25. 2. 2013.

Марковски во серија, реми со Напредок во Струга

По тешкиот терен во Струга, Пелистер и Напредок одиграа 1:1 на една недела до пролетниот старт
Пелистер - Напредок 1:1 (0:0)

Стадион во Струга. Гледачи: 100
Стрелци: Марковски во 65 минута за Пелистер, а Вељаноски во 50 минута за Пелистер

Пелистер:

Коруновски, Китановски, Лескароски, Драгарски, Лазаревски, С.Магловски, Мегленски, Елмазовски, А.Вељановски, Кекец, Христов
Уште играа: Петровски, Миленковски, Рутевски

Напредок:

Пашоски, Најдоски, Балажи, Вељаноски, Ристески, Маркоски,Костенцоски, Вренцоски, Василев, Цветаноски, Димоски.

Солидна игра на двата тима. Прав првенствен натпревар и одлична генералка пред почетокoт на првенството на лошиот терен за игра во Струга. Стрелец на голот за Пелистер во второто полувреме беше Марковски по асистенција на Ристевски. По трите победи и исто толку порази, екипата на Напредок на прошталниот зимски тест одигра 1:1 со екипата на Пелистер. Ова беше првото реми на Напредок во овој подготвителен циклус. Некомплетниот Напредок без Симјаноски и Петрески, одигра борбен натпревар, кој можеше на крајот да го реши во своја корист, бидејќи прв дојде во водство со 1:0 со голот на Вељаноски а на петнаесетина минути пред крајот пелистерци изедначија на 1:1.Инаку овој натпревар се одигра на стадионот на Караорман во Струга а мечот започна со закаснување од речиси два часа, бидејќи екипата на Пелистер имаше дефект на автобусот, со кој се превезе до Струга. „Последниот контролен натпревар оваа зима, беше воедно и генерална проба пред стартот на пролетната полуетапа.За разлика од претходните неколку контроли, денес одигравме борбено и доста ангажирано.Мечот не обилуваше со многу прилики за гол,но сепак според развојот на настаните на теренот, можевме на крајот да излеземе и како победници.Како и на претходните неколку меча и на овој настапивме некомплетни, без двајца стандардни играчи од најдобриот состав„ рече Илија Божиноски,претседателот на Напредок.

Нема коментара:

Постави коментар