НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДО ИСТЕКОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК НЕИЗСВЕСНОСТ ЗА ИДНИНАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Првиот рок за
одговор на јавниот повик на единствениот акционер на клубот Општина Битола
треба на 7 март да ни даде одговор, дали има заинтересирани потенцијални
купувачи или не?
Минаа неколку недели и покрај шпекулациите, неофицијалните информации се дека нема ниту една сериозна опција која побарала можност за купување на акциите и ако не се случи нешто радикално, работите нема да се помрднат од сегашната ситуација. Надежта е дека целиот случај нема да ја дестабилизира екипата, која веќе го подготвува „вечното дерби„ со Вардар за време на викендот. Поминаа низ кулоарите безброј шпекулации поврзани со домашни и интернационални заинтересирани страни, но до овој момент нема ништо сериозно. Дилемите ќе траат уште неколку дена, а в петок ќе биде обелоденето дали Пелистер ќе добие нов сопственик или ќе продолжи како што функционираше до сега.

Нема коментара:
Постави коментар