ВО СЕДМАТА МИНУТА ОД ВТОРИОТ ДЕЛ, МЕЧОТ НА ПЕЛАГИНИСКИТЕ РИВАЛИ ПРЕКИНАТ ЗАРАДИ НАПАД ВРЗ СУДИИТЕ
Натпреварот од првото
пролетно коло на Првата лига помеѓу директните конкуренти за влез во
Суперлигата, РК Битола и РК Прилеп не го доживеа својот крај.
Имено во 37 минута од средбата при водство на гостите од Прилеп од 3 гола разлика, физички беа нападнати струшките судии Никола Пауновски и Оливер Спироски. Тие веднаш го прекинаа мечот по мачните сцени во спортската сала Младост. Двајца ракометари на РК Битола се внесени во официјалниот протокол како иницијатори на инцидентот и веројатно ги чека „дебела„ казна. Скоро сигурно РК Прилеп ќе го добие мечот со службен резултат. Овој дуел беше дуел на две екипи со нескриени амбиции за враќање во најсилниот ранг на натпреварување.

Нема коментара:
Постави коментар