17. 2. 2014.

„Баделки„ многу подобри од битолчанки

ПОРАЗ ОД 46 РАЗЛИКА ЗА КОШАРКАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО
Бадел 1862 - Пелистер 88:42

Во меч од првото пролетно коло, вкупно осмо на женската супер лига во кошарка, главниот фаворит и бранителот на титулата Бадел 1862 на убедлив начин ја продолжи одбраната на титулата. Против младата екипа на Пелистер „баделки„ немаа ни мал проблем и победата од +46 јасно покажува како се движеше текот на средбата.
Во победничката екипа најефикасни беа Давиткова и Темелковска. Тимот на Бадел 1862 продолжува со максимален ефект, а Пелистер остава закован на дното со само една победа. Во наредното коло девојките од Битола се слободни и наредниот меч го играат дури на почетокот на месец март. 

Нема коментара:

Постави коментар