3. 7. 2014.

Ѓорѓи Мојсов, нов член на Ренова


ЧЕТВРТО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ПЕЛИСТЕР НА ДОМАШЕН ФУДБАЛЕР. КАВАДАРЧАНЕЦОТ МОЈСОВ ПРОДОЛЖУВА МЕЃУ „ГИПСАРИТЕ„
Искусниот 29 годишен фудбалер за врска Ѓорѓи Мојсов одлучи да ја прифати понудата на Ренова, за која ќе игра во наредниот шампионат. И покрај понудата за нов договор со Пелистер, кавадарчанецот се одлучи за нов предизвик и по Вардар, Хоризонт Турново Работнички и Пелистер ќе го носи дресот на „гипсарите„.
На денешниот утрински тренинг, Мојсов се поздрави со клубските другари од Пелистер и порача: „Одлучив да свртам нова страница, но Битола и Пелистер секогаш ќе бидат во моето срце. Два пати настапував во овој клуб и доколку и во иднина се отвори можност би дошол во Битола. Но понудата на Ренова беше понуда која не можев да ја одбијам и продолжувам понатаму во овој клуб„ заклучи Мојсов. Кавадарчанецот одигра преку 20 натпревари во средниот ред на пелистерци во сезоната 2013/14 и постигна 1 гол. Заедно со првиот период минат во Пелистер меѓу 2007 и 2009 година, Мојсов има преку 100 натпревари во зелениот дрес. По Драгарски, Љамчевски и Елмазовски, тој е четврт домашен фудбалер кој го напушти Пелистер, а заминаа и бугарите Воденичаров, Христов, Ковачев и Љубенов.

Нема коментара:

Постави коментар