23. 8. 2014.

Канатларовски „гази„ нов пораз на Вождовац

НИШТО НОВО И ПО ТРЕТОТО КОЛО ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА ВО ФУДБАЛ
Како што беше минатата сезона Спартак од Суботица, сега хит во српската Јелен Супер лига е Нови Пазар, пак воден од Драган Канатларовски.
По три одиграни кола екипата на бившиот селектор е непоразена и со 7 освоена бода се наоѓа на самиот врв по некомплетното трето коло. Попладнево на стадионот во Нови Пазар пред 5000 гледачи, совладан беше Раднички 1923 од Крагујевац со 2:0. Хаџибулиќ во 51 и Џорџевиќ во 80 минута беа стрелци на головите за екипата на Канатларовски. Спротивно од него Вождовац, каде настапува Томе Китановски го претрпе и третиот пораз од исто толку натпревари. Овој пат на домашен терен во градското дерби со Рад, екипата на тренерот Милинковиќ е поразена со 1:6 (0:4). Томе Китановски играше по десната страна се до 69 минута, кога беше заменет со Станимировиќ. Вистинска звезда на средбата беше Јелиќ кој постигна 5 гола за гостите, а еднаш погоди и Перовиќ. Единствениот гол за Вождовац беше дело на Анџелковиќ. Во наредното 4 коло на 30 август, Нови Пазар му гостува на ОФК Београд, а Вождовац игра на теренот на Чукарички. 

Нема коментара:

Постави коментар