ДАЛИ КОНЕЧНО ДОАЃА КРАЈОТ НА ГРИЖИТЕ НА РК ПЕЛИСТЕР?
Советот на Општина Битола денес ја донесе oдлуката за
изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на интерес за основање на
Акционерско друштво за вршење дејност спорт во ракометниот клуб Пелистер АД
Битола.
Во Одлуката се менува членот 1, став 2 кој ќе гласи: ,,Основач на
акционерското друштво ќе биде Општина Битола со 100% капитал". Опозицијата
реагираше за менувањето на претходната одлука, според која акциите беа 70% за
две компании, а делот на општината беше 30%. Од мнозинството објаснија дека компаниите
доставиле писмо во кое се откажуваат. Претходно битолскиот суперлигаш мака мачеше и ги проби сите рокови за
трансформација. Надежта е дека со овој потег, барем организационо Пелистер ќе
може да застане на „здрави нозе„.
Нема коментара:
Постави коментар