Powered By Blogger

31. 1. 2013.

Митревски и Тодоровски судат во Волгоград

БИТОЛСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СУДИСКИ ПАР ЌЕ ЈА ДЕЛИ ПРАВДАТА ВО РУСКИОТ ВОЛГОГРАД
Ново големо признание за битолскиот судиски пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Само некој ден по нивното враќање од светското првенство во Шпанија, каде ги следеа натпреварите на поискусните колеги, битолските судии добија нов предизвик во евро-куповите.

28. 1. 2013.

Тони Мегленски и Симеон Христов во зелениот дрес

БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ГО ОБЕЛОДЕНИ ВТОРОТО, ПА И ТРЕТОТО ЗАСИЛИВАЊЕ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН
31 годишниот фудбалер за врска, Тони Мегленски е нов член на битолски Пелистер и второ засилување во зимскиот преоден рок за екипата на Гордан Здравков. Ова искусно име треба да даде стабилност во средниот ред на пелистерци во вториот дел од првенството.

21. 1. 2013.

Пелистерци уште не ги „запалиле моторите„

Од исходот на Светското првенство, зависи и кога РК Пелистер ќе почне да го подготвува пролетниот дел од шампионатот
Додека сите погледи на љубителите на ракометот во Битола се вперени во тв екраните и со големо внимание ги следат настапите на македонската ракометна селекција на светското првенство во Шпанија ракометарите на Пелистер се уште се во очекување на стартот на подготовките за пролетниот дел

17. 1. 2013.

Тече пријавувањето за спортист на Битола за 2012 година

СОЈУЗОТ НА СПОРТОВИ НА БИТОЛА НАЈДОЦНА ДО 25 ЈАНУАРИ ЌЕ ГИ СОБЕРЕ ДОБИЕНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ОД СВОИТЕ ЧЛЕНКИ
Сојузот на спортови од Битола деновиве го објави конкурсот за избор на најдобри спортисти и спортски екипи. Потпретседателот на Сојузот на спортови од Битола, Ѓуро Илиќ, за годинашниот избор вели: Сојузот на спортови оваа година ќе го одржи традиционалниот избор за спортист на Битола за 2012 година.

Здравков: „Задоволство е да се биде тренер на Пелистер„

ПЕЛИСТЕР ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВТОРАТА ПОЛУСЕЗОНА СО ПРВИТЕ ТРЕНИНЗИ ПОД ГОРДАН ЗДРАВКОВ
Екипата на Пелистер под водство на новиот стратег Гордан Здравков во средата на својот стадион во Битола ги стартуваше подготовките за новата сезона. Без ниту едно ново име засега, со тројца прекомандувани младинци кои ќе го одработуваат тренажниот процес со сениорскиот тим „зелените“ стартуваат со подготовките кои треба да овозможат квалитетна форма во битката за опстанок престојнава пролет.

15. 1. 2013.

Здравков прозива утре во 13 часот

ОТКАКО ГО РЕШИЈА ПРАШАЊЕТО НА ТРЕНЕР, ВО ПЕЛИСТЕР СЛЕДУВА ПРОЗИВКАТА БЕЗ НИТУ ЕДНО НОВИ ИМЕ А ПОТОА И ПРЕОДНИОТ РОК
Новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер Гордан Здравко само пет дена откако беше назначен, ќе ја има официјалната прозвика за старт на зимските подготовки на Пелистер. Во ростерот кој утре ќе истрача под Тумбе кафе во 13 часот нема да се појави ниту едно ново име. Преодниот рок за пелистерци почна нешто подоцна заради дефинирањето на финансиската конструкција, па нема да биде лесно да се доведат нови фудбалери во клубот од Битола.

11. 1. 2013.

Гордан Здравков нов тренер на ФК Пелистер

НОВИОТ ТРЕНЕР ОД ДЕНЕС И ОФИЦИЈАЛНО НОВ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР ЗА ОВАА ПОЛУСЕЗОНА
Само еден ден откако легнаа парите на сметката на ФК Пелистер напрвени се првите два чекори за реконструкција на клубот и тимот. Така штипјанецот Гордан Здравков од денес е нов тренер на Пелистер со договор до крајот на сезоната и можност ако двете страни бидат задоволни и за наредниот шампионат.

9. 1. 2013.

Градот Битола го помогна ФК Пелистер со 3,5 милиони денари

ДОЈДЕ КРАЈ НА ДОЛГИТЕ ПЕРИПЕТИИ ОКОЛУ ФИНАНСИСКИОТ „КОЛАЧ„ ЗА ФК ПЕЛИСТЕР
Денеска по подолго очекување општина Битола како и што вети пред празниците префрли финансиски средства на сметката на фудбалскиот клуб Пелистер. Според информации префрлените финансиски средства се во висина од 3,5 милиони денари.

