Powered By Blogger

14. 2. 2014.

Коњарски до крајот на сезоната во Напредок

БИТОЛЧАНЕЦОТ СЕ „СКРАСИ„ ВО КИЧЕВСКИ НАПРЕДОК, ОТКАКО НЕ УСПЕА ДА ЗАМИНЕ ВО ГЕРМАНИЈА  
Откако заради административни недостатоци не потпиша договор со германскиот третолигаш Елверсберг, битолчанецот Коњарски пронајде домашен ангажман. 25 годишниот фудбалер за врска  Благојче Коњарски својата кариера ќе ја продолжи во кичевски Напредок.

Денес против Охрид, наредната недела двомеч со Пролет

СКОРО КОМПЛЕТЕН ТИМОТ НА ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ СО ТРИ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧА ВО СЕДУМ ДЕНА
По првиот домашен тест пред точно една недела, ракометарите на Пелистер денес од 19 часот во Охрид во спортската сала „Биљанини извори„ пак ќе играат против охриѓани во вториот домашен тест, петти заедно со српскиот турнир. Дефинирани се и противниците за наредната недела.

13. 2. 2014.

ФОТО: Дуел на Пелистер и Шкупи по пет години

СТАРИТЕ РИВАЛИ, СЕГА ГОЛЕМИ СПОРТСКИ ПРИЈАТЕЛИ НА ЗЕЛЕНИОТ ТЕРЕН И НАДВОР ОД НЕГО
Минаа скоро пет години од последниот меѓусебен дуел на Пелистер и Шкупи (бивша Слога Југомагнат) Овие две екипи со голема традиција и одлични односи меѓу себе одиграа борбено и по тешките услови и констатираа дека овој тест добро ќе им дојде.

Калта ги „победи„ и Пелистер и Шкупи

ТЕШКИОТ ТЕРЕН НЕ ДОЗВОЛИ ПОДОБАР ФУДБАЛ ВО ТЕСТ МЕЧОТ НА ПЕЛИСТЕР СО СКУПИ
Пелистер - Шкупи 0:0

Стадион „Атина Бојаџи„ - Охрид. Гледачи: 100
Глевен судија: Никола Магловски (Битола)
Стрелци: нема
Жолти и црвени картони: нема

ФОТО: Битолчани ги има и во Анталија

СЕКАДЕ ПРИСУТНИ БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА СЛУЧАЈНА СРЕДБА ВО ТУРСКИОТ ГРАД АНТАЛИЈА
Голем број македонски клубови се подготвуваат во Анталија и играат тест натпревари на нешто повеќе од половина месец до стартот на пролетниот дел од шампионатот. Но не само македонските клубови, туку и клубови од соседството, од Србија, Б и Х, Бугарија и Романија имаат иста програма, со оглед на тоа што во овие национални првенства има зимска пауза.

Футсал кај нас и во Европа се две различни работи

КОИ СЕ СЛИЧНОСТИТЕ, А КОИ РАЗЛИКИТЕ НА ФУТСАЛОТ КАЈ НАС И ВО ЕЛИТНИТЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ
Деновиве присуствував на завршницата на европското првенство во футсал во белгискиот Антверпен. Овој прекрасен спорт кај нас има длабоки корени, голем број заљубеници, луѓе кои сакаат да го играат и да го гледаат овој спорт. Но кога детално ќе анализираме, футсалот кои го играме ние и најдобрите на континентот, изгледа како два различни спорта. Зошто и како?

12. 2. 2014.

Петрески: „Школата е мотор на целиот клуб„

РАЗГОВОР СО ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ НА НЕПОЛН МЕСЕЦ ПРЕД СТАРТОТ НА ПЛЕЈ-ОФОТ ВО СУПЕРЛИГАТА
Сите претходни тренерски обврски во Прилеп, на Косово, на кратко со Битола и со женската екипа на Пелистер заедно, не претставуваат ни одблиску таков голем предизвик каков што за тренерот Томче Петрески што значи доаѓањето во машката екипа на Пелистер како тренер. По блескавата кариера која од Пелистер го лансираше во Франција, каде одигра империсивна деценија, прилепчанецот веројатно сега од Пелистер треба да почне една нова светла страница во својата кариера - онаа тренерската.

