29. 5. 2014.
26. 5. 2014.
22. 5. 2014.
19. 5. 2014.
Бугарските интернационалци го напуштија Пелистер
НА ИСТЕКОТ ОД ДОГОВОРОТ БУГАРСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ПЕЛИСТЕР ЈА НАПУШТИЈА МАКЕДОНСКАТА ЛИГА
По завршувањето
на фудбалската сезона бугарските интернационалци го напуштаат Пелистер со
емоции и многу позитивни искуства од овие 10 месеци минати во клубот од Битола.
Официјално се обратија Николај Христов и Мартин Ковачев со посебен поздрав до
навивачите.
18. 5. 2014.
Дебакл во вториот дел и на крајот шесто место за Пелистер
НАЈУБЕДЛИВ ПОРАЗ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПОСЛЕДНОТО 33 КОЛО
Прва фудбалска лига - 33 коло
Шкендија -
Пелистер 4:0 (0:0)
Фудбалерите на
Пелистер со највисокиот пораз во сезоната го завршија шампионатот на шестото
место, точно на средина од Првата лига. Немаше ниту теорија да се надеваат на
место во Европа, па на гостувањето кај Шкендија стручниот штаб изведе подмладен
тим, кој спроти себе имаше нотивиран состав, кој со победата од 4:0 се избори
за место во Лигата на Европа за наредната сезона, минувајќи го Вардар на
четвртото место.
Монпеље пресилен за Констанца во ЕХФ Куп полуфиналето
ПОРАЗ НА ЕКИПАТА НА ШУНДОВСКИ И АНГЕЛОВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЕХФ КУПОТ ВО БЕРЛИН
Поранешниот
селектор на македонската
ракометна репрезентација Звонко
Шундовски не успеа со неговиот клуб, романската Констанца, да се пласира
во финалето од ЕХФ Купот, откако на фајналфорот во Берлин, загуби од
францускиот Монпелје со 32:36.
17. 5. 2014.
Бронза за македонското куглање на мундијалот во Брно
БИТОЛСКИОТ КУГЛАР СО ВТОР МЕДАЛ ОД СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ДВЕ ГОДИНИ
Нов голем успех
на македонското куглање и медал од големите приредби. На светското првенство во
Брно, Чешка нашиот тандем микс Александар Соколовски и Мери Јанева го освои
третото место и со бронза се враќа од оваа голема приредба.
16. 5. 2014.
Новески доби нов тренер во Мајнц
ТРЕНЕР ОД ДАНСКА ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ МАЈНЦ НА НОВЕСКИ ВО ЕВРОПА ИДНАТА СЕЗОНА
Данскиот фудбалски стратег Каспер Хјулманд потпиша
тригодишен договор со германски Мајнц и ќе го наследи Томас Тухел. „Клубот
совршено одговори на мојата фудбалска философија и затоа одлуката да го
преземам кормилотo на Мајнц ја прифатив со срце“, изјави Хјулманд.
15. 5. 2014.
Металург преку Пелистер ги стави рацете на титулата
ВО ТРИ ДЕНА ДВЕ ПОБЕДИ НА ВЕРОЈАТНО НОВИОТ ШАМПИОН МЕТАЛУРГ ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР
Mеталург - Пелистер
35:23 (19:9)
Откако ги завршија двата меѓусебни дуела, Вардар и Металург
имаат само рутински задачи против остатокот од конкуренцијата во плејофот од
Супер лигата, но екипата од Автокоманда е онаа што се мотивира од титулата која
ѝ се насмевнува.
Повикан Маневски, заборавен Мирко Ивановски
НОВИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР ПОВИКА ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ ЗА ДВАТА ТЕСТА СО КАМЕРУН И КАТАР
Селекторот фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко
Ѓуровски го објави конечниот список на фудбалери за кои смета на контролните
натпревари против Камерун и Катар на 26. и 30. мај 2014 година во австриски
Куфштајн и Риети во Италија. Повикани се четворица битолчани,меѓу нив и
клучниот фудбалер во успесите на Работнички, Борче Маневски.Но изненадување
претставува неповикувањето на Мирко Ивановски од Астра Плоешти.
13. 5. 2014.
