Powered By Blogger

31. 5. 2013.

Математика може само да му наштети на Пелистер

ВТОРО КОЛО ПО РЕД ПЕЛИСТЕР МОРА ДА ПОБЕДИ И ДА ЧЕКА ПОЗИТИВЕН ИСХОД ОД ВТОРИОТ НАТПРЕВАР
Победата против Шкендија ги осоколи пелистерци дека можат работата околу опстанокот да ја завршат веќе в недела со победа против Напредок. Но работите не зависат од Пелистер по ремито на Дрита на теренот на Ренова. Затоа за опстанок на Пелистер сега му требаат три бода од мечот со кичевчани и помош од Шкендија на теренот во Боговиње.

30. 5. 2013.

Ристевски тешко повреден, загубен за подолг период

БЕЗ КАРИЗМАТИЧНИОТ КАПИТЕН, ПЕЛИСТЕР ЌЕ БРКА ОПСТАНОК В НЕДЕЛА ПРОТИВ НАПРЕДОК
Победата во Гостивар против Шкендија имаше горчлив вкус за пелистерци. Не само заради ремито на Дрита во Тетово со Ренова, со кое битолчани не зависат сами од себе на последниот меч, туку и заради тешката повреда на капитенот Ристевски.

29. 5. 2013.

Драгарски го продолжи сонот за директен опстанок

ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ГОСТИВАР ЗА НЕДЕЖ И ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА
Прва фудбалска лига - 32 коло

Шкендија - Пелистер 0:1 (0:1)

Со голот за на Христијан Драгарски во 45 минута, Пелистер славеше во Гостивар, каде Шкендија беше домаќин.

Убедлива победа на Пелистер во Куманово

ЛЕСНА, УБЕДЛИВА И ДВОЦИФРЕНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО КУМАНОВО
Куманово - Пелистер 23:32 (10:16)

Судии: Сашо Кркачев Сашо и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Душко Камишевски (Скопје)

28. 5. 2013.

Димовски државен првак во тешка категорија

БИТОЛЧАНЕЦОТ ДИМОВСКИ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО КИК-БОКС ВО КАТЕГОРИЈА ПРЕКУ 91 КИЛОГРАМ
Кик боксинг федерацијата на Македонија во рамките на активностите според календарот за 2013 година во салата на „ОУ Круме Кепески„ во Скопје го одржа Државно првенство. Техничката  организација  беше на клубот „Бумар“. На шампионатот се натпреваруваа 68 спортисти од 18 клуба, во дисциплините и тежинските категории.

Пелистерци со низок профил, бркаат победа под Шара

БЕЗ ФАВОРИТСКА УЛОГА И ПОМПАЗНИ НАЈАВИ, БИТОЛЧАНИ СЕ НАДЕВААТ НА ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК СО УСПЕХ ВО ТЕТОВО
Веќе од поодамна кога во Битола се најавуваше некој меч како меч на сезоната, или најважен дуел во овој период, фудбалерите не одговараа на предизвикот. Затоа сега без дополнителна пресија, Пелистер се обидува во мир да го подготви мечот со Шкендија и да не се надева премногу на чуда.

Малку од Ван Гал, малку од Хејнкес, малку од Замер...

КАКО БАЕРН СТРПЛИВО И ПЛАНСКИ ЈА ПОКОРИ ЦЕЛА ФУДБАЛСКА ЕВРОПА 
Одеднаш преку ноќ, една од најмалку комерцијалните екипи во Европа, една од екипите која има етикета на голем клуб веќе одамна, но не е медијатичка како екипите од латинскиот свет и Премиер лигата, стана екипа за која се интересираат сите.

27. 5. 2013.

Без математика за пелистерци во Тетово

НА ТЕРЕНОТ КАДЕ МНОГУ РЕТКО ПОЕНТИРАЛЕ, ПЕЛИСТЕРЦИ СЕГА ЌЕ МОРААТ ДА ПОБАРААТ БОДОВИ ЗА ОПСТАНОК
Минаа скоро десет дена од мечот со Ренова и последната победа во меч за бодови на битолски Пелистер. Во тој период наредниот ривал на зелените, тетовска Шкендија имаше тензични две продолженија од финалето на Купот против Тетекс.

26. 5. 2013.

Кугларите се вратија со сребро од мундијалот

СОКОЛОВСКИ И КОЛЕГИТЕ МУ ДОНЕСOA МЕДАЛ НА МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Машката кугларска репрезентација на Македонија освои сребрен медал на Светското првенство кое се одржува во Залаегерцег, Унгарија. По фантастичната победа над Србија и влезот во финалето, нашите куглари ги одмерија силите со домашната селекција на Унгарија и беа поразени, со 4012 наспроти 3809 соборени кегли.