Александар Ристевски нема среќа со повредите

НАМЕСТО СТАНДАРДНОТО МЕСТО ВО ОДБРАНАТА НА МЕТАЛУРГ, АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ ЌЕ МОРА НА ОПЕРАЦИЈА
Младиот 22 годишен фудбалер на скопски Металург, Александар Ристевски дефинитивно нема среќа со повредите. Централниот дефанзивец од школата на Пелистер, кој се „калеше„ во второлигаѓот Скопје и конечно се врати во Металург, пак се повреди. Имено на подготовките на скопските зелени, Ристевски почувствува болка на кичмениот столб, истата болка заради која паузираше цела сезона.

Гачевски ја одби Ријека, за да остане во Капфенберг

БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ НАСТАПУВА ВО АВСТРИЈА НЕ ГО МЕНУВА КЛУБОТ СЕ ДО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
Младиот 23 годишен голман Филип Гачевски, ќе го брани голот на австриски Капфенберг се до крајот на сезоната во австриската Бундеслига. Имено во штотуку завршениот преоден рок, младиот чувар мрежата кој потекнува од Битола, а роден е во Мурска Собота, имаше две прималиви понуди. Го бараа и српска Војводина, а инсистираше и хрватскиот претставник во групната фаза на Лига Европа, Ријека.

Сашко Дуков на позајмица во Напредок

КАВАДАРЧАНЕЦОТ НА КАЛЕЊЕ ВО НАПРЕДОК ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА 
19 годишниот напаѓач на Пелистер, Сашко Дуков до крајот на шампионатот на Првата лига, во преостанатите 14 мечеви ќе го носи дресот на кичевски Напредок на позајмица. Управата на Пелистер се одлучи на овој потег како кавадарчанецот би имал можност повеќе да игра и да го наметне својот квалитет. Се работи за младо момче кое многу рано замина во странство во младинските категории на ОФК Београд, Кубан Краснодар и сега во Пелистер.

11. 2. 2014.

В петок возвратен дуел: Охрид - Пелистер

ВТОРИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПАК ПРОТИВ ОХРИД, ОВОЈ ПАТ ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „БИЉАНИНИ ИЗВОРИ„
По победата над Охрид од 30:24 минатата недела во спортската сала „Младост„ во Битола, битолски Пелистер на Томче Петрески веќе в петок ќе го возврати гостувањето кај суперлигашот од најпознатиот македонски туристички центар. Екипата на Андоноски ќе биде домаќин во мечот кој ќе започне во 19:30 часот.

Борац Чачак и Напредок, спаринг партнери на пелистерци


СРПСКИОТ ПРВОЛИГАШ БОРАЦ И „ФЕНЕРЏИЈАТА„ НАПРЕДОК, ПОСЛЕДНИ ПРОТИВНИЦИ НА ПЕЛИСТЕР ВО ОХРИД
Од денес фудбалерите на Пелистер се наоѓаат на подготовки во Охрид, каде ќе останат до крајот на наредната недела, а потоа ќе ги финализираат истите во Битола на само 10 дена до пролетното деби со Работнички. Имено федерацијата го помести првото пролетно коло за 1 март, а до тогаш уште четири пати Бочевски ќе ги тестира фудбалерите за да го најде вистинскиот тим за официјалните мечеви. Така во четврток на стадионот „Атина Бојаџи„ следува мечот со Шкупи, па во недела Пелистер пак ќе игра со српски прволигаш. Борац од Чачак, каде до пред неколку месеци настапуваше Стефан Спировски ќе биде противник на зелените, додека наредната сабота пред заминување од Охрид, битолчани ќе играат со бившиот клуб на Драган Бочевски, кичевски Напредок. Се уште е непознат противникот за во битолскиот тест на 5 дена пред мечот со Работнички, но ќе биде дефиниран во текот на овие денови.

