ИСКУСНИОТ
БИТОЛСКИ ТРЕНЕР ДОБИ НОВ АНГАЖМАН ВО КЛУБОТ КОЈ Е ДИРЕКТЕН КОНКУРЕНТ НА
ПЕЛИСТЕР ВО БОРБА ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА
Раководството на десетто пласираната екипа на табелата Дрита успеа да доведе нов
стратег на кормилото на екипата, тоа ќе биде Неџат Хусеин, кој ќе го наследи
разрешениот Ане Андовски. Популарниот Џате ќе го води составот од Боговиње до
крајот на сезоната, со мисија да се сочува прволигашкиот статус на овој тим.
Дрита лошо го стартуваше пролетниот дел од првенството и во изминатите три кола освои само еден бод, по ремито на домашен терен со Пелистер (1:1). Претходно, фудбалерите на Дрита загубија со убедливи 4:0 на гостувањето во Кратово против Силекс, а во последното коло загубија од Шкендија со 2:1. Хусеин веќе од денеска го превзема раководењето со екипата и ќе има десетина денови за да го подготви тимот за следното искушение, дуелот со Металург на домашен терен.

Нема коментара:
Постави коментар