СООПШТЕНИЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР
Наместо да се коментира амбиентот за паметење, посетата од 8000 луѓе, прекрасниит спортски ден во најфудбалскиот град во нашата земја, головите и финалниот скор, ден по „вечното дерби„ главна тема се пак судиските одлуки, кои пак (не)случајно одат на штета на Пелистер, како и во 2-3 други прилики оваа сезона и кој знае колку пати во последните неколку години.
Кому му смета амбициозноста на Пелистер, новиот проект заради кој добиваме комплименти од сите страни, постигнатите резултати? Видео и фото материјалот јасно покажува дека судиската четворка, во главна улога првиот асистент на Александар Ставрев неговиот сограѓанин Марјан Кировски, (не)намерно погреши регистрирајќи офсајд од стрелецот Христијан Драгарски, иако јасно сега гледа дека не со сантиметри туку со метри, дефанзивецот на Пелистер е оставен во регуларна позиција од неколку играчи во црвено-црни дресови. Кога говориме за насиство на фудбалските терени, треба да потенцираме дека вака неизбалансирани одлуки и тоа во серија и секогаш против Пелистер, индиректно поттикнуваат незадоволство, протести, па во вакви мечеви и насилство. Како и одлуката на Ставрев најнапред да му покаже црвен, па жолт картон на фудбалерот на Вардар Деспотовски, иако неговата конфузија самиот ја поправи, кој да им објасни на 8000 луѓе кои видоа поинаку?
А првиот асистент Кировски има дебело досие од одлуки кои одат на штета на Пелистер, и тоа со видео докази за спорните моменти. Неговите намери беа јасни кога го подигна знаменцето без да сочека да констатира кој фудбалер на Пелистер ќе стигне до топката, дали тој кој е во регуларна позиција или не. Заради последиците од судиските грешки, како и секогаш Пелистер скапо ја плаќа цената, но порачува: Како и во сите спортски структури, така и луѓето кои се задолжени да ја делат правдата се добредојдени во најфудбалскиот град, само доколку чесно и професионално ја вршат својата обврска. Во спротивно тие и оние кои ги делегираат директно треба да одговараат што некои професионалци во Битола нема да бидат добредојдени и често големиот битолски аудиториум ќе ги исвиркува, навредува и слично. ФК Пелистер како што секогаш му доликува спортски го дочека нашиот голем фудбалски ривал, му честита на победата и таква практика секогаш ќе биде под Тумбе кафе, додека клубот го води овој борд на директори. Но за знаците на незадоволство и не дај боже насилство, понекаш нека одговараат и оние кои тоа го поттикнуваат.

Нема коментара:
Постави коментар