ТРПЕНИЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР Е ПРИ САМИОТ КРАЈ
Иако беше најавена разрешница на сагата околу купувањето на
ФК Пелистер, од новиот сопственик „Тумбе кафе“ ни трага ни глас. Во целава оваа
ситуација збунети се и самите фудбалери како и членовите на стручниот штаб, кои
преку соопштение до медиумите побараа итна средба со надлежните од Општина
Битола од која бараат информации од прва рака за новонастанатата ситуација.
„Веќе неколку месеци трае неизвесноста околу продажбата на Фк Пелистер. Ние кои сме најзасегнати за ситуацијата, сите информации ги добиваме од медиумите, што не е во ред. Целокупната ситуација остава длабоки последици врз сите нас. Досега тренираме и играме како да е се во ред, но, верувајте, нашата ситуација секој изминат ден, станува се потешка и веќе станува неиздржлива. Ги замолуваме надлежните од Општина Битола, кои се задолжени за продажбата на клубот, утре (вторник 23.09.2014 г.), во 15:00 часот, да дојдат во просториите на клубот и од прва рака да не информираат за новонастанатата состојба.Сакаме да ни го прецизираат рокот до кога можиме да го очекуваме новиот сопственик. Исто така, да не инфомираат за активностите кои тие ги превземаат и ќе ги преземаат се до продажбата на клубот, за да може клубот нормално да функционира“, пишува во соопштението на фудбалерите и стручниот штаб на ФК Пелистер. Општина Битола сега е на потег…

Нема коментара:
Постави коментар