3. 1. 2016.

Пелистер почнува да купува напаѓачи

ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ВО НОВАТА ГОДИНА ВО ПЕЛИСТЕР ТРЕБА ДА ДОЈДАТ ВО НАПАДОТ
Битолскиот второлигаш Пелистер најави активна зима на фудбалскиот пазар и можност со купување на искусни фудбалери да го засили тимот колку што е потребно за трета промоција од Втората во Првата лига. Напаѓачот Благојче Марковски од Младост Царев двор треба да биде првото засилување во нападот, откако извесно е дека корпулетниот напаѓач ќе си замине од прволигашот оваа зима.

Голем дел од деталите се договорени и Марковски по трет пат ќе се врати во матичниот клуб. Претходно фудбалерот го носеше дресот на Силекс, Еуромилк, Ренова и Младост Царев двор. Пелистер преговара со уште неколку фудбалери од Младост Царев двор, но до овој момент нема најави за постигнување на договор. Со оглед на проблемите во нападот и само Благојче Главевски како класичен напаѓач и Иве Трифуновски како алтернатива, Пелистер покрај Марковски ќе донесе најмалку уште двајца офанзивни фудбалери. Во меѓувреме фудбалерите вчера добија плата, а ќе добијат уште една пред стартот на подготовките кон средината на јануари. Со новиот тренер Миле Димов подготовките ќе минат во Битола и Негорски бањи, а кон крајот на февруари следува и првиот официјален натпревар во новата година против Тетекс во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар