ПО НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ПАУЗА, МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОДГОТВЕН ЗА КОНТРОЛНИТЕ МЕЧЕВИ
На
самиот почеток на подготовките на Пелистер, столбот на одбраната Христијан
Драгарски незгодно се повреди и мораше да одсуствува во 4-5 контролни
натпревари. Во меѓувреме тренираше одделно од групата и стручниот штаб не
ризикуваше со неговото враќање. За време на првиот дел од шампионатот,
пелистерци често остануваа и без Драгарски и без Ковачев, па во недостаток на
алтернативи и Брдаровски и Китановски беа користени во централниот дел на
одбраната.
Сега од шест месечната одстапка од Миравци се врати Тони Магловски и се наметнува во досегашниот припремен период. Драгарски треба да одигра едно полувреме на мечот со Борац Чачак в недела. Слично се развива и рекуперацијата на Благојче Главевски. Физички е спремен, но му недостигаат натпревари и Бочевски и неговите помошници не сакаа по секоја цена и на лоши терени да го вратат голгетерот. По 15 минути против Шкупи се очекува утре Главевски да добие поголема минутажа. Во овој момент Воденичаров, Милевски, Марковски и Главевски со подеднакви шанси влегуваат во битката за стартер во нападот, а според системот на игра мала е веројатноста дека Бочевски ќе го менува тактичкиот мозаик и ќе настапи со двајца од споменатите напаѓачи.

Нема коментара:
Постави коментар