДОБИЕН НАТПРЕВАР ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЧАЛОВ ПРОТИВ ВАРДАР АПАВЕ
Пелистер - Вардар
Апаве 77:83 (21:15, 21;15, 17:22, 18:32)
Неколку дена по
катастрофалниот пораз од преку 40 разлика во главниот град, кошаркарите на
Пелистер загубија добиен натпревар и пред своите гледачи против Вардар Апаве.
Долго време момците на Печалов имаа водство и контрола, но во последниот период
играа катастрофална одбрана и им дозволија на црвено-црните да слават.
Лесна победа на Славија во Бургас
НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ФЕНЕРЏИЈАТА, СЛАВИЈА ЛЕСНО ДО НОВА ПОБЕДА
Трета победа на
последните четири натпревари од плеј-аутот во бугарската лига за Кире Ристевски
и неговата Славија. Во вонредното 34 коло, екипата од главниот град лесно
славеше на гостувањето кај Нефтохимик Бургас со 0:3. Василев во 59, Иванов 72 и
Јанков во 79 минута беа стрелци на головите за белите. Кире Ристевски како и
цела оваа пролет ги одигра сите 90 минути на средбата.
Против Еуромилк без Мојсов и Ковачев
ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА ДРАГАН БОЧЕВСКИ ПРЕД САБОТНИОТ МЕЧ СО ЕУРОМИЛК
Како поразот од
Металург да не беше единствената лоша вест за навивачите на Пелистер,
подготовката за мечот со Еуромилк в сабота исто така не носи ништо добро за
зелените. Заради акумулација на жолти картони дефанзивецот Мартин Ковачев и
фудбалерот за врска Ѓорѓи Мојсов нема да настапат против прволигашот од Лисиче.
Италијанскиот Емполи ќе скаутира во Битола
ПО АРСЕНАЛ И КЕЛН, УШТЕ ЕДНА ЕКИПА ОД ЗАПАДНА ЕВРОПА ЌЕ ОРГАНИЗИРА СВОЈ КАМП ВО МАКЕДОНИЈА
Спортската
организација СПОРТ ТАЛЕНТ од Битола
со фудбалската академија ИСМ и ФК Емполи од Италија наредниот месец од 22 до 25 мај во Битола ќе организираат
тренинг камп, кој ќе претставува
директна техничка селекција за млади фудбалски таленти од 12 до 18 години.
Пријавите се на:
Постови (Atom)






















.jpg)


