13. 12. 2015.

Србинот Чачиќ си замина од Пелистер

СРПСКИОТ ВЕТЕРАН ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР ПО САМО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ВО КЛУБОТ
Ракометарите на Пелистер вечерва гостуваат кај Работнички во Скопје, а ќе настапат без српскиот интернационалец, Младен Чачиќ. 39-годишниот лев бек влече повреда и затоа не играше, или со болки настапи на последните неколку натпревари.

Клубот и Србинот пронајдоа заеднички јазик и Чачиќ го раскина договорот, кој го имаше до крајот на сезоната и утре патува за северното соседство.Голема е веројатноста Пелистер да му биде последен клуб во кариерата на Чачиќ, бидејќи планира тренерска кариера, и ако не добие некоја примамлива понуда, ќе се пресели на клупата.

Нема коментара:

Постави коментар