3. 11. 2015.

Димитровски повикан на местото на Никола Маркоски

ЧЕТВРТ БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО ДРЕСОТ СО ДРЖАВНИОТ ГРБ ЗА ТУРНИРОТ ВО ХРВАТСКА
29 годишниот кружен напаѓач на Пелистер, Васко Димитровски е повикан во репрезентацијата на Македонија на испразнетата позиција на по повредата на Никола Маркоски. Битолчанецот ќе добие шанса за докажување против Хрватска и Црна Гора.
Прва опција на оваа позицијата е Жарко Пешевски, откако повредени се и Стојанче Стоилов и Никола Маркоски. Васко Димитровски настапуваше за екипите на Пелистер, Прилеп, Вардар, а кратко оваа година еден период мина и во Унгарија.

Нема коментара:

Постави коментар