СО ДЕЦЕНИИ СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ ЕВОЛУИРАШЕ И СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ЗАМЕНА НА ИЗГЛЕДОТ
Иако ФК Пелистер е формиран 1945
година, според некои информации до кои дојде хроничарот и спортскиот новинар
Димче Миновски во Битола фудбал организирано се играло и во дваесеттите години
од минатиот век.
Поприште на сите големи мечеви во Битола бил стадионот под „Тумбе кафе„ кој со децении бил култно место на големи спортски, а понекогаш и музички и забавни манифестации.
Поприште на сите големи мечеви во Битола бил стадионот под „Тумбе кафе„ кој со децении бил култно место на големи спортски, а понекогаш и музички и забавни манифестации.
Изгледот на стадионот по неговата изградба
изгледа импресионирачки. Структурата на стадионот е за 8000 гледачи, иако
повозрасните љубители пред се на фудбалот, паметат и полн стадион со стоечки
места, со навивачки простор дури и зад головите и на аглите од објектот. Во 70
и 80 години трибините скоро секогаш биле полни, а во доцните осумдесетти и
раните деведесетти се рушеа рекорди по бројот на гледачи во мечевите во југословенската
втора и прва лига, како и мечевите од Купот на Југославија.
Култот беше
продолжен со првите шампионати на самостојна Македонија, а со влезот во новиот милениум,
на стадионот под „Тумбе кафе„ беа поставени столчиња, по стандардите на УЕФА.
Денес голем дел од тие столчиња на големата трибина се искршени и потребна е
комплетна санација или нов комплет. Дерби мечевите со Вардар, првенствените
мечеви со Црвена Звезда и Партизан и Куп мечевите со Хајдук, Сараево и Рад се
мечевите кои кандидираат за најпосетуваните на стадионот.
Денес се поблиску сме
некогашниот стадион кого го опкружуваа високите тополи, да го замениме со нов
објект за кого веќе има проект и серија на нагаѓања како ќе излезе. Љубителите
на спортот во Битола знаат дека ова е вистинската година за нов почеток на
новиот дом на ФК Пелистер. Преку серија на иницијативи навивачите,
симпатизерите и пред се битолчани се обидуваат да го најдат вистинскиот модел и
да го олеснат изборот на професионалците. Но едно е сигурно - кога Битола ќе
добие нов стадион, тоа ќе биде ден за големо славје за нашиот град.
Нема коментара:
Постави коментар