8. 1. 2013.

Пелистер активен на две полиња за својата идинина

СЕ УШТЕ ЗЕЛЕНАТА МАСА ОДЛУЧУВАЧКА ЗА ТОА КАКОВ ПЕЛИСТЕР НЕ ОЧЕКУВА ВО 2013 ГОДИНА
Одлучувачки денови за иднината на Пелистер се деновите кои следат. Управата на клубот во соработка со градските власти кои се главен акционер на клубот, работат на две полиња за реконструкција на планот за битолскиот спортски љубимец во 2013 година.

Вардар и Пелистер добиваат странски газди

На повидок решение на финансиските грижи за двата македонски фудбалски бренда
Италијански пари влегуваат во Вардар, додека во Пелистер ќе финансира странска фирма со македонски бизнисмен и бизниси ширум Европа Без разлика на тоа каде се Вардар и Пелистер на табелата, дуелите меѓу  нив секогаш предизвикувале огромно внимание во македонскиот фудбал.

3. 1. 2013.

Ново исчекување во Пелистер

ПРОЛОНГИРАНИ ОДЛУКИТЕ ВО ПЕЛИСТЕР ЗА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА, ШТОМ ЌЕ БИДЕ ОТКРИЕН КОМПЛЕТНИОТ КЛУБСКИ БУЏЕТ
Слично како минатото лето во Битола веќе половина месец не може да се реализира спортскиот проект за 2013 година заради се почестите одлагања околу финансискиот дел од главниот акционер општина Битола. Така според најновите инфомации клубот ќе мора во периодот од целата наредна недела да ги реши најавените новини.

30. 12. 2012.

Битола е душата и талентот на спортска Македонија

Звучи неверојатно, но Битола е спортски феномен. Битола е душата и талентот на спортска Македонија. Така било пред 50 години, така било кога успесите сме ги делеле во бившата држава, така е ден-денес. А верувам дека и без дилеми така ќе биде и во иднина. Колку само атлети не направиле горди во минатото, ги надминале сите спортски граници, станале идоли на младите и и ден денес со задоволство се присеќаме на нив. Еве само дел од долгата низа на оние кои можат да се наречат ЛЕГЕНДИ...

29. 12. 2012.

Три девојки и Шундовски, битолски номинации на АМС

Нашиот град со четири номинации за најдобри во 2012 година според Агенцијата за млади и спорт
Агенцијата за млади и спорт ги објави номинираните спортисти во изборот за најдобрите во 2012 година. Битола ја претставуваат трите девојки во категоријата спортистка на годината, а селекторот на ракометарите Звонко Шундовски е номиниран за стручњак на годината.

26. 12. 2012.

И на пролет девојките ќе бидат подготвени

ПО УСПЕШНАТА 2012 ЖФК ТОП-ГОЛ ВЕЌЕ ЈА ПЛАНИРА НОВАТА ГОДИНА И ПРОЛЕТНИТЕ АКТИВНОСТИ
 Mинатиот викенд во организација на Фудбалската федерација на Македонија и претставниците на  фудбалските прволигаши се одржа состанок на кој беше усвоен календарот за натпреварување во наредната полусезона, ждребката за националниот фудбалски Куп за жени и усвојување на програмата за националните селекции.

Три злата и државен рекорд за Симоновски

МЛАДИОТ 11 ГОДИШЕН ИВАН СИМОВСКИ ОД НИШ СЕ ВРАТИ СО ПОТВРДА ЗА СВОЈОТ НЕСПОРЕН ПЛИВАЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ
Успесите на битолскиот пливач Иван Симоновски веќе не се изненадување за македонската јавност. Имено младиот битолчанец се врати со три злата и државен рекорд од меѓународниот пливачки митинг „Свет Никола 2012„ во Ниш - Србија.

25. 12. 2012.

Канатларовски има неколку понуди, Пелистер ќе избира утре

НЕИЗВЕСНОСТ ОКОЛУ ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО ВО ПЕЛИСТЕР СО ДИЛЕМИ ОКОЛУ АНГАЖМАНОТ НА БИВШИОТ СЕЛЕКТОР
Ново последно одлагање околу одлуката за евентуалното назначување на Драган Канатларовски за шеф на стручниот штаб на Пелистер. Имено првиот состанок меѓу управата и реномиранито стручњак се случи за време на викендот.

23. 12. 2012.

Оливера со нов државен рекорд

Нов блесок на најдобрата битолска спортистка и „златната„ од Лондон, Оливера Наковска - Бикола
 Македонската натпреварувачка во стрелаштво Оливера Наковска - Бикова на вчера одржаниот натпревар „Гран при” на Белград, во квалификациите  стрелаше 382 кругови со што го подобри сопствениот македонски рекорд по четврти пат. Претходниот ден таа го изедначи стариот македонски рекорд кој, исто така беше во нејзино владение и изнесуваше 381 круга.

