ПОРАЗ ОД ЦСКА СОФИЈА НА ПОСЛЕДНИОТ ТЕСТ, НО НАЈАВИ ЗА ИЗЛЕЗ ВО ЕВРОПА ЗА СПИРОВСКИ И БЕРОЕ
Во генералната
проба за стартот на вториот дел од бугарското првенство, Берое го претрпе првиот
пораз во предсезоната. Тимот на нашиот Стефан Спировски, иако целосно го
надигра тимот на ЦСКА од Софија, загуби на домашен терен во Стара Загора со
1:0. Единствениот гол во постигна Мартин Петров во 17 минута. Спировски пак
беше меѓу најдобрите и настапи се до 54 минута, кога беше заменет со Николај
Чипев. По мечот за официјалната веб страна на Берое, Спировски рече:
„Веќе еден месец сум тука и моите впечатоци се одлични. Добро сум прифатен од соиграчите и од меч во меч мојата форма е се подобра. Најважно е да се спремиме физички, а подоцна со натпреварите ќе дојде и се друго. Добро минавме во Турција, одигравме три натпревари и тоа што тренерот го бараше од нас, ние го исполнивме. Мислам дека тренерот Хубчев е добар, малку по малку се запознаваме и мислам дека со текот на времето ќе се запознаеме уште подобро. Најважни ни се првите три средби од пролетниот дел. Со Берое очекувам ако не оваа тогаш следната сезона да се пласираме на првите четири места кои водат во Европа„ оптимист беше потенцијалниот репрезентативец.

Нема коментара:
Постави коментар