23. 6. 2013.

МК Мотостарс организираше перфектен шампионат во мотокрос

НА ПАТЕКАТА КРАЈ СМОЛЕВО СЕ ОДРЖА ОТВОРЕНИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО МОТОКРОС
Во организација на мотоциклистичката федерација на Македонија, МК Мотостартс од Битола и генералниот спонзор „Цермат„ минатиот викенд на патеката во Смолево се одржа државниот шампионат на Македонија во мото-крос, кој се бодува за титулата првак на Македонија.
Покрај најдобрите мотокрос возачи од Македонија (со исклучок на Христијан Илиевски) на мотокротосот учествуваа и гости од Албанија, Србија, Црна Гора и Грција. Патеката благодарение на работата на волонтерите од „Цермат„ изгледаше беспрекорно и спремно дури и за натпревари од источноевропскиот шампионат. Еве ги победниците по категории:

МХ 65
Антониос Сагламис (Грција)
Лука Ристевски (МК Мотостарс - Битола)
Миодраг Станојевиќ (Србија)

МХ 85
Виктор Ивановиќ (Црна Гора)
Андријан Ристевски (МК Мотостарс - Битола)
Христијан Станковиќ (МК Мотостарс - Битола)

МХ 1
Гоце Томовски (МК Гого - Скопје)
Петрит Герги (Албанија)
Серди Ѓатоли (Албанија)

МХ 2
Никола Гулевски (МК ЛТД Спортс)
Михаел Бајовски (ЛТД Спортс)
Младен Станојевиќ (Србија)

МХ 3
Мирче Ќорнаков (МК ЛТД Спортс)
Борче Костов (МК ЛТД Спортс)
Акис Теодорос (Грција)

Нема коментара:

Постави коментар