18. 2. 2014.

ФОТО: Пелистерци уживаа во слободниот ден

НА ПОЛОВИНА ОД ПОДГОТОВКИТЕ ВО ОХРИД, БОЧЕВСКИ ИМ ДАДЕ СЛОБОДЕН ДЕН НА СВОИТЕ ПУЛЕНИ
Без разлика што вчера загубија од српскиот второлигаш Борац од Чачак, стручниот штаб на пелистерци не е незадоволен од работата, ангажманот на сите 6-7 дена на подготовките, па и од самиот натпревар. Затоа на половина од охридските 12 дена во кој зелените ги „полнат акумулаторите„ за пролетта, Бочевски им даде слободен ден на своите фудбалери.
Тие утринава го искористија прекрасниот ден за прошетка крај охридското езеро и направија заедничка фотографија, а добија и слободно попладне и излез, за да можат да здивнат по напорниот ритам кој го наметна охридскиот стручњак. Пелистер својот прв меч за бодови во 2014 година ќе го игра на 1 март во Скопје против Работнички, а првиот домашен меч под Тумбе кафе 14 дена подоцна против Македонија Ѓ.П.

Нема коментара:

Постави коментар