Powered By Blogger

21. 9. 2014.

Берое и Спировски го освоија и Пловдив

ВО БУГАРСКИОТ ФУДБАЛ ПРОДОЛЖУВААТ ПОБЕДИТЕ НА БЕРОЕ И ПОРАЗИТЕ НА СЛАВИЈА
Продолжува позитивната серија на Берое во бугарската прва лига. Екипата на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски славеше на гостувањето кај Локомотив во Пловдив со 0:3 со головите на Костадинов, Керхар и Христов.
Спировски влезе во игра во 84 минута на местото на Џоман. Берое со овој триумф е на второто место на табелата со 18 бода по 9 одиграни натпревари. Само ЦСКА со 20 бода е пред зелените од Стара Загора. Во наредното коло в недела на 28 септември Берое ја дочекува екипата на ЦСКА. Славија на Кире Ристевски продолжува во голема криза и по смената на тренерот. Загуби на домашен терен од Черно Море со 1:3. Битолчанецот ги одигра сите 90 минути за домаќините, за кои погоди Платини, а головите за Черно Море ги постигнаа Петков, Коконов и Рајков. В недела Славија го дочекува Хасково во мечот на двете последно пласирани екипи на табелата.

Нема коментара:

Постави коментар