Powered By Blogger

23. 9. 2014.

Фудбалерите на Пелистер задоволни од средбата во општината: Одлука во најкраток можен рок


НАЈАВЕНАТА СРЕДБА НА ФУДБАЛЕРИТЕ СО ПРЕТСАВНИЦИ НА ОПШТИНАТА ДОНЕСЕ ОПТИМИСТИЧКИ ЧЕКОР
По вчерашното соопштение во кое фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер денес бараа средба со претставници на општината, денес до најавената средба дојде, но не на стадионот под Тумбе кафе пред попладневниот тренинг, туку во канцелариите на општината.
Тричлената делегација составена од фудбалери на чело со капитенот Горан Пашовски добија гаранции дека нема потреба од нови аларми или привремени управи, бидејќи расплетот околу продажбата на клубот е при самиот крај. Најдоцна за една недела ќе биде избрана најповолната понуда од пристигнатите две и со верификација на наредната седница на совет на 30 септември ќе биде назначен новиот сопственик. Исто така играчите добиле ветување дека наскоро ќе добијат редовна плата и дека општината нема да ги остави фудбалерите. Во меѓувреме уште два меча против Работнички и Брегалница, Пелистер ќе биде без раководните луѓе, кои подоцна би требало да ги доведат работите во ред во битолскиот прволигаш.

Нема коментара:

Постави коментар