Блесок на битолските кик-боксерите на државниот шампионат
КИК БОКСЕРИТЕ НА САМУРАЈ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ
Овој викенд во
спортската сала во Ново Лисиче - Скопје се одржа државното Првенство зво кик-бокс за сениори во организација на
Кик Боксинг федерацијата на Македонија.На ова големо натпреварување учество
зедоа и кикбоксерите од Кик
Бокс клубот ,,САМУРАЈ“ од нашиот град.
12. 5. 2014.
11. 5. 2014.
Реми и збогување со Европа за пелистерци
ИАКО МЛАДИОТ
БИТОЛСКИ ТИМ ОДИГРА ПОКВАЛИТЕТНО ОД РИВАЛОТ, РЕМИТО НЕ ИМ ЗНАЧИ НИШТО ЗА
ЕВРОПСКИТЕ АМБИЦИИ
Пелистер -
Брегалница 1:1 (0:1)
Градски стадион
под Тумбе кафе. Гледачи: 500
Главен судија:
Александар Ставрев
Асистенти: Марјан
Кировски и Дејан Костадинов
(сите од Скопје)
Делегат: Ветон Кранлиевски
(Скопје)
Стрелец: Воденичаров
во 82 минута за Пелистер, а Наумов во 16 минута за Брегалница
Жолти картони: Христов
(Пелистер), Здравков (Брегалница)
Црвени картон: нема
Новески ќе добие нов тренер, Тухел го напушти Мајнц
МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО МАЈНЦ НАРЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ТРЕНЕР
Младиот германски
тренер Томас Тухел го напушти
тренерското место во Мајнц, само еден ден по завршувањето на сезоната во
Бундеслигата. Тој одлуката ја
објави на прес-конференција, објаснувајќи дека дефинитивна одлука донел во јануари.
Текстилец ги изненади пелистерци, штипјани во финалето со Вардар
СЕДМЕРЦИТЕ ГИ ОДЛУЧИЈА ДВЕТЕ ПОЛУФИНАЛИЊА НА МЛАСИНСКИОТ FINAL FOUR ВО БИТОЛА
Голема драматика
и двете полуфиналиња од завршницата од ракометниот шампионат на Македонија за
младинци беа решени со изведување на казнени удари. Најнапред претпладне
штипски Текстилец направи големо изненадување, победувајќи го домаќинот и
бранителот на титулата Пелистер со 25:24 по изведување на пенали, откако мечот
по 60 минути заврши 21:21.
10. 5. 2014.
Во последната секунда побегна победата на Пелистер
ПРВО РЕМИ ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Пролет - Пелистер
21:21 (9:7)
Во чуден
натпревар со многу специфичен развој на настаните, Пелистер се врати со бод од
гостувањето кај Пролет, а лесно можеше да ги донесе и сите три бода, но можеше
и да загуби. Момците на Игор Николовски многу лошо го започнаа мечот и скоро 10
минути беа без постигнат гол.
9. 5. 2014.
Наковска - Бикова осма на Светскиот Куп во Полска
НАЈПОЗНАТАТА БИТОЛСКА СПОРТИСТКА ВЛЕЗЕ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ И ГО ОСВОИ ОСМОТО МЕСТО ВО ЕВРОПА
Нов блесок на
најпознатата битолска спортистка. Македонската златната параолимпијка
Оливера Наковска Бикова во дисциплината
воздушен пиштол во квалификациите го оправда своето високо реноме и го освои
осмото место на Светскиот куп во стрелаштво за лица со инвалидност кое се
одржува во Шќеќин, Полска од 7 до 11 мај.
Сертификатот од Монт Еверест, стигна од Непал во Битола
ВОДИЧАТ НА ЕКСПЕДИЦИЈАТА „ЕВЕРЕСТ 89„ СО ПРЕКРАСЕН ГЕСТ КОН СЕМЕЈСТВОТО ИЛИЕВСКИ
Емотивно беше
навраќањето 25 години наназад на водачот на македонско-хималајската експедиција
„Еверест 89„ Јован Поповски, кој во Битола допатува специјално за јубилејот кој
ПСК Пелистер го прославува - четврт век од освојувањето на Монт Еверест на
Димитар Илиевски - Мурато.