Пачовски две недели отсутен по повредата

И ПОКРАЈ МАЛЕРОТ И ПОВРЕДАТА НА ТРЕНИНГ, ТОМЧЕ ПАЧОВСКИ НАСКОРО ПАК ЌЕ БИДЕ ОНОЈ СТАРИОТ
На последниот тренинг пред мечот на неговиот Мехелен против Лувен кој заврши без голови, голманот на македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски го повреди зглобот. Битолчанецот направи се што беше во негова моќ, да настапи на мечот со екипата на Јован Костовски (кој цел меч остана на клупата), но сепак болката беше посилна.

Кире и Стефан „растураат„ во бугарските клубови

ОДЛИЧНИ НАСТАПИ НА ДВАЈЦАТА ПОТЕНЦИЈАЛНИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ КОИ ИГРААТ ВО БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ
Два одлични пријатели и продукти на школата на Пелистер, дефанзивецот Кире Ристевски и фудбалерот за врска Стефан Спировски играат одличен прв месец во нивните нови клубови, бугарските Славија Софија за Ристевски и Берое за Спировски. Двајцата се незаменливи во своите клубови, играат повеќе од стандардно, дури и одскокнуваат во Анталија, каде нивните клубови се на зимски подготовки. Ристевски беше шеф во одбраната на Славија во третата последователна победа во Анталија.

10. 2. 2014.

Започна „санацијата на штетата„ во КК Пелистер

ПО ЕГЗОДУСОТ„ НА КОШАРКАРИ И ПРОБЛЕМИТЕ, НАЈАВА ЗА ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО БИТОЛСКИОТ КОШАРКАРСКИ КЛУБ
Дали има спас и опстанок за битолскиот кошаркарскиот колектив? Тоа е прашањето кое денес поинтензивно си го поставуваат љубителите на кралицата на игрите во Битола. Последните информации се дека општина Битола префрли на сметката на клубот финансиска помош, со која управниот одбор ќе се обиде да ја „закрпи„ ситуацијата и да се обиде на екипата да му понуди подобри услови за натпреварување во борбата за опстанок.

Дејан Велевски на одстапка во 11 Октомври

ВО ПОТРАГА ПО МИНУТИ И ИСКУСТВО, ДЕЈАН ВЕЛЕВСКИ ДО КРАЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО ЌЕ НАСТАПУВА ЗА 12 ОКТОМВРИ
Младиот 20 годишен фудбалер за врска, Дејан Велевски до крајот на сезоната ќе настапува како одстапен фудбалер во второлигашот од Прилеп 11 Октомври. Тоа е одлуката која стручниот штаб и управниот одбор на Пелистер ја донесоа деновиве, откако утврдија дека и оваа пролет младиот фудбалер ќе биде „затворен„ и во потрага по минути за настап во Прилеп ќе биде стандарден.

9. 2. 2014.

Од вторник во „Белведере„ в четврток против Шкупи

ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ПЕЛИСТЕР СВОЈА БАЗА ЌЕ СТАЦИОНИРА ВО ОХРИД, КАДЕ ЌЕ ЈА МИНЕ ГЛАВНАТА ФАЗА НА ПОДГОТОВКИ 
Победите против Ренова и Јавор во вториот контролен меч и начинот како се стигна до нив, алудираат дека Пелистер е на вистински пат и ја темпира формата за фудбалската пролет. Полека се враќаат сите недоволно опоравени фудбалери, па од наредната недела се очекува и Христијан Драгарски и Благојче Главевски да добијат свои минути. Од вторник зелените ќе бидат во Охрид, во хотелот „Белведере„ каде ќе ги минат 12 дневните подготовки, од кои во многу нешта ќе зависи каков Пелистер ќе гледаме на пролет.

