17. 11. 2014.

Кошаркарите на Пелистер со победа се извадија за поразот во Велес

ПО ПОБЕДАТА НАД ШКУПИ, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЕ ИЗВАДИЈА ЗА ПОРАЗОТ ВО ВЕЛЕС
Пелистер - Шкупи 76:61

Кошаркарите на Пелистер ја забележаа втората победа во Втората кошаркарска лига, откако во спортската сала „Младост„ го совладаа тимот на Шкупи од Скопје со 76:61. Многу полесно од предвиденото избраниците на Благој Печалов со водство и доминација во текот на целиот натпревар, стигнаа до полн погодок.
Посебно видлива беше доминацијата под обрачите и добрата игра на Даниел Захариевски. Пелистер е на делба на третото и четвртото место со две победи и два порази, но ќе мора да почне да победува и на гостински терен за промоција во Првата лига. Во наредното петто коло, битолчани му гостуваат на последно пласираниот Дино Баскет, екипа сеуште без победа во Втората лига. 

Нема коментара:

Постави коментар