8. 5. 2014.
Младинската титула се решава во Битола
ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД, НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ ЗА ТИТУЛАТА ЌЕ СЕ БОРАТ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„
Втора година по
ред Битола и спортската сала Младост ќе бидат домаќини на завршниот турнир, кој
ќе го даде шампионот на Македонија во ракомет во младинска категорија. В недела
на 11 мај со целодневна програма, Final four турнирот ќе го отворат Пелистер и штипски
Текстилец од 10:15, а веднаш потоа од
11:45 следува скопското дерби помеѓу Вардар и Металург.
7. 5. 2014.
Кедев: „Мурато е најдобриот македонски спортист„
ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ ОСВОЈУВАЧ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ НЕ ШТЕДЕШЕ ЗБОРОВИ ЗА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ОСВОЈУВАЧ
Салата на
битолскиот народен театар беше претесна да ги прими сите вљубеници на
алпинизмот, на планината и природата кои дојдоа да го поздрават јубилејот - 25
години од искачувањето на Монт Еверест на Димитар Илиевски - Мурато.
Четврт век од искачувањето на првиот македонец на Еверест
ПСК ПЕЛИСТЕР ГО ОДБЕЛЕЖУВА ЈУБИЛЕЈОТ 25 ГОДИНИ ОД ИСКАЧУВАЊЕТО НА МОНТ ЕВЕРЕСТ НА ЕДНА МАКЕДОНСКА ЕКСПЕДИЦИЈА
Битола и
Македонија не го заборавиот својот спортски великан, кој пред точно 25 години
влезе во историјата со најтешкиот подвиг во светот на алпинизмот - освојувањето
на највисокиот светски врв Монт Еверест. Имено на 10 мај се навршуваат 25
години од искачувањето на битолчанецот Димитар Илиевски - Мурато на „врвот на
светот„
Како пред 19 години јубилејното белградско дерби го одлучи еден македонец!
НА 6 МАЈ ПРЕД 19 ГОДИНИ, ЕДЕН МЛАД БИТОЛЧАНЕЦ СЕ ЗАПИША ВО ИСТОРИЈАТА НА НАЈГОЛЕМОТО ЈУ-ДЕРБИ
Српскиот гигант
Црвена звезда денешниот Ѓурѓовден го слави како свој празник, напоредно како
денот на основањето на бившиот европски првак. Причина за тоа е јубилејниот 100
дерби меч со лутиот ривал Партизан, кој се одигра на денешен ден пред 19
години, а го одлучи македонец. Имено Митко Стојковски тогаш носејќи ја
капитенската трака на Црвена звезда го одлучи најпознатото дерби во историјата
на југословенскиот, подоцна српскиот фудбал.
6. 5. 2014.
Пораз во режија на судијата Јакимовски
ЕВРОПА СЕ
ПОДАЛЕКУ НА БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ПО НЕДЕЛНИОТ ПОРАЗ ВО ТУРНОВО
Прва фудбалска лига - 31 - коло
Хоризонт Турново -
Пелистер 1:0 (0:0)
Фудбалерите на
Пелистер го претрпеа вториот последователен пораз во директните дуели за излез
во Европа и сега не зависат сами од себе за пласман на меѓународна сцена. Имено
на „Кукуш„ во Турново во изедначен натпревар, во кој битолчани имаа свои шанси
дури и за три бода, во самата завршница една повеќе од спорна одлука на
скопскиот судија Дејан Јакимовски го одлучи победникот.
1. 5. 2014.
Пораз по пораз кон Втората лига за пелистерци
ДВА ПОРАЗИ ВО ТРИ ДЕНА ЗА ДЕФИНИТИВНО ИСПАЃАЊЕ ОД ЛИГАТА НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Пелистер - Фени Индустри
55:78 (12:16, 16:23, 12:22, 15:17)
Кошаркарите на Пелистер
врзуваат дебакл по дебакл откако веќе е извесно дека нема да обезбедат опстанок
и наредната сезона ќе играат во Втората лига. Неколку дена по убедливиот пораз
од преку 50 разлика од екипата на Карпош Соколи, избраниците на Благој Печалов
загубија со 23 разлика од кавадаречки Фени Индустри.