30. 8. 2014.

Алтипармаковски по втор пат го спасува шампионот

СО НОВИ ДВА ГОЛА, МАРЈАН АЛТИПАРМАКОВСКИ ГИ „ИЗВАДИ КОСТЕНИТЕ„ НА РАБОТНИЧКИ
Втор пат во сезоната битолчанецот Марјан Алтипармаковски е јунак на шампионот Работнички.Романтичарите“ одиграа одличен меч на националната арена „Филип втори“, на два пати анулираа негатива и на крајот сосема заслужено дојдоа до полн плен против екипата која резултатски игра доста „шарено“ оваа сезона.
Двата гола за Шкендија ги постигна Бојан Вручина кој стрелаше во 26 и 51 минута од натпреварот, додека за „романтичарите“ двоен стрелец беше младиот Дарко Велковски кој погоди во 33 и 61 минута со глава. Победничкиот гол за Работнички беше дело на Марјан Алтипармаковски кој во 68 минута одлично од 15 тина метри го матираше Јовановски.

Нема коментара:

Постави коментар