11. 5. 2014.

Штипјани жилави, но Манасков ја носи младинската титула за Вардар

ВО ДОПАДЛИВО ФИНАЛЕ, ВАРДАР НА ПЕПИ МАНАСКОВ ЈА ОСВОИ МЛАДИНСКАТА ТИТУЛА ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА
Младинската екипа на Вардар е државен првак во ракомет откако во финалето на Final four турнирот, кој денес се одигра во спортската сала „Младост„ во Битола го совлада штипски Текстилец со 25:20 (12:11) .
Екипата на Пепи Манасков лошо почна и го бркаше резултатот се до 21 минута, а од тој момент не го испушти до самиот крај. Најефикасни во финалето беа Ангелов од Текстилец и Ончев од Вардар со по 7 гола. Во мечот за третото место Пелистер убедливо го совлада Металург со 27:13. За најдобар играч и стрелец на завршниот турнир прогласен е Мартин Поповски од Текстилец, а најдобар голман е Никола Кизиќ од Вардар. Во идеалниот тим покрај овие два јца ракометари се уште Дрогришки, Кузмановски и Николовски од Пелистер, Костовски од Вардар и Гроздановски од Металург.  

Нема коментара:

Постави коментар