25. 5. 2013.

Кога Купот вреди повеќе од првенството

Велат дека во модерниот фудбал во Европа има два начини на резонирање. Првиот е дека сите трофеи се со иста важност, трофеј си е трофеј. Но вториот резон е оној во кој повеќето веруваат. Денес постојат два големи трофеи: Европската титула од Лигата на шампионите и титулата од националните првенства (барем во најсилните 6-7 лиги) се единствените големи трофеи, а сите останати Купови, Лигата на Европа, Лига купови, Суперкупови се мали трофеи.

24. 5. 2013.

Скапо платена победа на Металург во Битола

ПОВРЕДАТА НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ ЈА ФРЛИ ВО ВТОР ПЛАН ЛЕСНАТА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ВО БИТОЛА
 Пелистер - Металург 20:34 (10:20)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 400
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Делегат: Јован  Василев (Битола) 

20. 5. 2013.

По првенството и Купот за Шундовски и Ангеловски

НОВА ДВОЈНА КРУНА ЗА КОНСТАНЦА СО ШУНДОВСКИ И АНГЕЛОВСКИ КАКО ГЛАВНИ ПРОТАГОНИСТИ
Нов одличен резултат на македонската колонија во Романија. Неколку недели по освојувањето на првенството на оваа земја, Констанца на Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски на убедлив начин го освои и националниот Куп на оваа земја.

Четири бода во една недела за надеж

РЕМИТО ВО СКОПЈЕ СО ТЕТЕКС И ПОБЕДАТА НАД РЕНОВА ГИ ОСВЕЖУВА НАДЕЖИТЕ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ЗА ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК
Тетекс - Пелистер 0:0

На стадионот во Ѓорче Петров Тетекс и Пелистер одиграа досадни 0:0 во меч со мал број на зрели шанси. Домашната екипа беше подобар противник и преку Генц Исени во првиот дел имаше две големи шанси, но не беше расположен на целиот натпревар и не ја погоди целта. Пелистер беше претпазлив и ретко креираше можности за гол.

19. 5. 2013.

Никнаа нови тениски терени во Битола

ОТВОРЕНИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА БЕЛИОТ СПОРТ ВО БИТОЛА

Денес заврши асфалтирањето на трите нови тениски терени кои се наоѓаат кај градскиот стадион под Тумбекафе.Проектот е на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт, финансиран од  Буџетот на Владата на Република Македонија и во висина од 11 милиони денари.

17. 5. 2013.

Очекувана победа на шампионот во Скопје

ОТПОР ОД САМО ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ И ПОРАЗ ОД 16 РАЗЛИКА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО АВТОКОМАНДА

Металург - Пелистер   35:19 (16:12)

Металург:
Станиќ (10 одбрани + 2 седмерци), Митревски (3 одбрани + седмерец), Левов 1, Димовски 6, Вугринец 1, Наумовски, Георгиевски, Маркоски, З.Мојсоски 2, Додер 5, Батиновиќ 3, Јоновски, Мандиќ 4, Алушовски 9, Коражија 4    
Седмерци: 2/5  
Исклучувања: 2 минути

Пелистер:
Нечков, Илиевски 1, Костовски 3, Ангеловски 7, Гаревски 1, Чурлевски 1, Најдовски, Тодоровски, Дрогришки 1, Димитровски 2, Кузмановски 3, Ивановски, Божиновски
Седмерци: 3/6  
 Исклучувања: 2 минути

Судии: Куртовиќ Цане и Георгиевски Митко од Скопје.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Пред неколку дена се одигра заостанатиот натпревар од третото коло на македонската суперлига меѓу екипите на Металург и на Пелистер. Металург извојува рутинска победа, со резултат 35:19 (16:12).

16. 5. 2013.

Џудистите од Битола ја коваат стратегијата за Охрид

ЏК Пелистер домаќин на подготовките на надежите од целта држава за балканскиот шампионат во Охрид
Најдобрите млади џудисти и џудистки од Македонија, околу 30, во јуниорска и во кадетска конкуренција, деновиве во Битола ги завршуваат подготовките за претстојниот Балкански шампионат што викендов ќе се одржи во Охрид.

Надежите на Пелистер државни прваци

ВО БИТОЛА СО ДОМАШНА ПОБЕДА ЗАВРШИ РАКОМЕТНИОТ FINAL FOUR ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА МЛАДИНЦИ
Младинските ракометари на Пелистер се шампиони во младинската лига на Македонија по фајнал-форот, кој се одржа во Битола, во спортската сала “Младост“. “Пелистерци“ со видно голем замор, поради тешката средба во полуфиналето против екипата на Текстилец, само поради фактот дека играа со повозрасни, се надминаа себеси во финалето против екипата на Вардар.

