ИАКО ИМА 36 ГОДИНИ И ОДИГРА МАЛКУ НАТПРЕВАРИ, НОВЕСКИ Е ФУДБАЛЕР НА СЕЗОНАТА ВО МАЈНЦ
Николче Новески во анкета на „Алгемајне Цајтунг“ навивачите
на Мајнц 05 го прогласија за играч на сезоната.
Во анкетата на интернет
порталот, дури 35,7% од гласовите ги добил 36 годишниот ветеран, додека второто
место му припадна на Јоханес Гајс (24%), а трет беше Лорис Кариус со 10% од
гласовите. Повредите го ограничија нашиот фудбалер на само девет сезонски
натпревари, но за навивачите тој останува вистинска легенда и лидер.
Битолчанецот сеуште не одлучил дали и каде ќе ја продолжи кариерата идната сезона.
Нема коментара:
Постави коментар