Јавор „влезе во пелисторовата воденица„

ДЕСЕТ ДЕНА ПО ПОРАЗОТ ВО КОНТРОЛЕН МЕЧ ОД 3:0, ПЕЛИСТЕР МУ СЕ РЕВАНШИРА НА ЈАВОР СО ПОБЕДА ОД 1:0
Пелистер - Јавор 1:0 (1:0)

Стадион „Биљанини извори„ Охрид. Гледачи: 50
Главен судија: Тоде Блажевски
Асистенти: Лозановски и Чагорски (сите од Битола)
Стрелец: Воденичаров од пенал во 45 минута за Пелистер
Жолти и црвeни картони: нема

Потврдена билијард елитата за наредниот викенд

КАКО И ШТО СЕ НАЈАВУВАШЕ, НАЈДОБРИТЕ БИЛИЈАРД ИГРАЧИ ОД КОНТИНЕНТОТ, ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ДОАЃААТ ВО ПРИЛЕП
Во билијард клубот „INSОMNIA„ во Прилеп од 14 до 16 февруари ќе се одржи најсилниот турнир во билијард некогаш одигран во Македонија. На турнирот веќе се пријавени преку 110 професионални билијард играчи.

8. 2. 2014.

Спировски најактивен во ремито на Берое со Шкендија

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОДЛИЧЕН ВО ДУЕЛОТ СО ТЕТОВСКА ШКЕНДИЈА ВО КОЈ НЕМАШЕ ПОБЕДНИК
Берое - Шкендија 0:0

Во еден од многубројните тест мечеви во турска Анталија, битолчанецот Стефан Спировски беше еден од најпозитивните во ремито без голови на бугарскиот Берое Стара Загора и засилениот македонски прволигаш Шкендија од Тетово, за која во дел од мечот настапи и бившиот напаѓач на Пелистер, бразилецот Стенио Маркос де Фонсека Салазар Жуниор.

7. 2. 2014.

„Положен првиот тест„ на новиот Пелистер

ЛЕСНА И УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПРОТИВ КОНКУРЕНТНИОТ ОХРИД
Пелистер - Охрид 30:24 (15:11)

Спортска сала „Младост„ - Битола

Пелистер:
Дрогришки 7, Димитровски 7, Илиевски 4, Вешовски 4, Георгиевски 3, Филиќ 2, Ракочевиќ 1, Кузмановски 1

Битола го чека дебито на Пелистер на Томче Петрески

СО  НЕТРПЕНИЕ СЕ ЧЕКА ДЕБИТО НА ПЕЛИСТЕР ПОД ВОДСТВО НА НОВИОТ ТРЕНЕР ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ
Толку многу озборуваниот Пелистер на Томче Петрески денес ќе го има своето деби во 2014 година пред битолската публика. Имено во потрага по што е можно подобри и поквалитетни спаринг партнери битолскиот прволигаш по враќањето од Србија, првиот контролен натпревар ќе го одигра со Охрид, вечерва од 18 часот.

6. 2. 2014.

Битолчанец под знамето на Тимор во Сочи

ПО ДУНИМАГЛОВСКА, МАРКОВСКИ И СТОЈАНОВСКИ, УШТЕ ЕДЕН НАШ СОГРАЃАНИН НА ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА
Битолчанецот Александар Витанов е дел од Зимските олимписки игри во Сочи. Како тренер на олимпискиот тим од Тимор тој и неговите скијачи ќе се борат за што е можно подобар пласман во алпските дисциплини слалом и велеслалом. Витанов е изданок на школата на СК Пелистер и долги години настапуваше на натпреварите низа нашата земја и во странство во потрага по ФИС бодови.

Битолските планинари го освоија и Килиманџаро

НОВ ПОДВИГ НА ПЛАНИНАРИТЕ ОД НАШИОТ ГРАД И ОД ПСК „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО„
Да се занимавате со планинарство значи запознавање на убавините на земјите, откривање на сопствените духовни богатства и запознавање на внатрешните способности. Планинарскиот Спортски Клуб „ Димитар Илиевски- Мурато" е дел од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија и ја продолжува традицијата на спортско планинарење.

Пелистерци го „разбија гипсот„ во Охрид

ЛЕСНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО КОНТРОЛНИОТ МЕЧ ВО ОХРИД ПРОТИВ РЕНОВА ОД ЏЕБЧИШТЕ
Пелистер - Ренова 2:0 (1:0)

Стадион „Биљанини извори„ Охрид. Гледачи: 50
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Никола Дрновски и Никола Дацовски (сите од Битола)
Стрелци: Љамчевски во 15 и Ковачев во 72 минута за Пелистер
Жолти и црвни картони: нема