Фени Индустри убедлив против Пелистер

Деветти меч и деветти пораз во најсилната кошаркарска лига за избраниците на Благој Печалов
Фени Индустри - Пелистер 85:58 (31:12, 10:14, 17:12, 27:20)

Минатогодишниот финалист во Првенството и Купот ја заврши 2012 година со победа која значи пласман на делба на втората позиција на табелата. Фени Индустри ја оправда фаворитската улога во дуелот со Пелистер, игран во Кавадарци и заслужено славеше со 85:58.

22. 12. 2012.

Оливера, Гордана, Влатко, па сите останати...

СПОРТОТ ВО БИТОЛА ВО 2012 ГОДИНА

Параолимписко злато, учество на шаховска олимпијада, пливачки и мото-крос успеси, враќање на ФК Пелистер во Првата лига, тонење на РК Пелистер. Тоа се главните карактеристики на спортската 2012 за нашиот град
Спортската 2012 има едно име во целата наша држава - Оливера Наковска Бикова. Нејзиниот блесок убедливо најсилно сјае, бидејќи злато, светски рекорд и интонирање на македонската химна не се случува секој ден. Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на Параолимписките игри во Лондон во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, а во квалификациите успеа да го сруши и светскиот рекорд.

Се чека одговорот од Канатларовски

ПО НЕДЕЛА НА ИСЧЕКУВАЊА, ДЕНЕС ЌЕ ДОЈДЕ ДО СРЕДБА НА ПЕЛИСТЕР СО ЕДИНСТВЕНИОТ ТРЕНЕРСКИ КАНДИДАТ – ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ
Денес е денот Д околу назначувањето на новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер. Клубот си зацрта ургентно да го назначи новиот предводник и да нема шпекулации излезе со став дека прв на листата на желби е бившиот селектор и легенда на битолскиот клуб Драган Канатларовски.

18. 12. 2012.

Кулевска нов тренер на ЖРК Пелистер

ВОЗОБНОВЕНИОТ ЖРК ПЕЛИСТЕР ДОБИ НОВ ТРЕНЕР ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
По завршувањето на есенскиот дел на женската супер ракометна лига, Управата на Пелистер донесе (не)очекувана одлука за промена на тренерот Борче Корлевски. На неговото место е назначена Андријана Кулевска. Кулевска од сега ќе биде играч,капитен и тренер на новата екипа на ЖРК Пелистер 2012.

Кобен третиот и четвртиот период

ИАКО МНОГУ ОЧЕКУВАА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕНИ ПО ОСМИ ПАТ ВО СЕЗОНАТА
Пелистер - Струмица 55:68 (10:19, 17:6, 17:20, 11:23)

Кошаркарите на Пелистер по осми пат во сезоната се поразени и тоа во мечот во кој влегоа со надеж дека можат до изненадување. Првиот меч во Струмица им остави впечаток дека можат да се надигруваат со овој противник, но во Битола шанси за такво нешто немаше.

Пак градското дерби за Пелистер

КАКО И ВО ОКТОМВРИ, ТАКА И НА КРАЈОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА ПЕЛИСТЕР РУТИНСКИ СЛАВИ ВО ДУЕЛОТ СО БИТОЛА
Пелистер - Битола  31:27 (14:12)

Последниот официјален натпревар во спортската сала „Младост„ во Битола во 2012 година беше второто овосезонско градско дерби во ракометната ВИП Супер лига меѓу Пелистер и Битола. И слично како и во првиот дел од шампионатот, пак Битола демонстрираше силен отпор, но на крајот загуби од поискусната и видливо поквалитетна екипа на Пелистер.

13. 12. 2012.

Нов тренер - главен приоритет за „зелените„

ВО ПЕЛИСТЕР ГЛАВНА ЦЕЛ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ
Утре фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер ќе го имаат последниот состанок за 2012 година на кој ќе ги догововарт деталите околу почетокот на подготовките за пролетниот дел и плановите за фудбалската пролет.

10. 12. 2012.

Снегот ги праќа пелистерци на одмор

ПО ОСВОЕНИОТ БОД ВО ТЕТОВО, ПЕЛИСТЕР СО ПОВЕЌЕ ВЕДРИНА ГЛЕДА НА СВОЈАТА ФУДБАЛСКА ПРОЛЕТ
Требаше да минат девет гостувања за фудбалерите на Пелистер да останат непоразени кога играат надвор од Битола. Ремито против Ренова не носи значителен прогрес на првенствената табела, но може многу да значи околу моралот на екипата за пролетните натпревари. До тогаш многу работи ќе се сменат кај битолскиот прволигаш.