15. 5. 2013.

Ќе се појави ли новиот Лобановски?

Многумина мислат дека нашите повозрасни пријатели, родители или познаници од секогаш навивале за бившиот Советски сојуз, сега Русија и Украина, Динамо Киев или Зенит само заради симпатиите кон земјата, заради православната вероисповест, заради други надворешни влијанија. Но едно е непобитно точно. Советската фудбалска школа е една од првите и најдобро структуираните низ децениите на полупрофесионазација и целосната професионалност.

14. 5. 2013.

„Ресетиран„ Пелистер за гостувањето кај Тетекс

МОЖАТ ЛИ ЗЕЛЕНИТЕ ЗА САМО ТРИ ДЕНА ДА ГО ЗАБОРАВАТ КАТАСТРОФАЛНИОТ МЕЧ СО СИЛЕКС И ДА СЕ НАСОЧАТ НА МЕЧОТ СО ТЕТЕКС? 
Поразот од Силекс ги расипа сите можни планови, сите комбинации, сите математики на Пелистер. И сериозно го разниша моралот на зелените кои до тој момент се надеваа на опстанок без бараж. Сега во пресрет на мечот со Тетекс во Скопје, зелените не зависат сами од себе за својот финален пласман и пак имаат сериозни проблеми со составувањето на тимот.

13. 5. 2013.

Не сите бразилци знаат да играат самба

Кога сте професионален фудбалер од Бразил, а такви има неколку милиони, нивните сништа секогаш се сведуваат на едно - еден ден да го облечат жолто-синиот дрес на најфудбалската нација, да играат за Бразил макар 1-2 минути, да ја испеат химната, да се помолат, да го бакнат грбот на петкратниот светски првак.

12. 5. 2013.

Штипјани најдобри, битолчани добри организатори

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВО БИТОЛА ОРГАНИЗИРАН ЕКИПНИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БОКС 
По три години љубителите на боксот во Битола имаа прилика да гледаат официјални боксерски натпревари, кои беа организирани од страна на боксерската федерација на Македонија, преку битолскиот боксерски клуб Бранител.

Ѓорѓиев се забавуваше под Тумбе кафе

ДЕБАКЛ НА ПЕЛИСТЕРЦИ И ИНВИДУАЛНО ШОУ НА НАПАЃАЧОТ ЃОРЃИЕВ КОЈ ПОСТИГНА ЧЕТИРИ ГОЛА ВО БИТОЛСКАТА МРЕЖА
Прва фудбалска лига - 29 - коло

Пелистер - Силекс 2:4 (1:2)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Душко Милошевски (сите од Скопје)
Делегат: Тони Донев (Валандово)
Стрелци: Ѓорѓиев во 18 од пенал, во 29 ,73 и 84 минута за Силекс, а Лескароски во 45 и Миленковски во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Китановски, Ристевски, Димитровски (Пелистер), а Мијатовиќ, Иванов (Силекс)
Црвени картони: Т. Магловски во 29 минута за Пелистер

11. 5. 2013.

Французите „коваа злато„ под Алпите

 За некој кој не создал природен проект во својата земја и опкружување да направи голем исчекор, потребно е нечије влијание. Така светскиот фудбал има многу влијанија кои оставиле трага кај некоја нова фудбалска сила. Пред 25-30 години беше чудно да се видат така добри квалитетни афрички фудбалери какви што гледаме денес.

10. 5. 2013.

Нов почеток за пелистерци со Димов на клупата

СО СИЛЕКС ПЕЛИСТЕРЦИ НЕМААТ ПРАВО НА ГРЕШКА АКО САКААТ ДА ГО ФАТАТ ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ ЗА ОПСТАНОКОТ
Минаа пет сезони од последниот шампионат во кој на клупата на Пелистер во текот на сите 33 коло седеше еден тренер. Тоа беше Неџат Хусеин во последната супер позитивна сезона на пелистерци, кога беа третопласирани и обезбедија место во Европа. Од тогаш турболентно се менуваа предводниците на „зелениот брод„ Пелистер го водеа Љамчевски, Мацков, Цветановски (како в.д. решение), пак Хусеин, Секуловски, Димов, Михајлов, Здравков.

Небеско-синото се врати во мода

Во една прилика големиот Ариго Саки ја објаснуваше италијанската филозифија на фудбалската игра. Неговата теза почнуваше многу подлабоко, многу повеќе од спортскиот фактор „Не е лесно да се смени идентитен и менталитет на една изградена нација. Нашиот начин на живот, нашата надворешна политика, нашиот национален став е дефанзивен, претпазлив. Па таков ни е и фудбалот. Со баланс, со организација, но дефанзивен„ велеше Саки.