Powered By Blogger

22. 9. 2014.

Иднината на ФК Пелистер во рацете на градоначалникот


ЕКИПАТА ИГРА ОДЛИЧНО, А КЛУБОТ СЕ БЛИЖИ ДО РАЗВРСКА ОКОЛУ САГАТА ЗА ПРОДАЖБА
На вонредна седница на советот на општина Битола вчера беше изгласано овластување градоначалникот на општина Битола да ја избере најповолната понуда и да го продаде клубот. Одолговлекувањето трае од почетокот на јуни, а веројатно полека се гледа крајот. Официјални понуди за купување на клубот доставиле компанијата Цермат и битолските компании ЗИК Пелагонија и Пелистерка.
Во претходните недели се шпекулираше која понуда е подобра и која има поизгледна иднина. Сега во најкраток временски период се очекува комисијата на спорт и градоначалникот Владимир Талески да го кажат дефинитивниот суд. Со опозицијата како воздржана првата точка веднаш беше ставена на гласање и овластувањето на градоначалникот беше изгласано. Наредната седница на 30 септември веројатно ќе ја донесе одлуката за тоа кој ќе го купи ФК Пелистер.

Ремито со Шкендија задоволува, следува Работнички

Во шаховски дуел на Секуловски и Кознику, Пелистер и Шкендија играа без голови а ремито по мечот ги задоволи двајцата тренери. Пелистер врза 11 бода од последните 5 меча и остана на делба на второто место на табелата. Но маратонот на мечеви продолжува и веќе в среда под Тумбе кафе доаѓа Работнички во првиот меч од осминафиналето на Купот. Тренерот Секуловски на располагање ќе го има скоро целиот ростер со исклучок на Марковски. Се очекува првите минути во зелениот дрес оваа сезона да ги одигра Ганчев, а неизвесно е колку ќе го ротира тимот стручниот штаб на пелистерци. Без разлика што во првенствениот меч од 5 коло, Пелистер го совлада Работнички со 1:0, во последните два Куп двомечи дебармаалци го елиминираа Пелистер, вклучувајќи и минатата година во четвртфиналето со вкупни 2:1. Возвратниот меч е на националната арена „Филип втори„

Нема коментара:

Постави коментар